Абе вие си правите листа на песни кои ги сакате и тие ќе ви ги свират, е сеа има и безобразни кои ти викаат ние си имаме наш репертоар и тоа и тоа го свириме, јас си напраив листа на пњсни и народно и забавно и навистина тие ми беа свирени и направија мн добра атмосфера буквално секој да стане да заогра и старо ои младо, нас ни свиреа мултибенд, мислам ставив и погоре линкови а можеш и на ју туб да ги провериш, е сеа имаш и бендови што се бренд и плаќаш дупло за нив дека се бренд а ти пушта музика од плејбек а си ги платил 800 900 евра, ние имавме и кавал и зурла и тапан буквално се!
Здраво на сите! И јас сум нова на форумов,би сакала број од Панта Реи ако има некој. Ви благодарам однапред
Музика од секаков тип (македонско, странско, брзо, бавно, народно, забавно), репертоар по ваш избор, енергични, забавни и пред се со ПРИЛАГОДЛИВА ЦЕНА!!!!! Свират и по снашка. Контактирајте ги на фејсбук Феодор Бенд со клик тука .. или на тел. број: 070 395 958 Моите омилени ФЕОДОР БЕНД
Да, добар е Филип, а си ја знае и работата добро ја тера и по свадби! Порано поголема му беше цената ради славата со шоуто, ама се уште му трае договорот.. Не е многу скапо ама колку и да е-вреди!
Неодамна бев на неколку настапи на Дамјан Стојаноски, син му на Војо! Верувајте подобра забава никој не направил! Сите беа презадоволни од неговиот настап, уште ја коментираат веселбата! Нема да погрешите ако го изберете токму него!
Ајде девојки давајте предлог за музика ама не за класична свадба туку забава само со млади. Барам бенд што би свирел рок-поп странско и екс ју рок-поп. И се разбира да не бараат 1000еур за 3 саати.
South Park со Светле свират по свадби. не знам дали свират екс ју ама рок, поп и македонски сигурно. Ако ти се тој тип на гости, супер журка
https://www.facebook.com/South-Park-the-band-36020435996/ Еве ти фб, пишува и дека утре имаат свирка во Некст. Имаат свирки нон стоп некаде, така да оди слушни ги дали е тоа тоа па можеш и да си се договориш лице во лице.