Здраво девојки. Пред брзо правевме свадба и би сакала да го споделам моето искуство со бендот и потрагата по бенд. Совет број 1: прво се бара бендот, а потоа се останато. Ако бендот е лош, свадбата ќе биде лоша. Ресторан, декорации, тоа ретко кој го приметува. Совет број 2: поскапо не значи подобро! Ние бевме решени дека сакаме да ни пее Филип на свадбата. Не беше слободен, а веќе ги имавме резервирано ресторанот и сликарите. Потоа Арија, не беа слободни... Сета среќа наша била што не беа слободни овие популарниве бендови, па си го најдовме најдобриот бенд и си заштедивме половина од буџетот за бенд. Ги резервиравме Тринити од Велес, значи дечките направија толку добра свадба што луѓе што не беа на свадбата не прашуваа кој бенд ни свирел. А не коштаа само 600 евра!!!! Можеби се поскапени сега, а искрено и се надевам се зошто вредат дефинитвно повеќе од 600. Месеци пред свадбата ни пратија excel табела со сите песни што ги свират по свадби и ние да си одбереме што сакаме што не. Ми рекоа слободно да додадеме што сакаме, со време за ако нешто не знаат да научат. Ние сакавме малку позабавна свадба и немавме многу народно (30 минути се на се), дечките растурија. Се што сакавме да свират свиреа, секако имаше некои песни што не се вклопуваа па не можеше да се свират. Меѓутоа ме радува што не беа од оние бендови што вртат на турбофолк само за поголем бакшиш. Исто, многу важно музиката ја усогласуваа на расположението на гостите. Не можам да ви опишам колку предобро свират!!!! Ви оставам линк од нив иако не се промовираат многу на социјалните мрежи... Facebook
Значи дечки морам да ви кажам дека момциве (Happy End) се моментално број еден и најактуелни и најкултурни од сите бендови што ги слушнав летово (а бев на 7 свадби). Пред околу месец дена кај другарка пееа јас бев старосватица и нема човек што не прашуваше за нив на свадбава, направија ЛУДНИЦА буквално show, од странски хитови до мк забавно екс-ју - you name it! п.с ќе свират и кај сестра ми во 2025-та А и доста од термините им се busy така да... hurry up!
Роки (односно човекот што му беше во беднот на покојни Тоше со уште неколку луѓе) - свират рок и нпето плус забавно. Ние ги имавме на свадба пред многу години, за ора колку на почеток моравме друг бенд за ангажираме. Е уште по рок бенд Day Off. И еден и друг бенд свират во Beer Garden чисто да ги слушнеш. Е сега ако сакаш забавно од овие простори тогаш веројатно тие Арија (ама тие ќе пеат и малку турбо фолк што кај нас се смета за забавно). Бар јас кај што сум била така свиреле.
Можда е ствар на вкус што ги ангажираат... али јас бев на многу свадби годинава, и мене ми беа убедливо најлоши..
Здраво, дали има некој да сподели искуство со ОЗ Бенд, бендот на Огнен Здравковски? Или да предложите добар бенд што свири повеќе забавно, до 1200 евра.
Можно е. Јас ги немам слушнато да пеат на пример Sting, Dire Straits и такви слични. Повеќе екс-ју сум ги слушала ама може така младенците сакале.
Ве молам за препорака на бенд за свадба кои прави добра журка и за забавно и за народно. Сакаме свдадбата да биде пола народно македонско, пола забавно српско- македонска.
Кај нас беа Дуо Дис, преезадоволни сме. Народно македонско топ репертоар, никаков турбо фолк , патриотски песни и слично… забавно македонски евергрини и екс ју хитови
Предложете ми бенд што свири убаво и прави убава атмосфера. Сакаме нешто поразлично, да не е класична свадба со ора. Само на почеток сакаме да има народна македонска свадбарска музика и после тоа ќе имаме ДЈ. Арија ги имам слушано на две свадби, супер се. Ама сакам уште некој предлог
Пред неколку месеци кај сестра ми свиреа Седенка и сварно дечките и Елена се топпппп. Нема кој не рече дека си поминале преубаво и превесело. Во договор со нив свират што сакате вие. Сварно беше ептен весело и немаше човек да не заигра од убавата атмосфера.
Dali znaete vo koja grupa e sega peacot Vladimir Popovski i dali nekoj znae koja cena e so novata grupa