Какво искуство имате со Александар и Дац? Дали пеат од нивните песни или и нешто покомерцијално, хитови некои македонски?
Боже господе и ова го има? Ние кога закажувавме за свадба една цена беше немаше прашање кој ден се паѓа за да ни кажат цена
Имате некој предлог за бенд што свири во главно забавно? Замислата ни е на почеток 1h максимум да има народно, потоа забавно македонско/српско, на потоа сакаме нешто конги вонстој стил.
Се свират, супер се. Прават добра забава, мене само не ми се свиѓа кај нив што си додаваат нивни делови на песните со тоа трубите браќава. Али се на се супер прават журка. Нема да згрешите.
Кај мене свиреа на свадба, искрено јас сум задоволна супер се дечките што и да се договорите ќе испочитуваат, свират секаков тип на музика. За мене најдобри се Маестро ама не беа слободни тогаш а и верувам сега се уште поскапи
Лани кога собирав понуди ми пиша 1250 евра мислам.. Скоро пријатели беа на свадба кај што бил он со бендот, он си пеел супер, убав глас и се тоа ама бендот рекоа затупел и со некои песни од 2010 терале забавен дел.. е сега не знам дали не се договориле ок со нив или сепак бендот си терал по свое, ама распрашај се убаво во секој случај
Сега бев саботата на свадба кај што свиреа они, затупеа со песните малце да, но углавно беа одлични. Што мислите за Артист Бенд? Ги гледав денес добри ми стојат