Здраво и јас сум нова во форумов , а имам и тазе искуство со Панта Реи, дечките се ФЕНОМЕНАЛНИ,се договараш за репертоарот а за квалитет нема што да се зборува оди на некоја свадба кај што свират и ке ги чуеш позз
Цената им е 600 евра, без музика по невеста, а за репертоарот си се договарате вие како сакате. Ние немавме нешто посебна желба, им рековме дека оставаме на нив, но да нема турбо фолк и да биде разиграно, весело , со македонски народни и забавни песни , евергрини и сл .. Така и бидна , гостите беа многу задоволни и со пофални зборови. За Кате нема збор.. природна , културна, насмеана и со прекрасен глас. Се надевам ти помогнав во изборот, иако со малку задоцнет одговор ( не сум мн активна на форумот ) извини . Позз и секое добро П.С. Можеш преку фб да ги исконтактираш и да дознаеш повеќе
Здрaвo! Ме интересирa штo мислите, кoј oд oвие 3: Групa Мaестрo, Дрим Тим + Мaрјaн Кoцев или Нaум Петрески ( сo негoвa групa), би бил нaјдoбaр избoр зa свaдбa. Фaлa
Здраво феминки! Се зачленив специјално за темава. Ме интересира што мислите за мојата дилема-дали Енерџи или Маестро да ги ангажирам за свадба?
Енерџи дефинитивно. Кај нас свиреа пред 3 год. и прекрасна атмосвера направија. Исто и по невеста они беа. Тогаш ни побараа 500 ЕУ ама сега се поскапени.
Фала на одговорот! А дали сте биле на свадба каде свиреле Маестро? Ме интересира и они каква атмосфера прават
Нема да згрешиш која група и да ја одбериш ,и двете се супер и прават одлична забава,ако ви се слободни за терминот кога ги барате закажувај што побргу затоа што брзо ги резервираат нив
Сите се добри изведувачи, но искрено Наум Петрески не ми е за на свадба, он е повеќе фестивалски изведувач.
И двaтa бендoви се супер. Јaс прaвaм свaдбa нaреден месец, дoлгo истрaжувaв и би ти кaжaлa декa и двете групи се скaпички, нo прaвaт дoбрa зaбaвa. Прoшлa гoдинa другaркa ми прaвеше свaдбa и свиреa Енерџи, мoмците се екстрa нo мaлку прескaпи зa мoјoт џеб. Јaс си ги резервирaв Сoнaтa. Кoгa прaеш ти свaдбa, мoј сoвет- бaрaј штo пoскoрo дoкoлку ти е зa брзo?
Фала женска. Во план сме мај наредната година да правиме, сега засега слободни се двете групи. И Соната се одлични, Катето има преубав глас.
Феминки ги чула ли некоја од вас браво бенд на свадба/веселба?!? Не ги сретнав по темава па реков да прашам.Кај нас највероватно ке се они,познати ми се како изведувачи/група па ми се видоа ко златна средина на народно/забавно..инаку класичните свадбени бендови не можам да ги слушам многу,ептен ми се протоколарно-досадни,поготово со она "ајде куме" "опаа" "весело ситее",неќам да ми зборат и да повикуваат никого,додуша тоа е ствар на договор но ете лично ми е тешко да одберам музика:/
Не сакам да те разочарам, не сум ги слушала ама други луѓе што биле на свадби кај што свиреле не се многу задоволни. Сепак се е ствар на вкус