Ќе си пукнам од мака, Арија се зафатени... Панта Реј или Тајфата? Која е помалце шабанска и која не ги свири за забавен дел "на 223-305" и "Како Вардар ќе дотечам и тој возот од Бајага зошто ми се смачени ?!?? Ова живци кошта, налет пари...
Која група и да ја одбереш сами ќе си кажете што сакате да свират а шти не. Најубаво е со нив да си направиш муабет и да се договориш. Јас им направив список кои песни да не ги свират и направивме муабет општо што да се свири а што не...
Има ли тука некоја што може да ми прати списоци, отприлика како би знаела што да пишувам? Треба сите песни до една ли да ги напишам? Не ми изгледа баш лесна задача. Ако некоја го има во компјутер ако може да ми испрати многу би ми помогнало. Слободно може и во ЛП.
Мислам дека нема потреба да се пишува список со сите песни од до ама добро би било да си напишете кои сакате обавезно да ги свират и кои не доколку има такви. Која група и да сте ја одбрале сигурно имаат искуство и знаат како треба.
Уште не сум одлучила за групата. Оваа сабота идам да слушнам едни, другата сабота другите меѓу коишто се мислам. Па ваљда ќе ми објаснат они. Ги гледав Екстра бенд на Јутуб, имаат направено добри клипови за реклама и стварно убаво звучат. Некој со искуство? Слободни ми се за терминот, па се мислам и нив да ги слушнеме.
@TeddyGrey јас имам список од @Artemission . Мислам дека смеам да ти го пратам со нејзина дозвола. Ќе ти заврши работа. Нешто измени/додади. Еве прилика и јавно да и се заблагодарам, оти списокот ми заврши голема работа.
@duffi Чекаме дозвола од @Artemission Je je je... фала Чисто за да добијам претстава ми е. Не го крадам.
За Арија, зборував со пеачот и ми кажа дека преминал во Тајфата. Па почнавме да се договараме за Тајфата i Уз муабет го прашав дали имаат список на песни отприлика да видиме што свират по свадби, и ми одговори во стилот "ако одиме низ список ќе ни требаат месеци да поминеме". Тоа не го оспорувам и е точно, но ако не сме ги слушнале досега и не знам каков репертоар имаат, како ќе дознаам кога не ми даваат список? За видеа на јутуб ми рекоа дека не сакале да се експонираат.. Ако ги имаш слушнато, Тајфата со новиот состав може тебе ќе ти се бендисаат.
Oд голема помош ќе ми биде и мене ако ми го пратите @Artemission плис Нас ќе ни свират Соната од Велес и кога бевме да се договараме и да оставиме капар ги прашав дали имаат репертоар за да се договориме што да а што не, ми рекоа ние свириме зависно од расположението на луѓето немаме листа
Димитар Андоновски е со нив... Слушнав дека од кога заминал Коки не е тоа-тоа, ова ми го кажаа 2ца до сега и тоа газди на рест .. Фала сепак, факт е дека на сите нема да им се погоди колку и да се труди човек Ја не го сакам Аца Лукас, други се лупаат од земја на него и тоа е Ги почитувам , вкус си е во прашање. Врти, сучи сите се исти, ама реално се преценуваат
@Petra777 за кога ви е закажана свадбата ? Кои и да сте ги одбрале зборувајте со нив обавезно немора да им правиш ти список ама нека знаат што сакате да свират а ншто не. @Sofi.ja така ни кажаа и нас,тие се музичари знаат кога да кренат расположение и што да се свири сигурно не одат по список за да се потсетуваат која песна е наредна па како да се роботи. Верувајте им на луѓето сигурно не се ненормални да ви ја расипат свадбата. А зависи и од гостите,ако не се некои по играње што и да се свири ќе седат ама ако се некои многу по играње сите ќе се на оро. Не се секирајте се ќе биде како треба
тајфата без Коки навистина не е тоа тоа и се прецениле, а секоја промена во овие групиве мислам дека се случува само од арогантност и препотентност на одредени персони (звезди) мислиш тие прават свадба,па неможе друг да ми кажува каква музика на моја свадба да се свири и точка!!!! .....
Воопшто не сте згрешиле за Соната, нас ни свиреа, значи нема гостин што не ги пофали, многу добра журка направија-Кате пее совршено
Не сум ги слушнала сеуште во живо, после Велигден рекоа имаат свадби во Скопје,па ќе отидам Ги одбрав врз основа на добри коментари по интернет за нив,а и од пријатели исто добри коментари имам слушнато. Инаку ме интересира ако се сеќаваш да ми наброиш некои песни од забавниот дел што ги свират? Знам дека ги бива и за латино ,ама ме интерсира и што знаат македонско , српско (поп,рок) Поздрав