Marotov??? Iskustva ve molam?? Nie sme vo razmisluvanje pomegju niv i Drim tim, no problemot e sto ednite se top za zabavno, drugite za narodno, a ne znam kako se vo drugite delovi....
Здраво девојки, Потребни ми се ваши искуства во врска бендови за свадба, како потенцијални бендови ни се Арија, Тајфата и Весел Бакшиш групи кои свират народно но и забавен репертоар имале, секој коментар е добредојден за да ни помогне во донесување на најдобра одлука. Фала,
Дечки ние се предомисливме и околу Маротов и околу Дрим тим. Некако 99% сме согласни за Панта реи (Зијан). Цената не е пресуден фактор воопшто , но сепак и таа е во прилог. Маротов 800-1000евра, Дрим тим 800е, Панта реи 550е. Слободни се моментално сите за нашиот термин. Многу ни е важно да имаме и добар народен дел (играорка сум), но без турбо фолк, НО уште поважно ни е да има ЈАКА гитара, виолина и одличен забавен дел. Ве молам за тазе искуство (иако беаептен пофалени особено Панта реи) ?
За тајфата не ги бива свиреа на свадба кај мој другар и мислам дека повеќе ја уништија свадбата, весел бакшиш незнам инаку на моја другарка мажот и свири на виолина таму и не се скапи солидна цена имаат, а за Арија незнам. Поздрав
Zosto nikoj ne gi spomnuvate Bravo Bend ili pak grupa Favoriti od gv se ... deckite se top...inaku nie si gi pazarivme maestro bend samo tie bea slobodni.
Совет до сите идни младенци е да си ја најдат прво музиката па после ресторан и се останато. И да има една година до вашата свадба побарајте си навреме зошто стварно е тешко да се погодите зошто подобрите секогаш се зафатени.
Според мене, најбитен фактор е музиката. Музиката е таа, која ја прави свадбата добра или не. Кога станува збор за свадба е најбитна музиката, затоа што никој подоцна, не се сеќава на венчаницата, на украсите во ресторанот, бидермаерот итн. Музиката треба да ги развесели луѓето, и да ја подигне атмосверата на присутните лица таму тогаш, и тоа добри 7 часа. Се надевам дека свадбата ќе ти е убава, како според изреката: Колку пари, толку музика.
Не само музиката туку се е скапо за свадба, прашај за фотографирање колку е па музикава и ефтина ќе биде. Друг пример е шминка и фризура има една цена ако си невеста друга ако ти треба за било каква прослава. Има уште многу да пишувам ама ајде друг пат.
Поентата е друга што ја напишав јас, но ти не ја сфати, но не беше, ни за тебе постот... Музиката е најбитна на една свадба, се друго е споредна улога како фотографирањето, шминка и фризура .Точно дека е скапо сето тоа, но и па еднаш се прави свадба . Секој со своите приоритети некој и не прави, некој прави и втора свадба, трета... Секој е резличен човек со своите сфаќања, мисли и размисувања.
Точно дека музиката е битна за свадбата, но не е и најбитна. Сум била на многу свадби кај што свиреле познати групи што имаат висока цена а и тука на форумов сите ги фалат но свадбите биле просечни. Атмосферата не ја прави само музиката туку и младенците и се што вложиле за тој ден да биде најубав. Се надевам дека за твојата свадба ќе си го одбереш најдоброто или веќе ако си правела било најубаво
Амајлија Бенд земаат 500 - 550 евра. Толку им побараа лани на моите старосватови за нивната свадба, ама им свиреа за 450 евра. Енерџи Бенд земаат 600 - 700 евра.