Зошто сега вака за Тајфата Имав голема надеж дека добар избор ќе бидат и наеднаш бум го читам ова. Инаку и јас сум заинтересирана за идеи за песни за забавниот дел без тие горе наведените на 223 305 (патем се пресмеав кога прочитав затоа што стварно е така). Странско, српско македонско а сепак весело. Си имам замислено и латино дел но за тоа мислам дека ќе се погрижи DJ.
Латино се совршени мора да имаш таков дел, дечките се многу ок, ние оставивме тие да ни го прават репертоарот следејќи го расположението на гостите и воопшто не згрешивме. Најубав дел ми беше латиното и го следно беше македонско (студени нозе, ластовица) е тука растурија.. Се знаат, и за забавниот дел се најдобри и секоја желба ќе ти ја исполнат Не му ја мисли, вистински избор си направила...
синоќа бев со другарка да ги слушне Панта Реи свиреа на свадба во скопје па на наше изненадување со нив беше и Миле Кузмановски значи дечките се врв раастурија страшно добра комбинација Миле народно тие забавно лом направија све живо беше на нога .На пауза отидовме да ги пазариме, на нивната маса имаше веке три пара кои ги договараа за свадба дечките се ептен добри и културни луге од сите нас не можеа и пауза да направат така да срдечно ви ги препорачувам .Кога би правела пак свадба тие ке бидат мој избор
Мислам дека списокот го пратив на сите кои ми побараа. Благодарам @Artemission . @Sofi.ja пиши ми лп, да ти го пратам и тебе.
Амајлија бенд Пробиштип! Совршенство без мане! Мислам дека беа 450евра не сум сигурна тоа беше делот од страна на мм да платат затоа не сум сигурна.
И ние ги резервиравме Амајлија бенд од Пробиштип, ги слушав на неколку свадби и многу ми се допаднаа, посебно ми се свиѓа што пратат трендови и во забавниот дел ептен добра журка прават. Цената им е 500 евра.
Капарисани Панта Реи па сега што биде нека биде. Ги слушнав , солидно народен дел, за забавен врв! За цената се таман, на Ск нафурани "фаци" ни денар не оставам. Скопјанка сум, ама факт е, се испознанеле.
@Petra777 не можам во лп, па затоа тука колку ти побараа Панта реи? И за кој месец? Онака информативно за пред колку месеци се закажуваат
Da ti kazam i jas mislev taka. Se duri ne sednav na masa so deckoto sto im e odgovoren za reon skopje. Mislam za muabet e fin i se toa. Ama okolu repertoarot mi napomena deka ne obozavaat mnogu da menuvaat. Sto go znaes moze nemal ubav den coekot
Не си погрешила со одлуката, мене гостите уште ми зборат колку беше добра музиката на мојата свадба, иако помина година ипол од тогаш.
@BoaVista ги имаше слушнато овие од порано? Си била на свадба? Ме интересира мислење. Ги слушам сега на Јутуб, добри се вака. Цената е одлична башка. И делот дека свират од Дубиоза ми се допаѓа.
Ги имам слушано Теди, и на свадба и онака на свирки, мене ми се допаднаа и во делот на народното и во делот на забавното. Пратат трендови и свират буквално се. После вечерата имаат убав дел со зурла и тапан. Ние воопшто не се мислевме за музика, први ни беа на список и прво ги закажавме нив, па после ресторанот, зошто уште во октомври им беа зафатени сите саботи до август некаде. Па поради тоа и свадбата ја закажавме во недела иако ресторанот имаше слободни саботи.