ги најдов на фб, разговарав со еден друг член на групата но тој не знаеше како им е распоредот па ке се слуснеме пак и ми даде број од Трајче но моментално не е во Македонија фала ти многу, па ке ве известам што сум направиле
Феминки дали некој слушнал за диези бенд, мислам дека тој што пее е од Штип, дали сте присуствуле на некоја свадба кај што пееле ? Исто така ме интересира мислење од некој што бил на свадба каде што пееле Новица Василевски, Зуица Лазова за народниот и Панки или Бени Нон стоп на забавниот ?Некако изборот ми е помеѓу тие и морам брзо да одлучам ако сакам да најдам некој слободен
ј Јас сум присуствувакла на 3 свадби каде што пееа Биоритам и мислам дека направија невидена веселба на сите свадби само мислам дека се скапички
Feminki mislev da gi vikam Bravo bend za svadba i sega mi ngi kazaa nekoi tri sesiri i mnogu se site oduseveni.. Ima li nekoj slusnato za niv ili ideno na svadba. Ne sakam da imam povece od saat vreme kolo vodenje )
Супер се Три Шешири, прават преубава атмосфера и свират доста забавно. Исто така предобри се и Би Би Си бенд...на забавниот дел што го свират..а доста е долг нема кој нема да стане, самиот гитарист и пејач ја прави целата атмосфера
Би Би Си бенд ни свиреа на крштевката, имав прилика да ги видам на друга прослава и не сакав да ги повикам од причина што некако премногу рипаат и изводат јес да тоа и не е лошо за атмосфера ама се зависи од луѓето. На крај не можевме да најдеме друг соодветен бенд па моравме да се договориме со Би Би Си па и не испадна воопшто лошо, само немам претстава како изгледаат на свадба ама сигурно е истото само со повеќе луѓе поголема можност за повеќе атмосфера. На свадба ни свиреа Фортуна. Секоја чест за професионалноста, ги препорачувам топло.
Ако имаш некој контакт од Фортуна те молам пиши ми. Неможам на facebook да ги најдам. Фала на советот!! Многу сум збунета околу музиката. Ако има уште некој за Три шешии да каже нешто ?
Три шешири ти се врв за атмосфера, ама за следната година ако правиш свадба, пошто за оваа се пребукирани
Би Би Си свиреа кај мој братучед на свадба. Во целина не беа лоши, ама мене воопшто не ми се бендиса тоа трескање од земја до зајдување. Алал да му е на гитаристот што свиреше одлично, и пејачот што пееше и покрај такво рипање, ама мене тоа ми е премногу. Свири брате, направи атмосфера, ама остави го подиумот и гостите да можат да играат.
Мене лично не ми се допаѓаат Три шешири, премногу се трудат да бидат интересни и да направат атмосфера па некако се нападни. Легнуваа на подиум, се фаќаа на оро заеедно со гостите, коментираа и дофрлаа некои несоодветни шеги додека свиреа... За мој вкус тоа е премногу, а можеби некој си сака така. Јас сакав одмерени професионалци кои ќе дојдат да си ја завршат работата без многу фешти и глупирање и не згрешив во изборот-Кате и Нели ти реков направија супер атмосфера каде што сите играа а сепак свадбата не се претвори во циркус
девојки имате ги имате слушано алтернатор со новиот пеач менде сакам да си закажам за свадбата сите ми ги фалат ама не сум ги слушала
Феминки ви благодарам на сите за советите. Ги избрав Три шешири и слободни се пошто свадба правам во понеделник зошто ми текна оти вторник е неработен (28 август) исто како да е петок према сабота така да сите ми се слободни !!! Ке ви кажам како ќе биде !!!
Бев на свадба каде сто свиреа Фортуна, и сум презадоволна, и после незнам колку свадби, позитивно изненадена! Исто и Скопски Боеми многу ми се допаѓаат, и сега си ја трескам главата кои да ги одберам за мојата свадба... Хахахахаха, стварно е недоумица, цената е иста, двата бенда се просто совршени, не било и тоа лесен избор...
Искрено сликав на многу свадби и како што ми остави впечаток Петар Ренџов и групата никој досега не ми оставил (името како група не им го знамж). Значи феноменлани се, особено типот со саксафонот. И на Тоше бендот не се лоши, додека овие Браво бенд или што ги знам ми идеше да соблечам кондурите и да ги мавам..многу лошо, незаинтересирано колку само да протераат!
Јас и дечко ми годинава прв пат ги слушнавме Академци на една свадба, и сега за нашава воопшто не се мислевме! веќе се резервирани и уплатени супер едуцирани и искусни музичари, половина се професори на академија, а другиве од Танец...а дечкото што пее - преубаво! многу се културни и ептен прават атмосфера, ама не вештачка како оние шабаните од три шешира со стандардно НЕизненадување на младенците - стриптиз на една те иста песна Ју кен лив јор хет он..........одвратно! Културен репертоар (нема трубо фолк), културни и забавни момци - едвај чекам! Малку се посолени со цена од другиве, ама ни за денар не жалиме кога станува збор за музика!