Девојки ајде и јас да споделам искуство од мојата свадба па можеби ќе и помогнам на некоја идна невестулка. Кај мене беше хаос, во позитивна смисла, 4 вида на музика се сменија Прво за време на регистрацијата (ја правевме во ресторанот) и за приемот на гостите имав виолини. Девојките беа фантазија, ептен беше холивудско и филмски. Пламенка Трајковска ако некој го интересира. Главен бенд за свадбата ми беа Амајлија Бенд од Пробиштип. Дечките се значи врв. Музички образовани се сите, млади, весели, прават атмосфера невидена. Следат трендови и ги знаат сите актуелни песни. И забавниот дел им е одличен, само јас ги скратив бидејќи имав и DJ. Славе ми пушташе музика од 11:45 па до крај на свадбата. Он направи хаос. Младо, старо се беше на нозе супер журка се направи. А во меѓувреме имав изненадување од сестра ми, дојде Ферус. Абе тоа беше лудница. Може вака звучи како премногу ама нас ни беше се баш таман. Многу убава атмосфера имавме презадоволна сум од сите. Ако на некој му треба дополнителна информација слободно нека ми пише. Со среќа на сите невести кои се спремаат, уживајте во подготовките ова ви е еден од поубавите периоди во животот а денот ќе ви летне за секунда
Ни свиреа на матура лани, сум била на свадба летово и често одам на нивни свирки.. Супер се, се подобри и подобри. И мене ми е чудно зашто никој не ги спомнува. Како и да е, само пофални зборови за нив Поздрав
Мене ми бараа 700 евра и се разочарав а толку сакав тие да ми свират. Бидејки за веридба ми треба мислам дека е многу скапо па затоа ги резервиравме амајлија бенд од пробиштип за 500 евра и не се сомневам дека ке направат добра забава. Инаку либеро банд не сум ги слушала лично но имам слушано само пофалби за нив
Нас ни свиреше Петар Ренџов и можам да кажам само пофални зборови, направија прекрасна атмосфера. Плативме 750 евра и вреди за секој денар!
Група ФЕНИКС од Штип...ЛУДНИЦА НАПРАВИЈА СВАКА ИМ ЧАСТ. сите што беа кај нас на свадба рекоа како не ги виквме и ние за нашата. Направија кеф за секој денар блазе им. Најмалку 2000 евра бакшиш собраа.Све живо пари им лепеше... Ги дигнаа сите на нозе. Луѓе кои во животот не играле кај нас на свадба не седнаа...Топла репорака. никогаш нема да закажите ако ги викнете може само да бидете презадоволни
Дечки јас сега праев свадба пред еден месец , и ни свиреа ФОКУС БЕНД.-Свети Николе.Значи немам коментар ,све сто се договоривме све исполнија од прва до последна-школувани музичари.Свират од Силвана до Нирвана,значи и македонско свадбарско и традиционално со зурли гајди тапани и забавен дел rock ,disco кој си сака српско и тоа -буквално се .Ви ги препорачувам со топло срце
Јас сега ќе правам свадба и баш слушав многу позитивни коментари за нив од една моја пријателка што била на свадба кој што свиреле овие дечки..Овој коментар ме израдува многу.ќе може ли да добијам од групата бројче и ако имат страница да ми ја препорачате? Фала многу,и на сите невести ви поскувам среќа во бракот
Побарај на facebook мила мислам дека имаат страна,ако не се снајдеш маж ми има визит карта во новчаник утре го добивас бројот -Со срека во бракот
Премиер бенд екстра се, нас ни земаа 400е и плус 50е за по невеста ако идат. А за муабетов за фокус бенд само би ви рекла да им кажете да не исполнуваат музички желби бидејќи пред 4год бев присутна на свадба каде што младоженците се раскараа поради нив. Музиката свиреше една песна за 2-3 фамилии и невестата игра со едни, момчето игра со други и на крај се скараа хаос настана. А инаку свират и ептен се талентирани, се познавам лично со повеќето од групата
Свират и забавно така?Извини сега скоро ти беше свадбата пошто гледам оваа година сите поскапеле.Фала на предлогот
Пред 2години правевме свадба, може се поскапени и они незнам. Инаку свират се што ќе си посакате, прекрасни и фер луѓе свират за мерак а не само да соберат повеќе пари
Јас ти ги препорачувам Слатка тајна. Свират за 500 евра, ама вредат за парите. За одење по невеста земаат 50 евра. Кога правев свадба земаа 450 евра, а нас ни свиреа за 350 евра. Нема да зажалиш ако ги одбереш.
На мојата свадба имаше два бенда, еден за народно еден за рок. Сале-певац беше задолжен за чочекот а Breakdown Band за рокчето. Поубаво амин. И двата се околу 400е.
Мој совет до сите идни невести - не штедете пари за музика. Музиката ја прави свадбата да биде убава. Џабе ви е убав ресторан и вкусна храна, ако музиката не ви се погоди.