Помина и нашата свадба , па како што е ред да си кажам за музиката...беспрекорно добри Дрим Тим, во секој поглед и народно и забавно, секоја им чест на момците, сите ги кренаа на нозе!!! Воопшто да не се двоумите, ниту диџеј, ниту гајди, кавали, играорци чуда не ви се потребни...сами по себе се доволни се да покријат. Пофални зборови од сите гости, а ние уште посреќни и позадоволни!
Ми треба помош, ме интересира за музика, имате ли некој предлог за некоја нормална сума, се работи за мини свадба и да биде повеќе насочен према поп, рок, забавно, барем турбо фолкот да му биде 10% од репертоарот.
Здраво феминки. Со денови веќе барам добар бенд за свадба. Некој во стилот на Тумбао Салса или Плеј бенд и Филип Божиновски, но безуспешно. Сите се зафатени. Хи барав и Ѓоко Танески, Арија, Фортуна, Фидбек... никој не е слободен. Дали имате некој предлог за бенд близок до овие што ги набројав? Фала ви бескрајно!
Има едни добри дечки од Струга-Охрид мислам беја. Одлични се, минатата година присуствував на една свадба, јака журка направија со разновиден репертоар. Група Зарина, мислам ги има на youtube, побарајте...
Здраво #AnnA#, Бидејќи сакам и јас да ги ангажирам Дрим тим, ме интересира како иде со капарот. Дали потпишувате некој договор или...? Поздрав, Ирина
Здраво феминки Имате ли некое искуство и информации за група Тата Мата на чело со Гоце - Синтезис? Гледам дека на настапи многу убава забава прават и ги имат сите инструменти што ги сакаме, но често се по Австралија и Швајцарија па веројатно се и поскапи во однос на другите. И за Дамјан Стојановски се мислиме, ама изгледа нема своја група, сакав да видам и некое видео од тоа како пее на свадби ама нема. Мислења?
Мој совет е да не се прават комбинации бенд и посебно пеач бидејки колку и да се добри музичари сепак многу значи ако немаат свирено заедно може да настанат грешки. Имам присуствувано на свадба на која беа повикани многу познати музичари но никогаш не свиреле заедно и звучеа како почетници.
Поради тоа еве сакаме Дамјан, ама незнаеме дали има свој бенд, каква забава прави и затоа барав искуства и мислења од вас. Вака на печалбарски забави гледам убаво е, ама не е исто и свадба, а уште е рано да го контактираме бидејќи уште не сме закажале свадба.
Колку време пред свадба се закажува музиката? Ми треба препорака на музичари од околина Штип, Радовиш, Струмица?
Летово ќе правиш свадба? Музика, ресторан и фотограв колку што може порано, мои блиски и по 7-8 месеци унапред закажуваа за да ги ангажираат тие што сакаа.
Споделете искуство за Day Off. Ми ги препорачаа две другарки со тотално различен вкус за музика, ги слушале на две различни свадби, така да со викам мора да се супер бенд