Јас лично имам присуствувано на свадба каде што свиреа Energy Band...според мене тие се одличен бенд кои знаат да направат екстра атмосфера...јас би ти препорачала да се информираш кога имаат закажано свадба каде ќе свират наскоро и лично да си ги чуеш, така ти ќе процениш дали ти се допаѓаат како музичари или не Инаку нас не информираа дека досега земале 600 евра, а од следната година ќе земаат повеќе - 700 евра.
На нашата свадба свиреа пред година ипол и тогаш ни земаа 500 евра ама сега знам дека земаат повеќе. Иначе дечките се ФЕНОМЕНАЛНИ кај нас направија прекрасна журка, а и на други свадби ги имам слушано, немам зборови, прекрасни се. Кога би правела пак свадба пак нив би ги ангажирала
Бидејќи околу подготовките за свадбата на брат ми читав мислења и барав совети, чувствувам обврска да го споделам нашето свадбено искуство, кое се надевам дека ќе помогне некому. Прво, по многу преслушани бендови, се одлучивме за Академци. Дефинитивно го заслужуваат името... професионалци во секоја смисла на зборот. Дома за по невеста праќаат други музичари (Влатко Дичовски), кои исто така се одлични и се трудат да направат незаборавна атмосфера. Еден совет околу договарањето на изборот на песни. Ние само им кажавме дека имаме гости од различна верска, етничка и партиска припадност и да се потрудат во тој поглед секому да му биде пријатно. Посебни желби оваа песна прва, оваа не, итн немавме, оставивме самите да го направат изборот. Верувајте дека се беше одлично. Самите музичари ни кажаа отпосле дека кога имаат одврзани раци во изборот се најдобри. Значи, да не должам, ако сакате убава, весела, културна свадба (не свират сељачки турбофолк)дефинитивно изберете ги Академци. П.С презадоволни сме и од фотостудиото Мемори (Баба) - ептен професионално си одработија задачата .
Дечки ајде мала помош...секогаш мислев дека стриктно молика ке ми бидат единствениот избор амассо оглед на цената почнав да размислувами за други за кои слушнав многу пофалби. Еве пример тука секоја втора пофалба е за панта реи соната и кате велес и кате и нели ти реков...Имате искуство со нив? да споделите цена и нешто околу репертоарот дали навистина прават весела атмосфера и дали пеат забавниод типот на твист агаин и сл како молика. ФАЛА НА ИНФО чекам искуства
Нам ни свиреа Скопски боеми - Три шешира (како сакате). Скрос се добри во изведбите на песните - не свират на матрица и звучат одлично. Музиката за дома беше топ, дечкте направија атмосфера за сите пари - не знам како се викаат ама соработуваат со боемиве Кога остававме капар им кажавме што не сакаме, почитуваа се, освен да нема српски песни - имаше 2 - по нив заради атмосфера - ама сфатија дека не се палат гостите на српско и се вратија на македонска музика. Искрено ги препорачувам. А да, цената е 600 евра.
Дечки иако сеуште не сум слушнала ништо од ПАНТА РЕИ доволни беа сите пофалби тука за да ме натераат да ги побарам нив сега за моја свадба за февруари па ајде ве молам кој има бројче нека ми го прати. ФАЛА ВИ.
Fini lugje bi sakala ako moze i saka nekoj da mi kaze dali bil nekogas na svadba kade sto svirele grupa Gezme od Kumanovo? Pravime svadba vo maj i barame muzika pa se mislime za niv .vi blagodaram topli pozdravi do site...
Јас бев на свадба кај што свиреа Гезме. И можам да ти кажам дека направија феноменална забава. Нема да се покаеш ако ги ангажираш. Јас пред да одам на свадбата слушав пофалби за нив, ама некако за такви ствари се земам со резерва, бидејќи се работи за различни вкусови. Е Гезме ме демантираа. Значи направија одлична атмосфера, народно, забавно се свират. Мене посебно ми се допадна делот кога свиреа латино песни. Јас ги препорачувам насекаде и ги планирам за мојата свадба (здравје Боже кога ќе биде).
Сум ги слушала во Куманово во Баба Цана позната меана...Беа супер.За свдба сигурно доаѓаат во поинаков состав....Би ти ги препорачала Чардаш многу се добри..Не свират воопшто селска музика
Што мислсите девојки за Маестро ?Ми рекоа дека се најдобри гу слушнав и многу ми се допаднаа плус ја сакам и Блага Петреска
Бев на свадба кај што свиреа дечкиве, убава журка направија. Рок свиреа, по барање на младите и 2 македонски народни
Дечки, бев пред некоја година на свадба каде сиреа Интервали (Струмица) и ми се допаднаа баш беше опуштена атмосферата, свиреа и забавно и народно, направија добра забава. Има ли некој искуство со нив? И која е нивната цена за свадби?
сум била на неколку свадби каде што свиреа и искрено беа ужасни. Искрено ти кажувам ако сакате весела и младелачка свадба Интервали не се за тоа. И премногу зборат патем.
Драги феминки, знам сите се зафатени со прослави на нова година ама јас се оптеретувам за свадбена музика. Ве молам кој има бројче од бендовиве: Панта Реи (Зијан), Мама бенд (Ренџов), Маестро, Day off нека ми прати и воопшто предлог некаков во сличен стил. Фала еден куп
Интересни совети има на оваа тема јас сум заеинтересирана доколку некој има да ми прати број од Панта Реи, Акустик Бенд, Тајфата, Маестро и Амајлија бенд Пробиштип. Секако пишете и цени за истите групи (само во ресторан) доколку знаете. Благодарам однапред..