Точно за тие зборувам, Амајлија од Пробиштип. И јас немав слушнато, ни другарката, додека лично не и го направија тоа на неа. Јас после вакво нешто никогаш не би се осмелила да ги викнам на прослава кај мене, колку и да се добри.
Јас така да ми направат ќе пишам со букви фонт 54 на нивната официјална страна, а не на форум со загарантирана анонимност. Штом почнува со не е антиреклама твојот пост значи Е. Секое добро
Извини ама мене секој трет пост на форумов не ми е коментар во темата "Музика за свадба", кадешто оставам телефонски број од еден ист бенд (во твојот случај Амајлија бенд), со цена и детали за ангажирање на истиот, ЗА РАЗЛИКА ОД ТЕБЕ. А нема да бидам безобразна да ти ги цитирам сите мислења во темава, едно по едно кајшто имаш пишано за нив. Членовите на форумот слободно може да отворат и да го рагледаат и мојот и твојот профил и да ги прочитаат сите мои и твои оставени мислења по теми и сами ќе заклучат која од нас двете овде пишува заради реклама или анти реклама. Ако се вратиш наназад во темава ќе видиш дека дури и јас самата сум прашувала за музика со цел да изберам бенд за МОЈАТА свадба. Ако рекламирав некој бенд или ако имав дојдено заради анти реклама сигурно немаше тоа да го правам.
Здраво девојки,некој скоро да е бил на свадба на Плеј Бемд со Филип Божиновски. Читав и постари коментари,некако ептен ми прави кеф дека не свират турбо фолк. Ве молам искуства
Плеј Бенд и Филип Божиновски свиреа на нашата свадба. Нас ни беше страв како ќе го отсвират делот со народно бидејќи на интернет повеќе има снимки од забавниот дел. Ама одлични беа, Филип има многу убав глас а и бендот нема што не извади од народен иснтрумент за време на свадбата. И буквално немаше еден гостин што не ги испофали, после ни бараа и контакт. Инаку со Филип договараш се, каков тип на музика сакаш да свират, до колку часот наодно/забавно и се останато. Немам апсолутно никаков негативен коментар. Преубава атмосфера направија.
Dali moze da mi kazete dali imate iskustvo so bendot Sonata i Kate. Ako ste bile na svadba kaj shto bile oni dali vi se svigjale?
Прочитав тука на две три места, но ме интересира искуство со Сигма бенд со оглед на тоа дека се понов бенд како сте задоволни.
Дали можеби некоја од вас има список со песни од некој бенд за свадба? Имам уште време до мојата, но би сакала да разгледам за да дополнам/отфрлам некои песни. Ви благодарам
Пишав и погоре, ние имаме присуствувано на 2 свадби каде што свиреа они и плус во еден скопски ресторан, не купија со енергијата и колку се посветени на тоа што го работат, за репертоарот се флексибилни се договарате со нив што сакате што не.