Не мора да значи дека поевтино е полошо и да, 1800 евра разлика се многу пари. Маестро бараат 2500, сосем солидни групи ми рекоа 700 и 800 евра.
Ние лани ги плативме 1600, и 2500 би ги платила искрено. Вредат секој денар. На 10 свадби бев, на две кај што беше Маестро, предобри е мал збор. И Енерџи се толку, ама врска немаа, бевме во Струмица лани на свадба буквално Ѓоко си мислеше концерт дека има. За тие пари воопшто не вредат пример, за разлика од Маестро.
Сум била на двата бенда по неколку пати. Различен тип на музика се, по мој вкус не се ниту еден ама тоа е вкус. Јас сум си поминувала убаво ба сите свадби зошто си играм каква и да е музиката, но цената како цена му звучи мн висока за во мк
Па баш ист тип на музика свират, си играм јас на сите свадби, ама бендот треба да знае и да направи атмосфера, а не да мисли пејачот дека е на концерт.
Јас каде што бев Енерџи пееа ептен шабанарија, а овие пееа помодерен фолк Инаку да, валјда му е дел од перформанс да се качи на бина и да пее малце песни
Погоре имам пишувано за нашата свадба,Филип Божиновски и Плеј Бенд,имаат зурла кавал тапан ....Не пее турбо фолк,екстра забава направи. Имаше нормално и српски песни,ама не турбо фолк.И не беа многу скапи барем во споредба од овие што и сама ги наброја. Не знам сега како е
Мислење за Дамјан Стојаноски и неговиот бенд? Како е за забавниот дел со нив, кој им е пејач? Дали на музичарите им се плаќа во евра? Бидејќи сите во евра кажуваат. И каков договор се прави кога ќе се даде капар, за да бидеме заштитени?
@luda.mala не можам да ти пишам порака, дали ќе сакаш да ми пишеш приватна и да ми кажеш околу Артист? Малце сум скептик во народниот дел. Ти благодарам
Искуство со Фантастик бенд , Плеј бенд со Филип Божиновски, Маестро и Енерџи? Сакаме да биде класична свадба со народно и забавен дел на крајот значи стандард. Разлика во цени меѓу првите два бенда и последните е огромна/дупла. Дали вреди за Енерџи и Маестро 2500е или и првите се океј? Фала многу.
Членката пишала цена за Филип оваа година 1400 евра (кај нас беше помалку) ама па во таа цена имаш и по невеста. И Маестро се предооообри ама скапиии Енерџи како на негов концерт да си јас не би ги избрала сигурно Ама кои и да ги одбериш нема да погрешиш. 1000 евра е разлика, венчаница е тоа
Live band имаат вклучено да ти пуштат песни на миксета по твој избор доколку сакате, во цената што се договара, чисто како информација да ви споделам.