Можам да ти кажам само дека Енерџи и Амајлија земаат по 700 евра и се помеѓу најдобрите според мене,Екстра бенд свиреа кај другарка на свадба мислам дека се малку по ефтини ама направија ненормална атмосфера сите ги кренаа на нозе,Либеро ги имам слушано на концерт некој ми се допаѓаат и они,за другиве немам слушнато.
Сум била на свадба кај што свиреле Енерџи (свиреа доста српски песни, турбо фолк и слично и минатата година луѓето ги платија 450евра), Фортуна не сум ги слушала ама во септември кога прашувавме за да ги ангажираме за нашата свадба беа зафатени а инаку бараа 700 евра, Амајлија сум ги слушала и во ред се мислам дека беа 600евра. За другите незнам. Инаку уште во септември на неколку места кај што прашавме беа ангажирани за мај и јуни сите саботи. Најди си навреме.
Маестро бенд, незаменливи се особено виолината кој шмек го дава....тие свиреа на нашата свадба и презадоволни сме
Iskrena da bidam nikogas ne ni prasavme ni zainteresiravme koja grupa sviri mu rekovme na Mile so koj sviri so tie da dojde kolku I da kostale da nebidat rastiman orkestar, ali ako ne se lazam ko da kaza nekoja informacija deka se od Tetovo/Gostivar
Здраво девојки, би сакала да ве прашам за предлог на група што свири и народно и забавно на свадба. Но сепак цената да не биде урнебес, најмногу до 500 евра. Исто така ме интересира дали е многу скапо да се ангажира една група да свири народно, а потоа друга група да свири забавно? Јас во суштина не сакам воопшто народно, ама кој ме прашува, па затоа сакам забавниот дел да биде по мој ќеф ( на пр. rock, soul,rock n roll, jazz..).
Не знам од кој крај на Македонија си, но ако си од источниот, југоисточниот дел на земјава, ке ти ги предложам Легато бенд. Кога свиреа кај блиска другарка на свадба понудата им беше следнава: 350е со пожелби и 500е без пожелби. Свират и народно и после вечерата забавен дел еx ju хитови и сл.
Ние ја имавме истава желба и веќе се договоривме со Панта реи (Зијан). 550 евра побараа, за такво нешто се мислам најдобри. И ние размислувавме за 2 групи, но освен што е поскапо , може да биде и комплицирано додека се размонтираат едни па се местат други, се губи време. Од многу ресторани и луѓе и форуми добив екстра препорака за нив . Не свират само турбо фолк (ние не сакавме), тоа нагласуваат
@Wallis До пред некој ден барав музика за свадба,се јавивме на повеќе од 20групи од цела Мк. Едвај најдовме музика,значи се е закажено пола година унапред. Само 2 групи ни кажаа цена од 550 евра кои беа од Битола и Прилеп сите други беа над 600... Те советувам да си најдеш добра група која што знае да свири и тоа и тоа,а парите баш и да не ги гледаш,затоа што ако бараш цена верувај тешко ќе најдеш.И ние планиравме музика најмногу до 500евра ама излезе да пазариме од 700 и тоа само за во ресторан,многу е ама друго решение нема ...