Сакаме да правиме некоја мала свадба, докај 60 луѓе. Нешто да препорачате музика, само да не се многу скапи
Кај брат ми на свадба свиреа Нуне, о се препредобри, во главно се беше супер, имаше секаков вид на музика, дечките свират и на труби, а едниот на тапан, и двата дела ги имаше, и мн добра атмосфера направија, Мими пее мн убаво, ептен е нежна и не е нападна воопшто. И забавен дел имаат, се оди во договор со вас, како ќе си се договорите така. Според сите нас одлична беше музиката и одлична атмосфера напеавија, нема да згрешите.
Здраво, наредно лето правиме свадба и за музика ги имаме договорено Група Маестро. Знам дека дечките се професионални гледам дека имаат многу снимки за народен дел мене ме интересира како се за забавен дел бидејки би сакале повеќе забавно. Дали свират и странско или само Мк и Ех-у.
Какви се Арија бенд во однос на народниот дел? Го имам слушано Филип на журки и супер пее забавно ама и за народно ме интересира. Исто така мислење и за Академци?
Ние ги закажавме нив. Добар е, на народното исто така пее Ивана од бендот. Според мене она е многу подобра
За кога ги закажавте? Ние планираме во мај, јуни следна година па да знам отприлика колку време однапред треба да се договори бендот. Која цена се? И исто така дали се видовте на некој состанок со нив да дискутирате подетално околу репертоарот или само на телефон ги договоривте?
Ние за оваа година. За следна година се 1500 сабота 1300 петок и недела. Ние ги закажавме 9м однапред. Состанок ни рекоа 2 3 недели пред свадба
Дечките свират се што ќе им кажеш. Имаат најразноврстен репертоар. Нас ни свиреа на свадба и беше предобро. Нема да има утка. Само договоретесе однапред месец дена пред свадната, што и како сакате, се придржуваат баш на се.
Според вас, кои се подобри, дали Арија бенд или пак Филип Божиновски со Плеј Бенд? Фала многу за помош
Браво бенд ќе свират на мојата свадба за 2 недели па ќе пишам какви се. Досега за комуникација супер делуваат, културни и секогаш достапни
Здраво, дали може да сподели некој искуство со Live band? Се двоумиме помеѓу нив и Филип Божиновски и Play band.
Нема да погрешиш со Филип, преубава журка прави,а и преубаво пее.Е сега кој како си се договори.Имаат и народен дел и воопштпо не е нападен. Гледам и погоре имаше конентари од задоволни феминки
Ти благодагодарам за одговорот. Ги читав и коментарите погоре за Филип, во глобала сите се задоволни. Сакав да споредам и со другиот бенд бидејќи и тие ни се допаѓаат вака колку сме во можност да процениме. Најбитно од се ни е свадбата да не ни се претвори во тезга со турбофолк српски песни но читав дека и тоа е предмет на договор со бендот, така да во ред е. Бевме на свадби периодов кај што свиреа баш познати бендови кои држат цена но нам такво нешто не ни се допаѓа, сакаме скромна интимна свадба..
Најважно мислам е вие да си кажете што сакате.Овие и приступачни се со цена. Мене најискрено Маесто ми се најдобри ама може веке и 2000 евра земаат