Дуел за оваа недела: Anne Marie VS Zara Larsson Иначе, супер што повторно се активира темата. Онака повеќе ми се свиѓаат песните на Зара, но мислам дека ѝ се многу повеќе обработени отколку оние на Ан Мари, затоа јас ќе гласам за Ан.
Zara Larsson 5 гласа, а 1 за Anne Marie. Во овој дуел победник е Zara Larsson, а за оваа недела дуелот ќе биде помеѓу Adele и Sia. Дуел за оваа недела: Adele VS Sia Гласам за Адел, бидејќи жената има прекрасен вокал, толку моќен, што за мој вкус е многу подобар од Sia.
Дуел за оваа недела: Adele VS Sia И двете ми се допаѓаат, имаат одлични песни, ама ќе гласам за Адел бидејки по моќен глас од нејзиниот нема.
Дуел за оваа недела: Adele VS Sia Адел, жената растура со гласот. Да имав глас ко нејзиниот по цели денови само ќе пеев. Сиа е 0 во споредба со Адел ако сме реални.
Дуел за оваа недела: Adele VS Sia Сите предлози што ги дадов беа со (за мене) препрејаки изведувачи, ама ова баш најтежок избор е Двете ми се меѓу најомилените пејачки на денешницата, така да ептен мала нијанса е во прашање. Што се однесува до гласот, оној на Сиа ми е прекрасен и специфичен, додека Адел ми е врв како моќен, класика вокал. Ама сепак ќе ја изберам Сиа поради подлабоките и разновидни пораки зад нејзините песни и спотовите - инспиративните Unstoppable и Titanium, и секако The Greatest. @Mr. Right изволи другарче
Дуел за оваа недела: Adele VS Sia Двете се уметнички на свој начин..Адел е перфекционист а Сиа е егзибионист...сепак Адел совршенство.
Дуел за оваа недела: Adele VS Sia Сиа. Нејзините песни и спотови се повеќе по мој вкус, а Адел ми е антипатична како појава.
Дуел за оваа недела: Adele VS Sia Сиа 1+ Кога би ме прашал некој пред 3-4 години би рекла Адел. Со теков на годиниве, разбирам колку уникатен стил и специфичен глас има Сиа, а глас многу сличен на Адел го имам слушнато од многу рандом девојки во живо, па затоа и дојдов до заклучок дека Адел може да се „повтори“ многу пати. Едно време Адел ја споредував со Џеси Џеј и во суштина тогаш дојдов до заклучок дека Џеси е неповторливата во однос на Адел, а дека постојат еден тон скриени таленти (и тоа под наше небо) со глас како Адел кои за жал не успеале да се докажат. Дури и споредувано со Сиа, за мене Сиа е подобар музичар, композитор и уметник, пред се. И сега се сетив: Како што ме има допрено песна од Сиа, уште пред да стане популарна, никогаш не се случило со Адел, иако сите песни и се срцепарателни. Башка и на гласот на Адел не стои динамична песна. Е ама детално објаснив, ама што да правам, морав
Дуел за оваа недела: Adele VS Sia Јас сум за Сиа поради специфичниот глас што го има. Не дека Адел, пее лошо, ама досега некој со глас сличен на Сиа немам чуено. Пејачки со добар глас ко Адел ги има повеќе. Плус, песните на Сиа каде - каде ми се свиѓаат повеќе.
Дуел за оваа недела: Adele VS Sia Мене повеќе ми се допаѓа Адел како пее од Сиа но и двете имаат убав глас
Дуел за оваа недела: Adele VS Sia Сиа, бидејќи бираме музичарка/пеачка. Гласот и песните повеќе ми се допаѓаат. А доколку беше како личност - Сиа е закон, ама Адел е царица!
Дуел за оваа недела: Adele VS Sia Awww, фaлa ви дечки зa Сиa. Не декa ми е oмиленa, aмa нaјдoбрa спoред мене ми е Сиa вo секoј пoглед. Имa специфичен, aнгелски глaс. Пoсебен глaс. Вoкaлнo сo Адел се исти, aмa Сиa некaкo имa мил, певлив глaс. Кoгa пее ти јa дoпирa душaтa, текстoвите фенoменaлни. Јa oдбрaв Сиa и пoрaди тoa штo пее секaкoв вид нa музикa и сo oвoј пoследниoв aлбум дoкaжa и пoкaжa декa мoже дa биде и Адел, и Бијoнсе, и Шaкирa и Кети Пери. Вo смислa декa е мнoгу дoбaр текстoписец и прoдуцент. Дoдекa Адел пее сaмo еден жaнр нa музикa, љубoвни бaлaди и тoлку. Дури и дoсaднa ми е сo песните. Три aлбумa еднo те истo пее. А, Сиa пее секaкoв вид нa музикa, oд бaлaди дo club/dance песни. Се знaе пoбедникoт, темaтa мoже дa се зaтвoри.
Дуел за оваа недела: Adele VS Sia Јас дури сега ја гледам темата. Нема ден да не слушам песни и од двете, и стварно ми е тешко да се одлучам. И двете имаат добри песни и одличен глас, и не се од вчера на сцена. Сиа располага со понежен глас според мене, за разлика од Адел. Односно... што знам. Има песни каде што буквално бојата на гласот и тоналитетот ти предизвикуваат морници. Додека Адел за мене е Skyfall, Chasing pavements, Hometown glory... каде што има нота на острина во гласот. Затоа гласам за Адел. П.С. Сега се сетив дури, дека Адел е од UK. Не жалам за изборот воопшто после ова.
Гласови за Адел: 1. @Dream-Girl 2. @k.frosina 3. @shz 4. @BlackMistery 5. @ушко 6. @Cute_Girl 7. @Snow-Star Гласови за Сиа: 1. @jacqueline.s 2. @Someonespecial 3. @ceca-1 4. @sjdgo 5. @Оленка* 6. @Ketchup 7. @littleflower 8. @buba4e89 9. @Mr. Right Со мала разлика победи Сиа Оваа недела дуелот ќе биде помеѓу Martin Garrix и Avicii, а предлогот е од мене За следните дуели пишувајте предлози, сите предлози ќе ги прифаќам и секоја недела ќе биде по некој од вашите предложени дуели. Дуел за оваа недела: Martin Garrix VS Avicii Јас гласам за Martin Garrix, бидејќи ми е омилен диџеј и поради него и почнав да слушам електро музика, а со години сум више заразена со тој тип на музика. Avicii е добар, но некако Garrix праи музика од душа, а другиов повеќе комерцијала за појше прегледи и слушаност. Или барем јас така ги доживувам.