Ако ти се слободни баш кога ти требаат ич не му ја мисли.Јас сакав нив да ги пазариме ама беа зафатени Малку се скапички ама вредат дефинитивно
Не , некако нема некоја атмосфера . Деца се,горе-доле не многу искусни... Фонтана,Молика,Соната... Др. не викам на моја свадба + Благоја Груевски
Здраво Девојки сакам да ве прашам за искуства од Премиер бенд? Некој што ги слушал на свадба, или им свиреле на свадба? Фалаааа
Ме интересира искуство со следните бендови: 1.Браво бенд 2.Дипломатик 3.Фортуна 4.Скопски Боеми ( три Шешира) и ако некој има контакт од Скандал састав???? фала ви многу))
Девојки дали сте биле на некоја свадба во поскоро време каде што свиреле Огнени момчиња? И каква атмосфера направиле? Вереникот сака нив да ги ангажираме, па ваше искуство ми е и повеќе од добредојдено
Ти благодарам на одговорот. И ние мислиме дека они се супер и знаат да направат атмосфера. Најверојатно ќе ни свират на свадба
Девојки, ве молам за помош. Ми треба бенд што свири македонска музика и интернационална (Beatles, Tina Turner, нешто фанк...). Идеално без синтисајзер, барем за македонскиот дел (знам дека е скоро невозможно ама вереникот ми е деликатен). Ми ги препорачаа Фидбек бенд, ама не можам ништо странско да најдам од нив на нет, а тоа ми е најважно. Искуство?
Женски, кои се тие Би би си? Какви се? Нигде нема да ги слушнам. Енерџи ако не се зафатени, Амајлија до септ. се зафатени, И за овие Либеро кажете ми. Врска немам, пошто нели не сум од Ск, а по слушање Амајлија ми се бендисваа, Енерџи така така, само српско мн да не ми свират, а овие другите ете вие кажете.
За Би би си прв пат слушам. Енерџи се добри, но имаат нешто што мене лично не ми се допаѓа а тоа е "молење" по пари. Пејачот е многу напорен и само оди по блиските им посветува песни, легнува на земја, незнам некои чудни работи и тоа се за пари, непријатно е сепак ако сака некој да му остави пари ќе остави, нема потреба од таков притисок. За Либеро веќе имам пишувано, супер се дечките. Позз, се надевам помогнав
@Iva.T Да, и мене малце напорен ми изгледаше и тоа не ми се допадна. А и мн српско ко да свират, можда желба на младоженците, ама јас кај мене не сакам. Помогна секако, вака полесно ќе се одлучам
Енерџи ке свирaт oнa штo ке им кaжеш, кaкo и секoј бенд нели се гледaш склoпувaш репертoaр......нo пoследниве гoдини рaпиднo ги згoлемувaaт цените кoј знaе дo гoдинa кoлку ке бaрaaт.....