Музика за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од flowergarden, 27 февруари 2011.

  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    За првпат ги чув старо име Зијан е на групата, сега Панта Реј, леле мајко која атмосфера беше, не можев јас ко фотограф си мрдав и играв. Феномненални се, знаат кога треба да ја смират атмосфератаа, а кога да ја вжештат, имаа прекрасен избор на песни, не само мкд, туку италијански, ирски, шпански, немам зборови..
     
    На BunnyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51

    Дефинитивно ги препорачувам Зијан (Паната Реј ново име),неверојатни се кај нас на свадбата направија невидена забава,беше неверојатна вечер,не само лично за нас,но немаше некој од гостите да не кажа пофални зборови за музиката.Дечките свират се и сешто,што ви се сака од музика и стил свират,а што е најважно како што кажа Љубам знаат како да ја вжештат атмосверата.Ние кога се договаравме што да свират само им кажавме какви стилови на музика сакаме,а изборот на песните ги оставаме тие да одлучат,и навистина немаше грешка,феноменално беше,свадбата заврши а уште гостите бараа музика и играње... :dance: ...навистина незаборавен ден :inlove:
     
  3. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Нас ќе ни свират Арија :)
    Искрено никогаш не сум мислела на тоа кој бенд свири кога сум идела по свадби и ги одбревме онака рандом, по препорака...се надевам дека ќе направат супер журка..
    Мислам дека по невеста не одат они, туку си праќаат друга група иако е тоа вклучено во цената...
    Да не сум грешка?
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.468
    Допаѓања:
    37.703
    Пол:
    Женски
    На една свадба кај што бев свиреа Арија. Имав слушнато многу пофални зборови за нив, ама кога ги слушнав во живо се разочарав. Не се толку добри како што ги фалат. Инаку, не одат по невеста.
     
  5. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Незнам...и јас откако ги договоривме слушнав различни мислења...ќе видиме...можеби е и до репертоарот за секоја свадба... Инаку, вереникот мој им направи цел список - ја викаме црната листа - песни што несакаме да ги свират :) и многу песни кои задолжително сакаме да ги свират...па ќе видиме како ќе испадне...
    Иначе сега ми текна, зошто не одат тие по невеста, ќе биде најдобро црната листа да им ја дадеме и на тие што ќе одат, да не ме потрефат од старт :)
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.175
    Допаѓања:
    107.275
    Пол:
    Женски
    Ах се разочарав сега, Зијановци смениле име :( Ајде ова им е трето, трета среќа може, ама па како Зијан сите ги знаевме, ретко кој знае дека долго време беа и Трета смена, во таа постава свиреше и татко ми. Љубам не знаеш колку ми е мака што не се сетив на нив, додуша ние решивме дека ќе ни свири братучед ми одамна и ни се преефтини, ама па ептен голем мерак би ми бил да ни свиреа Зијановци. А за журка, не да знаат да направат, феноменални се, јас ги имам слушано многу пати, што на бина :lol: што во први редови, како мала често знаев да си седнам на некој звучник додека свиреа :D Прават феноменални преработки на стари македонски песни.
     
    На Sa5m му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anetass

    anetass Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    35

    Девојки, ме заинтерсира бендов Зијан. Дали имате контакт од нив, web sajt или на FB нешо.. и нормално дали знаете цена и дали одат по невеста.. :$
    Најдов некои нивни преработки од наши песни на youtube, но не успеав да видам атмосфера од свадба..
    Ме секира да не се ептен алтернативци (иако мене би ми одговарало), но сепак да иам осет и за стариве :lol:
    Значи сакаме на свадбата да има претежно македонско, со тоа што ќе се поминат тие неколку народни ора што се "задолжителни", потоа сакаме да следи староградска музика, мак. евергрини, преработки на мак. песни...и размислуваме последните 2 часа да викнеме некој како Пеце да размрда ептен аатмосфера со странско (иако последново би не чинело доста, затоа бараме и некој бенд што би можел сето ова да го исполни ) :P
    Дополнително, многу ни праи мерак да има музиката виолини, зурли...

    Според претходниве коментари мислам дека најблиску на она што го бараме се Зијан, но сепак доколку имате некој бенд друг на ум што би ни одговарал, ве молам споделете... ;)
     
  8. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    657
    Може ли некој да ми каже за Маротови дуо контакт тел број?? ми треба, пишете ми порака ако знаете ве молам, или за предходната група што имате пишувано Зијан или панта реј? пребарав се живо по интернет неможам да најдам контакти...
    или евентуално да ми препорачате друг бенд од тој тип :)
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Ухх уште пред некој ден кога го завршив списокот , им се јавив на музикантите,...не не една недела пред свадба е доста.... ]:) на глава ми стојат дека ќе ми речат немаме време песните да ги научиме
     
  10. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51
    ^ Девојки за Зијан дефинитивно ако го направите изборот нема да згрешите,феноменални се,свиреа кај нас на свадбата и направија лудило.Немаше гостин кој не ја пофали музиката....ние сме презадовли.Инаку не одат по невеста,а за репертоар нема што не свират....
    anetass,точно тоа што го бараш како репертоар и стил на музика го прават Зијан(Панта Реј),нема да згрешите.
    Инаку немаат веб. сајт а за телефонче нема проблем ако е заинтересиран некој нека ми пише на лични... :)
     
    На Sa5m му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Ние навистина бевме презадоволни од музиката,...немаше утка...од народно па се до забавен блок.

    Имавме само една замерка, зошто им посочивме да не убрзуваат ритам кај песната на младоженецот, тие на преминот помеѓу мојата и неговата песна така го убрзаа...што мм се пушти од оро (зошто човекот не си е играорец), почека едно минута кога ја успорија песнана со нормален ритам и се врати на оро да доигра.
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.468
    Допаѓања:
    37.703
    Пол:
    Женски
    И мојот не е играорец. Кога го игравме тангото, се вртеше како мува без глава. И за играње ора не го бива.
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Ние сме презадоволни од музиката, а и гостите, сите дојдоа и кажаа дека е одлична.
    Не беше класична музика како за свадба, туку староградска музика, на која одигравме некое оро, повеќе рок(македонски и странски). Со еден збор екстра, баш како за млади, се изнаигравме и денес се ме боли :$ :lol:
     
  14. Boe86

    Boe86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Може ли некој да ми каже искуство за Енерџи бенд?
     
  15. Mateja1809

    Mateja1809 Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки,

    Наскоро ќе правам свадба и сега дојде на ред да бараме музика. Јас и мојот сопруг сакаме бендот да свири македонска изворна музика, но после тоа да има и забавна, гитарче рокче. Ако знаете некој да ми препорачате би било супер и бројот да ми го дадете . Фала ви ептен :)
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.175
    Допаѓања:
    107.275
    Пол:
    Женски
    На нас ни свиреше Балкан Бенд, направија маестрална свадба, сите беа презадоволни од музиката и што е најбитно и ние бевме, се играше цело време со исклучок на некои си 5 минути, ама со оправдание, сепак гостите беа дојдени од далеку и немаше многу време за одмор па веднаш се пуштивме на веселооооо :D
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Со еден збор - феноменални се!! бев на свадба кај што свиреа и беа топ, подобра музика до сега на свадба не сум слушнала. Пред да одам на свадба ми ги имаа фалено, но кога веќе ги слушнав во живо, се уверив лично
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.468
    Допаѓања:
    37.703
    Пол:
    Женски
    Моја другарка воопшто не е задоволна од Енерџи Бенд. Вели дека не свиреле добро. Се е прашање на вкус.
     
  19. Sasso

    Sasso Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Zdravo na site!!
    Sakam da vi ponudam odlicen bend za zabavna muzika za svadbi, zabavi itn..
    Poglednete ja nasata web strana http://2exitpartyband.com
    Vi blagodaram :)
     
  20. Sofija3

    Sofija3 Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Ќе ве молам,дали знае некој како да стапам во контакт со Жаре бербер.
    Ми треба телефонско бројче од него. :)