Дали ќе може да ми кажете мислење за Fortuna bend и за Blue funk individuals . Како се за свадба, дали има некој искуство. Ви благодарам мои феминки.
На една свадба свиреа само македонско народно и ништо друго, веројатно така се договориле, но мене ми беше монотона свадбата
Петар Ренџов и неговиот бенд направија одлична атмосфера кај мене. И дефинитивно за добра забава на свадба, музиката е најважна.
Мене искрено не ми се допаѓаат.Они се професионалци за нејзиниот глас нема потреба воопшто да се коментира.Ама некако не ми се народни незнам како да се изјаснам.Она ќе застане таму да речам на бина да си пее и тоа не пее цела свадба,поголемиот дел од времето одмара.Незнам дали беше желба на младите ама 98 проценти имаше само мак песни.Некако ме фати меланхолија на таа свадба.За таа цена очекувавме повеќе а тука воопшто немаше никаква атмосфера.
Закажавме свадба за 9 Март следна година,ајде кажете кој бенд ви свиреше на вашата свадба и од кој сте задоволни. Стварно не можеме да се одлучиме помеѓу Екстра бенд, Тандеми, Феедбек.. Ве молам за помош.
На мојата свадба Филип & група "Феодор"/ Filip & grupa "Feodor" свиреше ни направи екстра журка. Екстра бенд и на нас ни беше во опција но не беа слободни за терминот на нашата свадба, а другите две групи ги немам слушано.
Гледаме клипчиња моментално, што мислите за Кисми ? Екстра бенд ни побараа 800€. Феодор не ми се свиѓа изведбата
Кај некоја од вас да свиреле Дрим Тим? За забавен дел ќе договарам друга музика, па ми требаат чисто за ората Дрим Тим.