Јас изгледа јако се зафркнав за музикава. Ми ја препорача братучетка ми затоа што свиреа на нејзината свадба (на која што јас не присуствував ), рече биле супер и ми даде број. Ја и поверував, се залетав одма и се јавив. Кога се видовме со пеачот, голем бацко беше и почна да ми објаснува ние вака ние овака. Добро. Се договоривме за цена, ни кажа дека репертоар сами можеме да направиме и тоа. Го прашав како им е името на групата и ме рече па јас сум Сале пејачот а другите ги викаме Тајфа. И си увртев ја филм у главата. Сеа кога ме прашуваат кои ќе свират на свадба, кажувам Тајфата, која Тајфа, Тајфата на Сале Вака по напишаново изглеа јако сум се зафркнала. Ако некоја слушнала за "Тајфава" ве молам споделете дур имам луфта да барам друга музика...
Нас Марифет ни свиреа добри беа ние сме задоволни од нив.. Од пп се 350 евра ни зедоа а убава забава направија барем кај нас и кај едни пријатели истите свиреа на свадба нас не бендисаа и со нив се договоривме
Нели можеш да ја гледаш свадбата на братучетка ти да видиш како свират? Ако не си платила капарможеш и друг бенд да си најдеш..
Ја гледав, меѓутоа акустиката во ресторанот каде што тие правеа свадба беше многу лоша, и самата таа ми го кажа тоа а и квалитетот на снимката не беше добар... Капар немам оставено сеуште и во преговори сум да ги откажам
едно прашање знам читав некаде во форумов за миле кузмановски па ме интересира дали некој има контакт од него или како можам да стапам во контакт со него и колку зема за пеење неколку песни или пола свадба одприлика
Дали има некој да ми предложи бендови, во стилот на South park, значи не сакам воопшто ни народно, ни српско и секако со некоја поприступачна цена. Ги гледам цениве погоре, дали се нормални луѓево колку бараат за една вечер, т.е за неколку саати, башка сам коа си финансираш некако боли...
@Мариаа. Има право simona_baby, јас по страна ти пишав јас колку платив значи првата сабота во месецот 3000 и нешто, а другите дупло