Уште од сега се закажани за две години унапред. Другарка ми прашуваше за свадба, ама немаа исто термини
Мислам дека 350 евра земаат без разлика колку време ќе свират. Другарка баш прашуваше и таа цена и ја кажале
Ти благодарам. Во меѓувреме слушнав и некои цени од 400 и 500 еур за нив, од свадби пред неколку месеци. Можеби најдобро е да ги исконтактирам.
Најдобро да си ги контактираш. Мојава информација е од пред 2 години, може ги кренале цените пд тогаш
За Brass brothers мене ми кажаа 45min за 400евра. - за Скопје зборам Предобри се за забава, но за жал не беа слободни за нашиот датум
Вчера ја изгледав нашата свадба за прв пат по 8 месеци. За 3 месеци требеше да е се организирано, септември месец тешко за топ бенд. Ние сакавме маестро или академци, маж ми се познава со маестро ама ништо тие 2 годни унапред треба. Никој не беше слободен, освен едни Балкан бенд, ајде појдовме да се видиме, јас кажувам што сакам тој ми пее упорно од аца лукас. Маж ми дал капар, да сме имале некој за сваки случај. Испадна брачеда негова ги имала на свадба, коментарот и беше одкажувај не слушаат тоа ти што ќе им кажеш, си тераат свои ќејф. На крај најдовме едни тринити бенд, два дена пред свадба се видовме, планот го кажавме и толку. Значи имаа само еден ден припрема, така добро се организираа, имаше за секого по нешто. Народно, забавно, тапани и накрај Бокаконга. Се тоа мораше да заврши до 12ч. Лудница, сите на нога, тие што имаа закажано свадба одма не прашаа кој е бендот. Иначе Бока скап ама атмосфера не да прај..
Ve molam predlog od nekolku bendovi sto pravat navistina dobra atmosfera i otprilika cena za niv dokolku znaete. Sekoe mislenje mi e dobredojdeno
Дали има некој искуство со Фортуна бенд, дали прават добра атмосфера и како сте задоволни? Исто така ме интересира за Мотив бенд мислење?
Да Капо бенд ми се моментално врв, млади дечки, репертоар за секоја пригода, а за пофалба е и Жаре Бербер.
Здраво девојки! да ми предложите бенд за мојата свадба. Ни треба некои што би свират и македонско(каролина, јаневски) ex-yu, англиско и народно...по можност да имаат виолина и гитара.
Маестро имаат виолина и гитара, не знам дали пеат странски ама добри се. Нас ни свиреа Фидбек и сме презадоволни. Виолина немаат ама сигурно има простор да се договорите. Пеат се што ќе побарате и ептен добра атмосвера прават.
Здраво женски ми треба ваша помош. Што мислите кои се подобри за свадба Скандал Састаф или Форца? Фала ви
Здраво многу сакам тапани, душа давам за тапани сакам за свадба имам идеја една па дали знаете кои би можеле да ми го изведат тоа..група некоја предлог нешто да бидат како што треба