Супер беше се, презадоволни сме и ние и гостите. Ако се одлучите за нив, договорете се каква музика да ви свират, дали повеќе ора, забавно... Ние не сакавме српско и малку забавно, околу половина час и така и беше
Дали знаете за Пламенка Трajковска дали свири цела свадба? Свадбата е денска, во garden style и баш ни треба ваква музика класична. Доколку знаете уште некој ваков состав ве молам препорачајте. Важно е да има виолончело, 2 виолини, а може и клавир и да се сериозни жени - по свирење и изглед, не дечишта дојдени со шминка за во диско и со деколте што се ѕверат по гости (сум видела вакви од фак мислам беа па ги најмиле за поевтино). Фала ви
И јас за мојата свадба барав класична музика за прием и вечера, но групата што ни свиреше во цената ни ја понудија и таа опција да ни свират на виолина и виолончело. Но додека барав најдов и една група на професори од Штип што свират класика https://www.facebook.com/MusicaVivaStrings/
Здраво девојки. Ме интересира дали некој знае колку бараат Амајлија од пробиштип за свадба? Скролав побтемава ама не видов нигде
Да ги препорачам Династија бенд од Куманово, сношти бевме на свадба каде што свиреа, прв пат ги видовме и слушнавме, дечките направија феноменална атмосфера.