Наааајдобри ❤️ На нашата скорашна свадбa сите прашуваа кои се дечките. Направија предобра журка, иако се скромни и не се истакнуваат по социјални мрежи. Нема да згрешите со нив, топла препорака
Тотално се согласувам со тебе, истите импресии ги делам,како јас да сум го пишала ова. Секоја им чест ❤️
Здраво Сакаме да правиме некласична свадба, по можност да биде без ора или барем 30минути да има ора. Ме интересираат ваши искуства од вакви свадби? Свадбата би била 120-140 луѓе - најблиското семејство и пријатели. И двајцата генерално не сакаме ора, ама сакаме сепак гостите да се чувствуваат пријатно. Исто така, дали имате препорака за некој бенд што би можел да свири ора кратко и после да прејде на нешто позабавно - македонско и странско?
Имам пишано малце погоре за Арија бенд. Ние исто така би сакале повеќе да е како журка, забавна музика да има во глобала а многу малце ора на почеток. Ги имаме слушано на неколку свадби, одлични се. Ние нив ги закажавме
Здраво! Размислуваме за повеќе бендови, ако може помош за да имаме добра забава - Група Круна - happy end band ( хепи енд бенд) - сигма бенд - идеал бенд Ви благодарам
Зависи каква музика повеќе преферирате, јас лично ги имам слушано Сигма во живо и ми имаат оставено предобар впечаток од аспект што свиреа се од традиционално народно, екс ју, странско а и пејачот им е феноменален, пее се, и Хепи енд доста ги фалат, но не сум ги слушала во живо.
Зависи кој, ДЏ Бабура 250 евра, ДЏ Славе 15 000 денари, ова се некои цени од лани. Кај нас беше Бабура, јас сум супер задоволна. Кај другарка беше Александар Јордановски мислам и тој исто беше 250 евра.
Здраво, ми треба препорака за бенд за свадба. Прочитав искуства и од претходно ама сепак за следнава година може некој ќе сподели ново искуство. Преференци: Доаѓаме од источна македонија, не сакаме турбофолк, не сакаме премногу народно, форсирање на тапани и патриотски песни. Забавен дел да биде забавен, македонско, странско, екс ју.. Дали сите имаат опција и за преку ден? Други детали..? Благодарам
Пишете искуства со Live band Skopje. На видеа ми се одлични, ама дали знаат да направат добра забава. И, важно ми е да не се експонираат премногу околу луѓето за бакшиши.
Нема да згрешите со изборот, млади и енергични, прават добра забава и како им кажете и се договорете со нив се придржуваат до тоа.
Ве молам искуства со Група Седенка, дали има некој што им свирел на свадба, каква е атмосферата, дали се заедно на средина со зетот и невестата ?
Јас ги имам слушнато еднаш на мекици а блиски беа на свадба каде што свиреле они. И од двете места се поклопи дека озвучувањето им е прегласно некако, значи не е до салата/ресторанот. Пејачот има добар глас но млад е според мене и многу просто ми беше пее и кажува ајде вози вози (демек терај го орото) Не знам ова е само мое видување, а мој предлог е да побарате да ви кажат кога имаат некоја свадба и да појдете и да ги ислушате најпаметно
Фала за одговорот. За жал, немаме можност да ги видиме бидејќи не сме од Скопје, а периодов само таму свиреле. Веќе се договоривме па се надевам дека ќе ни ги исполнат очекувањата. Во однос на македонско/српско како беше?