Ве молам за совет.Имам две опции за музика на свадба треба да одберам најбрзо што може.Скандал састаф или Тандеми? Би бил благодарен ако некој нешто знае да пише побрзо
Девојки може ли некој да сподели каква атмосфера прават Маестро на свадба? Прочитав позитивни мислења на форумов, ама никаде не прочитав за атмосферата што ја прават. Кај нас, тие ќе свират на свадба во октомври... Однапред ви благодарам
За свадбата на сестра ми ги ангажиравме Амајлија Бенд од Скопје..... дечките се одлични, идат по невеста...за време на вечерата има зурла, кавал, тапан.... народно, забавно....како ќе се договориш така ќе биде....секоја им чест...топло ги препорачувам
Летово ке правиме свадба и ке ни свират Скопски боеми , знам дека дечките се супер, но сакам еден дел од свадбата на пример 40 мин до 1 час да имаме како изненандување бенд кој свири салса, латино и сл. Дали некој слушнал за таков бенд и да ми даде информација по можност телефонски број или фб страна...
Ве молам да ми кажете искуства со групата МИЛЕНИУМ од БИТОЛА. Ако сте биле на свадба каде тие свиреле или пак свиреле на вашата свадба, Ве молам одговорете дали прават добра атмосфера <3
Мислам дека околу 700 € земаат со одење по невеста. Еве ти и контакт ако ти затреба 070 260 400 Мики.
На нашата свадба свиреа Калабалак од Битола. Дечките се фантазија, прекрасна забава направија, немаше турбофолк се разбира, и не се многу скапи, во однос на Фонтана, кои се преценија откако снимаа со Каролина, и Молика веќе да не ги спомнувам. Анета си ги претвора свадбите во приватни настапи со тажаленки и високо Ц.
Ве молам мислење или искуство доколку има некој за Огнени момчиња да ми каже, август правиме свадба сегде се јавив и сите се зафатени немам многу избор а не се ни скапи, 550 евра ми рекоа
За кој ден во август ви треба?? Иначе Огнени момчиња одамна се пропаднати и затоа се слободни ако мислите да ви биде културна свадбата да не биде како ромска свадба со таква музика тогаш не е за вас тој бенд.
28 август ни е свадбата, отпаднаа Огнени момчиња баш од таа причина и се одлучивме за Академци, се слушнавме ме повикаа да слушнам како свират имаа свадба во Журнал и дечките се ок, одлично свират, мислам дека ќе биде убаво
Феминки, наредна година правам свадба но со време сакаме да резервираме музика па би сакала да ми помогнете околку изборот. Се двоумиме околку групата Скопски боеми и Панта Реи (и двете се слободни). Турбо фолк не сакаме но народно српско и чалгии да, заради тоа што вереникот е со српско потекло. Искуства, совети се добродојдени...
Панта Реи ги препорачувам штом сакате народно српско и чалгии Сум била на свадба каква што ќе е вашата невеста македонка зет Србин свиреа Панта Реи баш како што кажа дека сакаш ти и навистина беше убаво
Кај сестра ми свиреа група Маестро и се пре предобри дечките, одлична забава исто така добри се Катето Брезева група Соната.
За Анете и молика се согласувам. Сакав и јас да ги ангажирам но откако бев на свадба на кои тие им свиреа. Се разочарав.