ај енерги бенд и гоко јовик зирни ги ако не на јоу тубе на фб најди го гјоко јович види има клиповви баш од свадби значи дечките се хаос какви забави прават страшно
И јас се мислам за нив, не знам како се за забавен дел??? Во потесен круг Маестро, Соната Велес или Дрим Тим???? Помоооош!!!! ☺
Искрено не би сакала да ми пеат забавна музика и затоа договоривме друг бенд за забавна музика. Кај другарка ми на свадба имаа една пеачка со нив што пееше се само не забавна музика. Пееше Цеца, Леба Брена и такви некои работи. Мене тоа не ми се свиѓа некој на свадба да ми пее да раскињем са њом ми е без веза. Сепак се знае што може да се пее на свадба а што у меана...
Јас само да кажам мислење, сум била на многу свадби и здравје за моја свадба изборот би бил на Енерџи Бенд или Маестро знам дека кој и да одберам нема да погрешам. Каква журка прават луѓето тоа е чудо, позитивно изненадена во секоја смисла на зборот, презадоволна од веселбите кои биле тие.
Откако ги капарисавме тие што ни свиреа, налетав на Енерџи. Да не бевме договорени, ќе ги барав нив. По она што го погледнав и слушнав предобро звучат...
Здраво девојки, може ли некој да ми даде совет за бенд кој што ќе свири и народно(максимум саат ипол) и забавно(рок), јас размислував за Ренџов но ме интересираат и други опции кои што би можеле да направат помодерна забава.
Ренџо ќе свири на свадба кај моја братучетка па ќе ти пишам искуство.Им земал 800 евра и има и пеачка.
Се работи за прослава што ќе трае 2-3 саати за 50 луѓе. Значи некој да свири дур да се седнат гости нешто лесно, прв танц и после да се забавуваме на македонско, странско, поп рок и толку. Нешто да препорачате има ли? Фала
Ренџов свиреше кај нас на свадба, и беше преубаво. Не беше класично свирење народно до 10 саат па после забавно, туку цело време мешаа тип на музика. Сите беа на нозе, преубава атмосфера направи. Пак да сварам свадба, пак би го избрала заедно со бендот. Девојките пееа супер, се беше прекрасно. 800 евра ни зема на нас, без никакви замерки. Се надевам ти помогнав во изборот, нема да згрешиш.