Ве молам некој да сподели искуство ако слушнал или присутвувал на свадба каде што пееле Феодор бенд од Куманово и Арена бенд од Скопје. Добро звучат и едните и другите од она што го слушнав на Youtube и Facebook на нивните профили, меѓутоа прилично се млади и тоа ме двоуми. Тие ми останаа во потесниот круг, контактирав над 20тина бендови, а повеќето и оние по прочуените веќе беа зафатени, а свадбата ни е дури крај на септември. Не се на одмет и други ваши предлози за бендови што имаат интересен забавен дел, да не се типично народњачки музиканти
Ги слушав дечкиве ама не во живо, туку нивни видео клипчиња и баш ми се бендисаа, свират на повеќе инструменти,интересни се....е сега не знам дали ги пеат и свират добро оние некои стандардни македонски свадбарски песни, иначе за забавниот дел мислам дека се топ... @evalongoriaa твое мислење или на некој друг ?
Ние за нашата свадба ги ангажиравме група Соната од Велес со Кате што им е пејачка, сме биле на свадба и супер сме си поминале, но неодамна пред 3 месеци бевме на 2 свадби каде што свиреа Амајлија од Скопје(прв пат слушнав за нив), околу 400 -500 евра се, ама се предобри, многу јака атмосфера направија но напомена тоа беа македонски свадби со македонска музика (народно и забавно) без турбофолк и последниот саат кој што беше странско но имаа одличен реперотар. Во таа цена е и одењето по невеста. Ние веќе им дадовме капар на Соната инаку Амајлија ќе свиреа и кај нас.
Не знам дали се работи за истата група ама нас Амајлија бенд од Скопје (за свадба надвор од Скопје) ни побараа 900 евра и плус беа зафатени за терминот- крај на септември.
Ве молам мислење за Феодор Бенд, дечките ми изгледаат супер ама немам слушнато никогаш за нив предходно така да ако некој има искуство ве молам да го споделите Фалааа
Дали некој има некакво искуство со Петар Ренџов и неговиот бенд, каков е репертоарот во однос народно-забавно, втора опција се Панта Реи кои исто не сум ги слушнала во живо, но прочитав добри коментари за нив
Јас сум презадоволна од бендот на Петар Ренџов. Претежно свират забавно. Ти можеш да се договориш со нив за репертоарот. Свиреа на свадба кај моја братучетка.
Презадоволна, народното им е супер и со вкус, не претеруваат со ора, забавното им е врв.... Секако има и простор за договор... Ама знам дека е многу зафатени..
Здраво девојки! Периодов сум засегната од темава и ме интересира конкретно кои се цените на некои бендови што свират на свадба. Би ви била благодарна доколку ми одговорите. 1. Дрим тим 2. Фидбек бенд 3. Маестро 4. Браво бенд 5. Скопски боеми И бидејќи не можеме да си дозволиме повеќе од еден бенд да ни свири што мислите кои се најдобри и за странска музика од типот, латино, нови комерцијални хитови итн.
Здраво. И јас да се убацам со неколку прашања: Од се што видов и слушнав на youtube највеќе ми се допаднаа Панта Реи, Либеро и Екстра бенд, а не се лоши ни Дрим Тим и Фидбек бенд... Колку што можев да прочитам и тука доста ги фалите истиве бендови, само ме интересира малце повеќе инфо во поглед на цена (на пр. за Панта Реи не успеав никаде да прочитам колку е) и каков репертоар имаат? Пошто ние музичкиот дел сакаме да ни почне со Македонска народна музика, да се сврти некое орце, па после да има забавен дел у стилот на рок нешто за денсање за дигање атмосфера (и по можност без српско да биде). На крај ќе имаме DJ, така да за првите 2-3 саати ни треба бенд докај 500-600 евра што ќе ни направи журка Фала однапред!
Јас лани кога зборев со Панта Реи беше 650Еур. А во поглед на тоа што го бараш од бенд, баш се добри за таква забава. Не ни свират српско и да сакаш
Екстра бенд се некаде околу 300€, и верувај нема да зажалиш! Пиши ми порака, се знам со бендов, ќе средиме ако треба
Ако збориме за истите нема подобри све пеат и забавно и странско ама баш се, на нас тие ќе ни свират пред 2-3 дена капар остаивме па ќе видиме
Женскии здраво Сакам да ве прашам, дали некоја од вас имала конги на свадба и како ви се допаднало? Би сакала да имам конги на свадбата, па доколку имате некоја препорака пишете ми, и цена ако може Фалааа однапред. Имајте убав ден!
Zdr mi treba mislenje za Feodor Bend od Kumanovo i Fidbek...verenikot nekako poveke e za prvive ama me interesira vase mislenje za dvata . Dali nekoj ima prisustvuvano na nivni svirki ??? Kakva e muzikata atmosfera ? Sega za sega gledam aktuelni se Feodor pa ve molam pomognete?? P.s: izvinete za latinica od mobilen sum
Ние веќе ги закажавме Легато бенд од Струмица. До сега што ги имам слушано, супер се. Очекувам да направат атмосфера и забава.