Здраво , се мислиме помеѓу Сигма бенд , харизма и нуне . Ве молам споделете ваши искуства . Пс . Сакаме 2-3 саати да се тера оро традиционални ама весели песни и после забавно ex-yu
Не сум била на свадба кајшто свиреле Сигма. Нуне мислам од овие опции се најдобри, ама и најскапи. Имаат топ машки и женски вокал и го пејат и народниот и забавниот дел и знаат да направат предобра атмосфера. Харизма исто имаат и машки и женски вокал ама не знаат толку да направат атмосфера. И тоа што не ми се допадна кај нив е што кога заврши народниот дел, забавниот го пуштија на плејбек и сите си седнаа на маса, до крајот не станаа буквално. Не знам дали ова го кажуваат при договарање, ама ако е така и јас ќе си симнам песни ќе направам плејлиста и ќе си ја пуштам. Инаку и вокалите не ми делуваа баш дека добро би пееле забавна музика.
Здраво, може ли некој ако во скоро време има контактирано некој групи да напише цени. А конкретно ме интересира за Fantasy bend дали некој бил на свадба да сподели некое искуство.
Дали некој бил или им свирел на свадба Happy end band? Се мислиме помеѓу нив, идеал бенд и арија бенд. Ве молам, ептен ми значи информацијава..
Здраво, Предлог бенд за на свадба со повеќе забавна музика, на почеток само почовина час ора? Со попристапна цена до кај 1.300 еур.
Здраво. Дали некоја случајно знае колку наплаќа Бока Конга за на свадба да дојде за забавниот дел? Колку време свири итн. Фалаа .
И мене ова ме интересира. Инаку како што гледам во Кавадарци да правиш свадба не плаќаш музика, народот лепешки удира на свадбата и музиката фино лепо си собира 4/5000еур.
Од близок дознав дека негов колега прашувал. 1000 евра за 1 час и 10 минути. Ако си од Скопје, надвор од Скопје и патни трошоци. Мислам дека е премногу, да ептен е добар, ама што знам...
Сум била на свадба и на мекици кај што пеел Филип со бендот, искрено добри се дечките. Прават убава забава. Ама и гостите си влијаат. А хепи енд сум гледала кај нив на стори на инстаграм убаво ми изгледало. Инаку препорака за група Круна, врв се!