Да надополнам и за бендот Панта Реи, читав многу позитивни коментари за нив ама ми треба ново инфо како се сега, тоа беа по стари коментари..ако ги имал некој во скоро на негова свадба или на туѓа свадба да ги слушал пишувајте
И двата бенда се супер за свадба. Тајфата имаат и женски вокал и добри се и за забавниот дел од свадбата ако не сакате да имате DJ или некој бенд за забавна музика. Сигма бенд не сум ги слушнала дали и како свират забавно ама на Youtube има видеа и од двата бенда, можеш да ги слушнеш и да видиш кој ќе ти се допадне.
Првпат слушам за Панта Реи бенд. Но како што пишав, најдобро е да седнете и да ги ислушате на Youtube и да си одлучите дали ви се допаѓа нивниот стил. Јас овде се изначитав коментари и добри и лоши за бендови кои ми беа во игра, на крајот ги ислушавме сите и си одлучивме кои ни се допаѓаат и кои ќе ги исконтактираме. Е сега овде списокот со опции многу ќе ви се скрати бидејќи сите бендови се кнап со термини и сите се зафатени, особено ако барате за брзо или ако е свадбата е во сабота.
Ние присуствуваме на 2 свадби каде што свиреа Сигма бенд, толку млади,енергични немам видено нигде, атмосферата ја држеа од самиот почеток до самиот крај, затоа јас уште од сега за догодина си дадов капар, барем знам дека со музиката ќе бидам презадоволна.