Мене многу ми ги фалеа група Џубокс,свиреле се,од народно до забавно и одлична журка правеле,ке одиме и да ги слушнеме..дали некоја од вас има искуство ?
Кај нас на свадба свиреа Слатка тајна. Дечките се одлични. Направија прекрасна атмосфера. Сите гости што беа на свадбата се задоволни од нив. И ние исто.
да да многу се зафатени,ама стварно се одлични,на нашата свадба и крштевка Алтернатор ни свиреа и направија БУМ атмосвера,ова беше 2008 год.ама пејач тогаш му беше Јошката и човекот прави супер атмосвера,незнам каков му е сега новиот пејач,е ме интересира bile1986 да ми кажиш,нормално ако не е тајна колку пари сега земаат за свадби? нели рече не се екстремно скапи оти ние во 2008 год ги плативме $600 ама се исплати секое едно денарче
Здраво, Ние се спремаме за свадба и имаме мала дилема околу забавниот дел бидејќи не сакаме турбо-фолк, ниту современи македонски, а уште помалу српски поп хитови, туку да се сведе на добра македонска и странска rock'n'roll забава. Имате некој предлог или убаво искуство со некој изведувач или група која направила ваква атмосфера во забавниот дел на некоја свадба?
па едни малце попознати но поскапи групи ... Феникс-Штип, Итервали-Струмица и мене лично ми се допаднаа на страра нова во романтик велес беа Соната-Велес ... свират за повеќе пари ама свират се што ќе сакаш
Јас ти ги препорачувам Мама Бенд. Тие свират претежно македонска забавна и странска музика. За цената не сум сигурна колку им е. Пред 8 години им беше 400 евра.
Devojki , vo septemvri pravam svadba pa sreduvav nekoi obvrski megu koi i muzikata. Vo toa ime gi iskontaktirav arija,bravo bend, drim tim,mile kuzmanovski no ne se slobodni pa ve molam za novi predlozi... brojcinja...iskustva...
Нас ни свиреа Соната од Велес дечките супер си ја завршија работата ни го свиреа истото што го сакаш и ти, значи народни македонски(не нови), никако турбо фолк (и они самите не се љубители) и rock and roll ко што би рекла ти
Ние ги закажавме премиер бенд од скопје за во септември, молика на турнеја во австралија, соната зафатени, едвај ги добивме овие па ме интересира некоја ако била на свадба каде што свиреле нека ми каже дали прават добра атмосфера? Вереникот и сите други велат дека многу добро свиреле а мене музиката ми е најбитна па се надевам дека се добри
Не сум била на свадба каде што свират Премиер Бенд, ама имам слушано само пофални зборови. Има многу задоволни од нив.
Здраво Марвас, И ние сакаме да направиме забава со rock'n'roll muzika, такашто ако најдеш некои добри изведувачи те молам сподели на темава или во приватна порака. Ти благодарам.
Неколку идеи од мене: Day Off; Blue Funky Individuals; D.N.O; R'N'C и сл. Кај нас свиреа Eye Cue, супер атмосфера, журка. Пред две години случајно ги слушнав во Пивница, им земав бројче. Помини по клубови каде што свират рок, од типот на Џубокс, Касто, МКЦ... Се надевам сеуште работат овие места, одамна не сум била
Девојки, ми треба помош.Свадба ќе правиме во септември, па сакаме првиот дел до кај 22.30 да е народен,а вториот забавен.Би сакале да имаме две групи.Дали имате идеа и за првиот и за вториот дел.Секако во предвид би имала две групи со по нормални цени за 2-3 часа, па се на се да ми дојде ко да плаќам една
леле вчера се јавивме на едно 10 групи се живо е зафатено за септември.Ни ги препорачаа Група Нота.Има ли некој некакво мислење за нив???Гледам народново го влдеат како стојат со забавниот дел?
Нота се супер. Свиреа на една свадба каде што бев старосватица и навистина добро свират. Свиреа и забавно. На свадбата свиреа песни од нивниот репертоар. Ама ако сакаш можеш да се договориш со нив за песните. Нема да погрешиш ако ги одбереш.
Нота се супер. Свиреа на една свадба каде што бев старосватица и навистина добро свират. Свиреа и забавно. На свадбата свиреа песни од нивниот репертоар. Ама ако сакаш можеш да се договориш со нив за песните. Нема да погрешиш ако ги одбереш.[/quo Леле фала многу!
Нема на што. Повели и друг пат. Што се однесува до забавниот дел, јас сум презадоволна. Имаа одличен избор на забавни песни.
Пред околу две години бев на свадба каде свиреа Три шешири и Даниела, не знам дали уште пее со нив Даниела. Многу добра забава направија, беше свадба на која немаше некој што не стана.