Здраво, Набргу правиме регистрација па ме интересира дали некој знае музичар што свири на синтизајзер и има познавање од модерна музика,забавна,не турбо фолк, не српски итн. Благодарам
Е ама простата раја дава толку. Ама битно куќата ќе им падне немаат пари за да ја реновираат и мебел да си купат нов, ама битно ќе даваат 1500 евра за музика, да се покажат во селото.
Пред 5-6 години бев на свадба кај роднина каде од музика имаше еден со синтисајзер и еден што пееше. Каква свадба беше немам коментар од преубаво. Бев на свадба каде имаше познат бенд кој кошташе многу а се осеќав како на погреб на свекрва, каде само снаата е весела. И за нас одбрав прва варијанта. Нема да биде полошо , само многууууу поекономично. Ептен се кренале цените. Јас поштувам секој што работи, печали и слично, ама претерано е ова веќе.
Јас сега скоро бев на една свадба они свиреа, не беше лошо солидни се, вака нешто повеќе не знам да кажам, во врска со цена и сл. мене ми се допаднаа
Zdravo feminki, da ve prasam za iskustvo so dobar bend od Skopje sto znaat i narodno i zabavno. I dokolku znaete koja cena se otprilika?
Сега брзо бев на свадба тие беа, сума сумарум предобри се, но единствено не ми се допадна нешто многу забавниот дел, не дека беше лош далеку од тоа, ама има веќе многу нови и убави забавни песни, ама сигурно во договор со нив може да се коригира и тоа. Мое мислење
Има некој тел. број од бендот на Тоше? Не можам на нет да најдам никаков контакт инфо. Некогаш читам дека се викаат Rocky & friends, некогаш Blue Funky Individuals, ни за името не сум сигирна. Би била благодарна за било каков контакт, емаил, фб страна, тел број, било што.
Бендот на браќа Нуне! Дечките се врв, ми направија свадба за паметење... Презадоволна бев, а богами и гостите!
Кај нас свиреа Корона. Беа ок, весело, немам замерки. Сега скоро бевме на свадба, некако не се тоа што беа. Како повеќе да се на тапани и само за пари ми делуваа. Детето е со нив на секоја свадба, а тоа едни фаци што правеше, како смачено да му е од се. Како на сила да го носат. Не знам, таков впечаток имам. Инаку, си се договарате што да свират.
Немам прочитано мислења од скоро време за Ареа бендот. Свират сеуште? Порано мислам имав прочитано дека ги ангажираат за свадби. Имал некој искуства, мислења?