Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z Мојот глас оди за Jay Z, затоа што песните и спотовите на Kanye West се на Jay Z, а овој другиов само ги пее. И секако затоа што и е сопруг на Beyonce'. Jay Z Rulezz
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z Jay-Z дефинитивно. Kanye не може на Jay Z на малото прсте да му се фати. Отсекогаш сум го почитувала Jay Z и неговата музика. Kanye не можам да го поднесам, да го гледам. Jay Z растур прави со песните, дури и на овој Kanye му прави песни (ако не се лажам). Со Beyonce двајцата царови се.
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z Jay Z Има подобри песни и повеќе ми се допаѓа музиката, и сопруг и е на Beyonce
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z Jay Z. Пред се зошто и е маж на Бијонсе. Има добри песни и соработки со други пејачи. Кање ми е невиден лигуш.По се што читам за него,ми се гади од неговото однесување.Баш и прилега на Ким,врз основа на тоа. Така да мојот глас оди за Џеј Зи.
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z Дефинитивно Jay Z! Има предобри песни, растур прави на концерти. Отсекогаш сум го почитувала бидејќи едноставно ѕвер е човекот во секоја смисла на зборот .
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z Jay Z! Искрено ни едниот ни другиот не ми се нешто посебно, меѓутоа кога веќе мора да се бира нека биде Jay Z бидејќи последниот албум на Kanye West воопшто не ми се допаѓа, ептен ми е мрачен и некако сите песни ми се исти. Инаку ми се свиѓаше нивната соработка во заедничкиот албум Watch the Throne.
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z ни еден ни друг, но кога мора - Jay Z (ем и е сопруг на Бијонсе ем поубави песни некако)
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z Jay Z - дека и е сопруг на Бијонсе и дека песните некако поубави ми се!
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z Џеј Зи е подолго време на сцената, има многу квалитетни песни, со самото тоа што е дел од ерата на Old School Rap има и предност, нормално. Меѓутоа мене ми е целосно одбивен и неговиот глас ми е многу напорен за слушање. Поквалитетен музичар е, ама лично за мене не прави особено ништо. Единствено ми доаѓа до израз во соработките со Џастин Тимберлејк или Канје Вест, а ми се допадна многу и соработката со Radiohead. Канје Вест е плиток, нема којзнае какви гласовни способности и е прилично егоцентричен расист, ама за мене има многу поубави песни, всушност имам десетици омилени од него и донесе сосема нов звук на сцената и го промени хип хопот во правец кој за мене задоволува критериуми кои порано не можев да ги пронајдам. Само заради песните, гласам за Kanye West.
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z Воглавно не го слушам ни едниот, ни другиот. Кога веќе треба да се бира би рекла Jay Z, има неколку песни што му ги знам и ми се ок, додека Kanye воопшто не го слушам, ниту пак како личност ми се допаѓа. Смешно ми е како го одбирате Џеј зи само ради тоа дека Бијонсе му е сопруга. Мене ме нервира што многу ја исфорсира Ријана и он уствари ја направи тоа што е денес. Ама сепак ми се допаѓа енергијата што ја има, за разлика од оној другиот што ми е малце досаден и неинвентивен. Епа ајде значи гласот мој иде за Џеј Зи.
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z Jaс освен прочуената 99 problems на Jay Z , не ги баратам другите негови песни воопшто, ако не ги сметаме оние неколку кои ги има со Бијонсе, Алиша Кис, онаа со Џастин, навистина немам слушано баш ништо во негова самостојна изведба. И многу ми е хардкор, баш како олдскул рап фелата и не ми е толку пријатен за уво, па и за денсање. За разлика од него пак, Kanye ми е екстра! Не пратам како и што издава албуми, ама ми се допаѓаат повеќето песни - певливи, игриви, журкаџиски. Не дека јас сум многу по журките, но до сега на пример не поминало ниту едно излегување или хоуммејд парти без да се пушти до даска Stronger, Heartless, Gold Digger, па дури и мојата омилена Love Lockdown и да не ги набројувам вака до бескрај, ама постарите хитови ми се предобри. Има и некои од оние поновите кои ги заслушувам, иако во последно време многу ретко ми текнува да си пуштам музика од тој тип, но во главно ми се допаѓа тоа што го имам слушано од него и потенцирам дека само на неговата музика играм ко улава. Мојот глас оди за Kanye, не затоа што е сопруг на госпожа Курдашијан, туку затоа што едноставно ми се допаѓа тој впечатлив ритам кој го има низ речиси сите негови песни.
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z Јас гласам за KANYE WEST. - Затоа што има многу добри песни и незаменлив е,посебно ми се допаѓа неговиот албум YEEZUS. И Jay Z e добар,мн ми е срце, ама повеќе го бива кога пее со некој.Например новата Holy Grail со Џастин.
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z Канје Вест. Оти „Мај бјутифал дарк твистед фентези“ е факинг ремек дело.
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z не ги слушам ни едниот ни другиот, ама пред некој ден гледав VMA 2013 и го слушнав Кање, катастрофа Пееше со аутотун.. со аутотун бе јас колку што знам таму се пее во живо, а секој добар пејач пее без обработка на гласот, ама изгледа овај не е.. За танцувањето па да не зборувам, како мајмун во кафез незнам, можеби има добри песни и некогаш пее добро, ама од она што го видов - гласам за Jay Z.. Да не пишувам причина - затоа што и е маж на Бијонсе (а тоа е дел од причината ), само ќе напишам дека од она што го видов, не ми се допаѓа Кање, па затоа останува Џеј Зи да го одберам
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z Кање Вест Овој период го слушам повеќе од порано, и многу ми се допаѓа звукот на неговите песни, а и гласот ми е океј за слушање. Омилена ми е Heartless. Како личност не знам каков е ама мене не ми е антипатичен. Не сум слушнала песна на Џеј Зи а да не е соработка со некој изведувач, само како додаток во песните ми е некако. Не гледам ништо посебно во него како изведувач за да има толкава слава, ама си врти бизнис човекот. Одвратни ми се и он и Бијонса, можда оти се според мене огромна комерцијала.
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z И двајцата се едни од најважните имиња во светот на музиката, ама кога би морала да одбирам мојот глас оди за Kanye West. Сеуште ги нема достигнато годините и искуството на Џеј Зи, но како што оди понапред во неговата кариера изненадува се повеќе со неговата креативност, ароганција и секако, метафорите во неговите текстови. Музиката што ја создава и продуцира е поприфатлива за широката маса затоа што секогаш има влијанија од други жанрови. Не се плаши да експериментира и да ја отвори секси ( ) устата повеќе од што треба. Секое парче музика што го создава го сметам за исклучително креативно зошто е поразлично од типичен хип-хоп. Џеј Зи одамна е на тронот на хип-хоп музиката и ја има достигнато почитта која ја уживаат само артисти од рангот на Тупак и Биги. За разлика од Канје кој секогаш изгледа дека пишува за да провоцира, Џеј Зи во песните вметнува одлични, искрени лирики на повисоко ниво. Би можела да кажам дека е најдобриот рапер на денешницата кој сеуште се држи до својот стил, секогаш оригинален, едноставно шеф. Единствена грешка што не можам да му ја простам е тоа што и овозможи кариера на Ријана..
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z Ајде Jay-z го доби мојот глас заради 99 problems. Единствената песна која сам ја напишал и го кажува тоа што го навистина го мисли и како живеел пред да го прослави некојси. А Kanye го го не го почитувам зошто личниот живот муе поинаков од тоа што го рецитира во песните, пример Diamonds from Sienna кога ја слушнав песната ме зарази, но потоа кога го видов прстенот на Ким....а и во gold digger изгледа како сам да си ја напишал својата судбина пред да си ја запознае вереницата. Двата ми се антипатични посебно гладот за слава и глупостите кои Jay ги прави на концертите на жена му а она како скрос изненадена...патетично.
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z Mојот глас оди за Jay Z. Kanye е арогантен, самобендисан расит, кој никогаш нема да биде на нивото Jay Z. Jay Z и покрај се има каде каде поквалитетни песни од него.
Дуел за оваа недела: Kanye West VS Jay Z Двајцата ми се страшно одвратни,ама веќе кога морам да изберам би го одбрала Џеј-З.феминката над мене го има опишано Кајње баш таков како што е јас на сето тоа ќе додадам дека е и едно големо Копиле