Слушнав за некоја група што свирела класика од Штип, но неможам да најдам број ниту па знаеа како да ги барам на Фб
Внука му на Џорлев мислам има група и свират и на свадби. Неа да ја прашаш? Мислам дека има Фејсбук, а се вика Олгица Здравковска.
Мојата свадба беше комбинација поп-рок и малце народно, колку да има едно оро онака од адет да се изигра Ни пееше Ѓоко Танески со неговиот бенд. Крајно професионален од почеток до крај, прекрасен репертоар на поп-рок песнички, а богами мене ми го напраи на крај ќејфот со неколку песни од Били Идол. Секој што планира малку поразлична музика на својата свадба, ете од мене позитивно искуство, топло препорачувам !
За Панта Реи само убави зборови се слуша и од мое лично искуство ти кажувам дека се ептен добри ама се зависи што бараш ,каква музика, .Најдобро контактирај ги слушни некаде кај што свират
& @Milence@$ Бев скептик за нив. Ги слушавме на една свадба, таму па се погоди никој не играше... Шизик на ризик јас пресеков, реков им оставаме капар на нив, од овие скопскиве наши фраерчиња што се проценуваат и земаат по €800/€1000 преку глава. Да не зборам од горе наведени за 10ден. како ползат по земја. Страшно. Ако нема бакшиш, се е ради реда. Супер излезе се. Повеќе се за забавно,рок, поп...Мене народниот дел ми беше за колку да му помине редот, ама супер беа. Во главно свиреа се што сакавме, не изненадија и со тоа што ни ја научиле песната што нам ни беше посебна, a воопшто не беше нив жанр(латино), така да вреди секој даден денар. Не се мислете за музика многу. На крај младоженецот и невестата се пресудни за се да биде како што треба да биде и секако соработка со музиката. Се надевам ви помогнав.
Мое Не знам колку зимаат пента реи и не сум ги слушнала за да ви кажам мислење. Во однос на цената, повекето од групите што ги прашавме, ја одредуваат дали сакате само свирка на свадбата или и по невеста, дали се од истиот град или соседниот и колку патни трошоци ќе имаат, дали сакате тапани и зурли... Ние по препорака си одбравме кумановска група, во составот имаат и виолина и вилончело за приемот, имаат и зурла и тапан што не треба дополнително да доплатиме.
Девојки,дали Eye Cue пејат на свадби на саат два после бендот што ќе ни биде,како забавна варијанта?Ви благодарам
Eye Cue веќе не се истиот бенд гитаристот одамна си отиде, сега излезе и бубњарот така да незнам колку би ти одговориле на свадбата. Еве ви одличен бенд ако сакате и за забавно и за народно. Сега се популарни на телевизија и на радио. Се надевам ќе ти се допаднат.