Здраво девојки, нова сум на форумов па би сакала да ми препорачате бенд за свадба за во 2026та и која им е цената.. Сакаме повеќе забавна музика, од народно би имало само неколку ора. Фала ви однапред!
https://www.facebook.com/share/16LSEvwFaf/ Амајлија бенд - 078319021 (Кристијан) Повели, околу 1200 евра, ќе се договорите за дати. Поздрав и убава веселба
Се мислиме помеѓу Арија и Артист. Арија ни изгледаат онака покултурно не видовме да пеат народна музика а Артист баш весело и енергично пеат секаков вид на музика. Дали може мислење ако сте биле на свадба или ви пееле на свадба, каква атмосфера прават и за кои би се одлучиле?
Кај нас на свадба беа Арија и презадоволни сме и ние и гостите, сите ни го пофалија бендот. Се имавме договорено народниот дел да трае 1 час, да се истераат оние стандардни свадбарски песни и после тоа да се префрлат на забавен дел. Имавме неколку песни што сакавме да ни ги испеат и се беше испоштувано од нивна страна. Како што се имавме договорено така беше. 10тина дена пред свадба ми се јави Филип Пешевски, седнавме на кафе и детално се договоривме околу репертоарот и како ќе тече свадбата. Атмосферата беше топ, сите играа и немам ниту една замерка.
Девојки дали вие што сте договарале музика за свадба некој бенд ви дал список со песни (народни и/или забавни) за да си изберете?
Здраво на сите, планот ни е на свадба да имаме само забавно. Дали некој има искуство со The Ringtones? Може да ми препорачате и други слични бендови. Фала многу ☺️
Да, нас Сигма бенд ни го пратија цел репертоар, па се договоривме што да се додаде, а што да не се свири
Немавме список. Се договоривме да свират по нивна желба. На денот на прославата (не правевме свадба) им кажавме кои 3 песни да не ги свират. Криво ми е што некои песни не ги додадов.
Јас искрено ненам идеја кои песни би ги свиреле додека не ги слушнам, а знам дека ќе ми биде криво после ако некои не ни ги свират. Има шанса некако да ми ги испратиш да добијам идеја што да барам од нашиов бенд а што да прескокнат?
Не го чувам :/ најубаво отидете на свадба кај што свири бендот па ќе имате осет што ви фали. А сигурно имате 4-5 омилени песни за кои ќе им напоменете, а остатокот подобро е да ги насочите - на пример повеќе мк забавно, турбофолк не - па они ќе си го склопат репертоарот, сепак се сите професионалци
Девојки, ве молам за помош, со вереникот сме на мисла кого да го одбереме, дали Сигма бенд или Тајфата. И двата бенда премногу ни се допаѓаат и незнаеме што да правиме..