Ај и јас да се вмешам. За Маестро имам и јас само пофални зборови. Можам да кажам дека тоа беше највеселата свадба на која сум била. Дечките одлично свират, вистински професионалци се, сигурно не се самоуки, што ќе свират беше однапред договорено, порачување песни немаше. Ми остави впечаток тоа што сите беа фино облечени во костуми и дискретно стоеја на страна. А колку пари бараат - не знам. За Анета и Молика од пријателка имам слушнато само пофални зборови, немало порачки, фина, весела свадба. Ама имам слушнато дека за "јаки" порачки, не е проблем истата песна да ја тегне 3 - 4, без разлика што е песната тажна а настанот е СВАДБА, и што некој гост ја порачал, а не да речеме младоженецот. Доколку некоја од вас ја интересира колку бараат, нека ми пише лп.
Ние ги закажавме тандеми ,момците се супер ,преубаво свират и добра забава прават ,во неделата бевме на свадба баш тандеми свиреа и свадбата беше одлична
не дека не прочитав се, ама сепак сите своето и во главава ми се измеша се... ние во септември имаме закажано свадба ама некако натенане си тераме ..или со други зборови ништо немаме договорено хаха Ајде кажете ми Вие скоро што правевте искуство...ме интересира група со цена околу 500 евриќи и скоро искуство со панта реи и со амајлија од скопје... ?
600 евра поубаво со време закажувај после касно да не ти биде,јас кај што се јавив на неколку групи веа зафатени.иначе и мене ми е во септември
Sonata se 500e. A za maestro mi kazaa bile pokaceni, mislam 800e barale sega. Neka se javi nekoj shto skoro se rasprasuval.
За септември барав групи уште во јануари и скоро сите беа зафатени.. Сакав Маестро но тие зафатени до ноември цена 800е . Најдов и ги ангажирав Селект Бенд од Ск тие се поефтини 450е и добро свират бевме на една свадба каде што свиреа они и Ок беше..
На форумов не најдов ништо за Аморосо бенд... има некој искуство со нив, знаете нешто? Ми рекоа добри биле дечкиве, релативно млади и нови... ? .. Фала
800 евра, минатата недела се јавив. Други групи што прашавме: Панта Реи - 600 Дрим Тим - 800 Фонтана - 950 Петар Ренџов - 750 Браво Бенд - 750 Скопски Боеми - 700
Маестро ќе свират на нашата свадба другиов месец, ги закажавме уште од септември лани и ни побараа 1100€, со тоа што се работи за надвор од Скопје + одење по невестата вклучено во цената.
Здраво, нова сум на форумов, читам многу позитивни мислења за Панта реи, па ве молам да споделите тазе искуство со нив-каков им е репертоарот, дали се договара претходно репертоарот, каква атмосфера прават, каков е квалитетот на звукот... фала,позз