Сега ме заплаши малку, Ние немаме ништо резервирано..планираме во август да правиме свадба...Инаку и тоа што викаш поарно повеќе да дадеш пари за музика, зошто во суштина тоа ја прави свадбата
Да ти кажам и јас бев лабава и не се замарав ич не верував дека до толку е се зафатено но кога почнавме да се јавуваме искрено паника ме фати .Ние закажавме за крај на мај Неколку групи дури ни кажаа дека до септември секоја сабота и недела се зафатени,замисли Други пак ни велеа свадба да презакажеме А за турбо фолк не се секирај,ќе си се договориш со групата ,што сакаш тоа ќе свират
Бреее сите се мажат/женат..навалица Само немој да ми кажеш дека треба и венчаница да почнам уште сега да шијам
Хахахахаха тоа не сум почнала и јас ама фризура закажав Ако ти требаат броеви од групи кажи ќе ти пишам во лп
Девојки ве молам споделете искуство доколку сте биле на свадба во хотел Континентал (во градината) или во ресторан Хиподром. Овој Хиподром ми се виде некако добар, бидејќи сакам ресторан со летна градина но со понормални цени.
Биоритам кога ги слушав пред неколку години беа супер, така што сигурно супер и на свадбата ќе си поминете.
Девојки никако не можам да најдам видео од Панта Реи, а баш сакав да видам како звучат кога свират народно. Ќе може ли некоја од вас доколку има некое видео да ми прати?
Ги нема мн по нет од некои нивни причини кажаа дека не се фокусираат на маркетинг, но во договор со нив можете да присуствувате на свадба кај што свират
Девојки да не гњавам, меѓутоа ми треба многу помош. Ни откажа бендот и сега сум изгубена ми иде свадба да откажам.не сум многу по свадбите и стварно поима неам од бендови. Значи ора такви работи сакаме најмн до ручекот, уствари тие што мора да ги испочитуваме кум, девер, старосват.после тоа сакаме да се свири забавно односно екс ју. Ама сакам во бендот да има виолина и гитара задолжително. И да знаат да направат забава. Ве молам за искуства
Маестро побарај ги имаат и виолина во групата само незнам дали ќе бидат слободни,зависи за кога ти требаат. Многу се добри иначе Има повеќе видеа од нив разгледај има и број ,ние сакавме тие да ни свират ама зафатени се