Прашав за Влатко Лозановски да пее на забавниот дел и добив одговор 800еу. за 30-35мин. Очекував барем малку поефтино... цели бендови зимаат по толку. Се разочарав, а баш сакав тој да е.
Балканика бенд ти се топ Тајфата се добри Инструментал бенд ти се исто добри(пејачот Жаре има учествувано на Идол ). Немора па Лозано да биди
Фала ти за опциите Имав стриктно желба он да биде, ама бидејќи претерале со цените оставив само на главната музика да биде и забавниот дел.
Нема да згрешите со Феникс бенд од Штип. Моја другарка правеше свадба лани преубава атмосфера направија и ги отсвирија сите песни што претходно ги договориле без фалшови, шкрипења на звучници и сл. Поготово за рокче топ се! Гитаристот направи луда атмосфера
Искрено воопшто не ми се допаѓа кога идат на свадба пр Влатко или некој други фејмос фаци , свадбата се става во втор план , невестат и младоженец исто , сите се собираат околе Лозано или некој др пејач и личи на концерт , а за цени да не зборам се трескаат со тие цени ( јас цел бенд од 10 души платив 600 евра за мојата свадба ) ама кога има некој што и плаќа на овие па оти да не , супер за нив .. Според мене тој ден е ваш и така треба да остане доволно е музиката што ке ти свири да и нагласиш ако сакаш некоја песна да ти отсвират верувај ем поубаво ем поефтино ке ти биде ..
Ние веќе ги капарисавме Соната и Кате од Велес, 600 евра ни побараа, што е одлична цена, со оглед на тоа што цените од година на година енормно се зголемуваат.
Супер со среќа. Дали можеби знаете некој бенд кој би свирел половина час народно? Може да се и двајца.
Жени група феникс ги викнав за свадба. Навидум свират се, ми дозволија и сама да напишам репертоар. Ама дали добро звучат? Не сум била во жово да ги слушам, па малку сум скептик. Може некое мислење ?
Хелоуу.. Мене ме интересира дали некој знае како свират Скандал Састаф, битно ми е да има многу убава и жива атмосфера, не сакам монотони ора и такви работи, па би сакала некое мислење за нив.
Kaj drugarka svirea i mnogu bea site zadovolni svirat po zelba se sto ke se dogovorite i narodno i zabavno bukvalno se... Odat i po nevesta vo istata cena...mislam deka nema da zgresis
Искуство од Форца Бенд, ние разгледавме на јутуб и фб супер звучат ама како е атмосферата, искуства имате? Се мислиме да ги букираме
Одлични! Знаат како да направат атмосфера за сечиј вкус. Сакавме да ги ангажираме за летово ама немаа термини што ни одговараа. Инаку, ни побараа 900 евра.
Здраво девојки, Дали можеби некоја од вас знае за цени на Brass Brothers? Како за крај, околу 1 час да свират..