Браво. Јас се средив освен музика ми остана, ти со музика си почнала. Јас се мислам меѓу Панта реи и Соната-Велес. Ама брзо ќе решам, сеа на работа се опседнав со слушалки ја слушав Кате(Соната) убаво пее. Уште да се видиме, мислам дека одма капар ќе им оставам... Многу ми е битно, многу прашувам за музика... ако ја укакам - нема назад.
За Соната и јас имам слушано дека се многу добри, и нас ни беа како алтернатива ако Амајлија се зафатени. Моја братучетка беше на свадба кај што свиреле Соната и рече дека подобра музика и подобра атмосфера на свадба не видела. Кај мене беше пресудно тоа што ја ги немав слушнато Соната во живо, ниту на свадба ниту онака по свирки и затоа дадов предност на Амајлија, сепак знам отприлика што да очекувам. Инаку и Соната мислам дека не се многу скапи, ако не беа 600 евра.
Здраво Феминки Ке ве замолам за помош.Ако може доколку некоја од вас ги има броевите за контакт на групата Панта Реи и Миле Кузмановски да ми ги прати во лп.Немам многу време на располагање а не можам да ги најдам бројчињата,се надевам некоја од вас ке може да ми помогне.Исто така доколку некоја од вас имала искуство или била присутна на настап на Наум Петревски на свадба би ве замолила да споделите импресија, затоа што некако не сум баш сигурна во врска со него..Се надевам на ваша помош
Не сум воодушевена од неговиот настап. Имам слушнато дека бара околу 1700е, дали заедно со жена му или сам не сум сигурна. Ама толку пари да лупнеш само за нив, и да испеат 5 песни сè на сè, фала ама не. Еве ти бројче од Горан од Панта Реи, мене ми свиреа на свадба и се феноменални, многу пати сум се фалела од нив, да не се повторувам, можеш да прочиташ наназад низ темава: 070 542 089
Да и јас се двоумев во врска со него, оа затоа не го побарав до сега.. Фала ти на советот Инаку за Панта Реи ги видов убавите коментари и веке ги исконтактирав.На моја голема среќа се слободни во периодот што мене ми треба.Е, сега моја желба е и Миле Кузмановски да го договорам со Панта Реи, Миле -народно Панта Реи-забавно, мислам дека ќе бидат полн погодок Прочитав некаде по форумот дека некоја феминка била на свадбена веселба на која настапувале во таква комбинација и имаше прекрасни коментари . Држете среќа, ќе ми треба
Да јас бев, а мислам дека и друга имаше пишано дека на истата свадба била. Ма да имаше 4 - 5 пара што гледаа тогаш. Убава комбинација се да. Инаку Миле е 300 евра за така да дојде дел да испее. Панта -реи се супер избор.
Се слушнав и со Миле на мое изненадување цената на неговиот настап за пола свадба е 350 евра без бенд,значи во комбинација со Панта Реи , а 500 евра за цела свадба.Јас очекував многу повисока цена па затоа сум пријатно изненадена Значи Миле и групава севкупно коштаат 1150 евра И најважно од се- слободни се и Миле и групата на датумот што ми одговара! Остснува само да финализираме и да ги капарисаме. Голем товар тргнав денес
Sakam da gi prasam devojkite od Kicevo, a ako gi znaat i drugite slobodno neka pisat za grupa "Nota Bend Trisho" od Kicevo. Prasuvam za bliska osoba, sakaat da gi dogovorat. Dali ste zadovolni od niv? Falaaaaa mnogu.
Јас се извинувам, мислев на Наум Петрески и Зуица Лазова. Сега глеам дека муабетот е за Миле Кузмановски.
Во ред си разбрала,не си била во забуна Од Наум го имав бројот и тој беше во комбинација ама не ми беше сигурен некако, па затоа си побарав мислење од вас.. Некако пооптимистична бев во врска со Миле и Панта Реи но ним им го немав бр.па две љубезни феминки ми ги пратија во порака Се бидна супер благодарение на вашата помош !