Братучетка ми прави свадба, ако може да ми препорачате некој добар бенд од Куманово, бидејки свадбата ке биде таму
Имали некој искуство со енерџи бенд? Колку зимаат? Бев на една свадба минатаа година, значи преубаво свиреа, јас здравје кога ќе правам свадба сакам они да ми свират па се распрашувам пред време
премиер нас ни земаа 450е, 400 за во ресторант а 50 за по невеста ама супер атмосфера ни направија. Незнам сега колку им е тарифата може покачиле, најубаво јави си се и прашај ги
Здраво феминки, нова сум на форумов, па сакам да прашам за бендови за свадба. Маестро и Соната се зафатени, па сега се мислам за Академци, Фортуна или Тајфата.Ако може да споделите мислење или совет кој од нив е најдобар.Сакам музичари кои професионално ќе си ја завршат работата, без многу терање шеги на микрофон и правење циркуси.
Јас би ти ги препорачала група Асториа. Нас ќе ни свират на свадба во септември. Сите се образовани музичари и не свират турбофолк што нас ни е многу битно. Игор со кого искомуницирав е зет на Алачки. Дечкото има завршено музичка академија. За таа цена што ја нудат влегува и одењето по невеста. Ако сакаш ќе ти дадам бројче во ЛП.
Ги закажавме Панта Реи. Заради нив ја променивме датата која ја сакавме. Затоа, ако има тука некои шо сакаат да ги бараат, да знаете дека веќе и за септември се зафатени.
Здраво феминки, јас во Февруару правев свадба и по иницијатива на другарка ми (ги слушала во Пивница) ги викнавме AQustico Bend, меѓутоа тие што свират поп-рок (не народните). Бевме таму да ги чуеме со сопругот во Недела и стварно ни се допадна репертоарот, па ги ангажиравме за нашата свадба. Значи дечките се топ, направија луда журка, сите играа, од старо до младо. Плус, цената им е доста поволна, ни земаа 300евра за активни 2ипол саати свирење. Топло ви ги препорачувам на сите!
На нашата свадба свиреа пред скоро две години и тогаш ни земаа 500 евра ама сега знам дека земаат повеќе. Иначе дечките се ФЕНОМЕНАЛНИ кај нас направија прекрасна журка, а и на други свадби ги имам слушано, немам зборови, прекрасни се. Кога би правела пак свадба пак нив би ги ангажирала
Женски ќе може ли некоја да ми каже повеќе за Јордан Митев? Атмосфера како што, сакаме тој да ни биде на свадбата, но сеуште размислуваме. Која е цената само за во ресторант?
Имам и друг пат пишувано за него: може така си сакале младите, појма немам, ама на таа свадбата јас кај што бев цело време само народно се пееше, се корнеше! Мене не ми се допадна.
Јас ќе правам свадба на 5ти Јули оваа година, за музика ги ангажиравме група Фортуна. Јас не сакам цела свадба со оро да биде, значи да има позабавна музика, нормално на почеток мора да има оро. Е сега не знам, најверојатно некоја недела пред свадбата ке треба да направиме некоја листа на песни да ни свират или они веке имаат свој репертоар па ние ке избереме, сакам да ми кажете дали сте задоволни од група Фортуна, тие што правеле свадба и ги имале нив за музика.
Ako moze da mi kazes kakov repertoar na muzika svirea neli ti rekov,dali svirat sekakov izbor na pesni,i br.nivno ako moze da mi pises