Јас го закажував преку неговиот фејзбук профил илк фејзбук страница така да немам негов мобилен телефон. Побарај ако е страница би требало да има или мобилен телефон или емаил. Ако случајно нејдам ќе ти го пуштам во приватна.
Па нели 3000 вкупно, или Анета и Дамјан од мерак пееле кај вас кога веќе измислувате приказни барем потрудете се да изгледа пореално
Roki and friends, bendot na Toshe. Kulturni, bez da pravat koncerti od svadbata i snimaja storynja kako seljacista
Препорака за музика за веридба? Да не се прескапи, да бараат пари како за свадба Не мора да се ни полн состав, да свираат малку народно, малку нешто позабавно.
Подобро би ти препорачала некое радио што прави специјални емисии отколку цел бенд. Ние за веридбата имавме таква специјална емисија на прилепско радио Радио Холидеј се вика го слушаме преку интернет, а и не е скапо за 3 часа ни зедоа 2100 денари што значи дека часот е 700 денари.
Радио и жива музика не се споредуваат, според мене. Плус и во ресторан ќе правиме. Исклучиво жива музика сакаме.
Сигурно имате премногу пари.Реално тоа е премногу за наши услови.Но јас сум човек и да имам не би дала.Нас пред 5 години ни свиреа Дипломатик бенд не сум сигурна дали плативме 450 или 500 евра супер журка направија презадоволни бевме,но се сеќавам кога преговарав со нив се ценкав да ми намалат за 50 евра хаха.Им реков лани кај другарка свиревте за таа цена.Не намалија но затоа цел ден свиреа од сабајлето кај сопругот, кај мене и во хотел за таа цена.Сега се поскапи нормално, ова беше цена пред 5 години
Види вака за пари сите работиме и јас јас работам 3 работи наставничка по биологија во основно, спремам деца дома по биологија, и плус некогаш водам емисија на наше радио. Сопругот е медицински брљат во ГОБ 8ми Септември. Мајка ми е наставничка по музичко во средно. Татко ми е и овоштар и со радиото работеше до пред некој месец сега тоа радио е мое целосно. Свекор ми и свекрва ми си имаат сопствен бизнис со пчели и лози. А сега ако ме прашуваш мене и свадба би направила преку радио затоа што друго е кога те слуша цела нација т.е слушателите што го слушаат радиото, а јас и баш сум таков тип што сите сакам да знаат дека си правам веселба или сл. A и плус да дообјаснам еве денес празник специјалнава емисија што е почната од 13:30 часот сеуште трае значи уште малку ќе надмине 5 саати е тоа значи дека ќе треба да си платат 4000 денари бидејќи еден саат специјална емисија е 800 денари.
Малце офф топик ама пак е поврзано со музика. Колку пари се остава на музика и како иде тоа(бакшиш или како и да се вика)? Од песна или повеќе пати? Ако си ја нарачаш? Упатете ме и фала
Колку сакаш толку. Може ич, може од 5 евра нагоре 500 10е 1000 итн. Ако порачаш или ако те погоди во срце. Ако си во некоја функција пример невеста младоженец баба дедо итн тогаш кога ке водиш коло итн.
Здраво, јас барам бенд за свадба, ми треба нешто етно, народно, и сакам флејта. Значи да е македонски стил. Бев пред некое време на свадба и таму пееше една од пејачките од Синтезис групата, ама не успеав да ги прашам младите како се вика бендот. Некој да помогне? И дали некој има искуство со Пламенка Трајковска?