Да, можеби е до вкус, иако досега не сум слушнала буквално ниту еден да каже дека не е задоволен од нив
Ќе може ли да ми кажете која им е "тарифата" нa Кате и Нели ти реков и контакт ако може во ЛП фала ви
И мене ме интересира групата Кате и нели ти реков ? некој контакт да ми даде некој, јас сакав Дрим тим да ми свират но не се слободни
На мојата свадба имаше 3 групи...Една народна се знае ..за постарите...Трубачи и Рок групата на мм за најмладите
Ми треба помош итно. Слободни за свадба ми се само Дипломатик и Ж` тем. Некое искуство се некоја од групиве. Сакам да има народен и забавен дел, ама без добацки од типот Ајде сваќе, итн. Народниов дел да биде без локал патриотски песни, повеќе накај староградски да свират.
Моја пријателка беше на свадба каде што свиреле Дипломатик Бенд и многу е задоволна. И се допаднале песните. Што се однесува до репертоарот, ти ќе им дадеш листа со песни кои што сакаш и не сакаш да ги свират.
Која е цената на Енерџи бенд од она што имам слушано е накај 700 евра но на другарка ми која ке прави свадба и сака да ги ангажира некои пријатели и рекле дека 500 евра зимаат И исто да прашам онаа група Фонтана што е споменувана во темава од Битола ли е? И ако имате предлог за ефтина а добра група кажувајте
Ние правевме свадба во јуни и ни свиреа Енерџи бенд ама ние ги пазаревме уште пред година дена и тогаш се договоривме за 500 евра, ама ни кажаа дека ќе ја покачувале цената ама не знам од кога Иначе дечките се феноменални, направија прекрасна журка кај нас
На мојата свадба свиреа Прилепски еснаф, тие се најдобрата група во Прилеп и се договоривме за 300 евра (што е најскапа цена за музика во Прилеп). Но со оглед на тоа каква забава направиа, цела вечер не седнавме немаше некој што не играше би дала и дупло пари за истите. Имаше и народно и забавно и чочеци се што ќе ти падни на памет може да порачаш, презадоволна сум.
Da, Fontana od Bitola se, epten dobra grupa se pravat fenomenalna atmosfera, mene duri i podobri od Molika mi se. Zemaat ikolu 600 ecra, no vredat za sekoj denar definitivno. Nie niv gi planirame, no ke vidime sepak kako ke se slobodni
ние на нашарта свадба која беше пред година и некој месец ги имавме група Оскар од битола и сме презадоволни ...(350евра ни зедоа) ке ти пуштам линк од групата во лп
Ilipili... Да не те разочарувам мила ама минатата недела бев на свадба на која свиреше бендов, катастрофа невидена, ужас... пеачите се губеа во народните песни, немаше никаков глас, завиваа просто... но што се однесува до забавното не можам да се пожалам, секоја песна беше убаво отсвирена и точно отпеана, немаше завивање, можеби затоа што пееше еден млад дечко, кој свиреше и ритам гитара па претпоставувам и подобро звучеше заради тоа. Едвај чекав да заврши свадбата за да си одам, многу беше лошо сработен тој дел од свадбата, се останато беше совршено, дури и жал ми падна за младоженците, на неколку пати ги забележав како ги погледнуваат после сите тие завивања, иако и не играа многу ама верувам не им падна сеедно кога ги слушаа како завиваат додека на свекрвата и пеат Весела сум свекрва
Илипили, и јас имам едно негативно искуство од фонтана... Исто како и Ангел што ти напомена, дечките на народните песни беа тотално изгубени, пробуваа да ги пеат во забавен стил, но тоа звучеше многу грдо и не направија никаква веселба, додека пак откако се пресече тортата почнаа со забавен дел, го направија своето, прекрасни песни отпеаа и свиреа, но на свадбата голем дел од луѓето беа во поодминати години и сите седеа, им беше здодевно, а музиката си продолжи со забавниот дел и од 250 души играа 20 може и помалку...
Шо знам до сега што сум била на сповеќе свадби каде што свиреле бидејќи сум од Битола и претежно тука свират ми немале утка никогаш до сега посебно на последната каде што бевме пред еден месец цело време играа сите,направија невидена журка. Се чудам на вашите коментари,но подлсушнав дека не свиреле секаде исто односно ако ги знаеле младоженците или еден од нив давале се од себе,а ако не тогаш не се труделе толку што воопшто не е фер, но сепак до сега не сум била сведок каде што било лошо туку напротив ептен биле добри и сите играле.Во секој случај ќе размислиме,тука спаѓаат во игра и Јупитер,но нив не сум ги слушнала на забавниот дел бидејќи на свадбата каде шо ги слушнав на нив им беше оставен само народниот дел во кој што беа феноменални ,а за забавниот си имаа викнато ди џеј што според мене беше голема утка,а и подслушнав дека ја кренале цената на 800 евра што реално е соленко за нас . А исто и Панта Реј сум слушнала дека се многу добри и низ темава само позтивни критики сум прочитала.Хмм на толку избор се надевам дека ќе го донесиме правилниот.
Илипили, Панта Реј се одлични, башка се таму од југот, сите се школувани музичари со многу големо реноме и долго искуство. А за овие што да ти речам, јас многу лошо си поминав на свадба кај што свиреа, можеби има смисла ова што викаш
на мојата свадба свираа Јупитер, се договоривме после 12 часот стрикно забавно да биде... и многу многу добра забава направија, сите млади што беа немаше некој што седеше, и старите беа тука, имавме секаков жанр, и мексиканско, и грчко, и се... така си сакваме ние... така да премногу сум задоволна од нив
Дали некој има информација колку чини да ти пеат на свадба Наум Петрески или Миле Кузмановски.Барем еден саат да пеат.