Супер. Мило ми е што сеуште има луѓе кои ќе ја слават љубовта без разлика дали е престапна година или не. И јас се спремам за наредната година па во останатаите теми пишувај за искуствата. И се надевам дека на сите феминки кои се спремаат за свадба следната година ќе им биде најсреќна.
Честитки хaхaхa леле дa мнoгу ми е смешен мoментoт сo првaтa сaбoтa сo пoпуст хихи кaкo aкцискa пoнудa звучи хaххaхa
Девојки ви благодарам за сугестиите. Ги договоривме Коки со Тајфата, па ќе Ви кажам како сме поминале Инаку многу ми се допадна што се максимално отворени за соработка. Ми оставија впечаток на луѓе што си ја знаат работата и планираат се до најситните детали.
Немам искуство,но читав само убави работи. Јас ги побарав , се мислев помеѓу нив , Дрим тим и Панта реи, на крај се одлучивме за Панта реи (најмногу поради добри гитари и екстра забавен дел).Веќе прашував дали некој има искуство тазе со Панта Реи??? не добив одговор. Маротов бараат 800-1000евра, мислам дека нема да згрешиш. Поздрав
абеее секој се среќата ете ние сме начекале ја па појма немав и коа се распрашував за матично глеам прва сабота толку и викаммм бре среќа
Леле јас бев на свадба кај што свиреа они и да ти кажам катастрофа беа немаа ред на песните некако без врска мешање ритмови мн лошо звучеа
Што ќе се договориш тоа ќе ти свират, не се секирај за тоа. Битно вие и гостите да сте добро расположени. И не се секирај на крај ќе излезе подобро отколку што сте очекувале.
Golden Rose за репертоарот ќе се договорите. Ќе кажеш кои песни сакаш и не сакаш да ги свират. За да не се случи да свират песна што на тебе ти е антифејворит.
Јас праев во септември, ми свиреа Панта реи. Не знам со кои зборови да ти опишам колку сум задоволна од нив. Сите беа воодушевени од нив, и забавен и народен беше предобро. Нема да згрешиш а плус поевтино ќе поминеш со нив.
На тие што уште се двоумат за музика им ги препорачувам Компас бенд. Цена прифатлива а дечките се ептен усогласени имаат и пеачка со нив кој е баш културна една млада дама и баш ги освежува и надополнува. Свиреа кај мене на свадба во кмбинација со зурла и тапан ама тоа посебно си беше платено.Битно ептен добро се вклопија,немаше гостин што не ме праша кој свирел. Најбитно е што пеат се и наше и странско.
Енерџи бенд Скопје Либеро бенд Екстра бенд - Скопје Група Фортуна Ориентал бенд Амајлија бенд ве молам доколку некој знае било каква понова информација за овие бендови нека одвои малку време и нека ми каже по збор два