Дуел за оваа недела: Bebe Rexha VS Dua Lipa Dua Lipa - повеќе ги слушам нејзините песни , од другава не знам ни една , мислам дека еднаш пуштив некоја на фејсбук што ја објавуваа не ми се свиѓаше и ја исклучив одма .
Дуел за оваа недела: Bebe Rexha VS Dua Lipa Дуа Липа повеќе ја слушам и песните и се навистина убави.
Дуел за оваа недела: Bebe Rexha VS Dua Lipa Гласот на Дуа ми е страшно иритантен, не знам зошто. Исто и јас не можам да ја сварам New rules, а и спотот не ми е нешто интересен, некако изнасилено и' звучат песните. За разлика од неа, Биби ми е многу впечатлива, гласот и' е специфичен и многу интересен за слушање.
Дуел за оваа недела: Bebe Rexha VS Dua Lipa Ги слушам и двете, Бебе е преубава има преубав глас а песните и се доста интересни ама Дуа Липа некако се издвојува од другите со песните и стилот, уникатна е и своја Dua Lipa
Според анкетата 23 гласа за Dua Lipa, а 6 за Bebe Rexha А според мислења со рецензии 7 Dua Lipa, 5 Bebe Rexha. Секако е победник Dua Lipa во овој дуел За следниот дуел по претходни предлози(конкретно овој предлог е од @ludoto19) ќе бидат Guns N'Roses VS Aerosmith Одлучив повеќе да нема анкета во која ќе се гласа за победници во дуел, туку ќе има анкета во која ќе има 6 предлози за следниот дуел и ќе гласаме кој дуел да биде следен. Редовно давајте предлози, сите предлози некогаш ќе бидат во анкета и секако некогаш вашиот предлог ќе биде во дуел. Останува правилото да се важат само гласови кои ќе бидат со јасна и прецизна рецензија, пожелно е да се коментира и за омилени песни, зашто ви се допаѓа или зашто не ви се допаѓа некој од изведувачите. Цитирања, мислења, но се во врска само со дуелите и темата. Сите оф-топици ќе се бришaт Дуел за оваа недела: Guns N'Roses VS Aerosmith Инаку за овој дуел јас гласам за Guns N'Roses. Тежок избор стварно и Aerosmith се одлични. Но, сепак guns n'roses. Нивните песни ми се некако многу поемоционални, се имам повеќе пронајдено во нив. Омилена песна ми е sweet child o'mine, дури со години и рингтон ми беше на телефон, песнава и од лични причини ме потсеќа на многу работи. Исто меѓу најдобри песни од нив ми се и November rain, Paradise city и Welcome to the jungle. Гласот на Axl Rose е незаменлив. Таков вокал еднаш у 100 години се раѓа Спојлер: Поминати дуели 1. Jennifer Lopez VS Rihanna 2. Christina Aguilera VS Britney Spears 3. Mariah Carey VS Whitney Houston 4. Linkin Park VS Maroon 5 5. Јustin Тimberlake VS Еnrique Iglesias 6. Александра Пилева VS Дани 7. Kanye West VS Jay Z 8. Владо Јаневски VS Калиопи 9. Дино Мерлин VS Жељко Самарџич 10. Anne Marie VS Zara Larsson 11. Adele VS Sia 12. Martin Garrix VS Avicii 13. Eminem VS Doctor.Dre 14. Beyonce VS Shakira 15. Shawn Mendes VS Charlie Puth 16. Paul van Dyke vs Armin van Buuren 17. Nicki Minaj VS Iggy Azalea 18. Robin Schulz VS Alan Walker 19. Bebe Rexha VS Dua Lipa
Дуел за оваа недела: Guns N'Roses VS Aerosmith Guns n Roses. Со квалитет ми се блиски овие две групи, но песните на Guns ми се подраги, а и Слеш некако ми ги прави Guns подобри, па го натежнува тасот на Guns надолу на вагата. Еден од поквалитетните гитаристи, по мое мислење. Но и целокупниот состав, песните... сето тоа прави да ги изберам првите.
Дуел за оваа недела: Guns N'Roses VS Aerosmith Guns n Roses дефинитивно. Таа емоција на Axl е незаменлива. Омилена песна Patience. Би било добро да има тема Sam Smith vs James Arthur.
Дуел за оваа недела: Guns N'Roses VS Aerosmith И двете групи се добри ама јас мојот глас го давам за Аеросмит, една нијанса само ми ги дели од ГнР Омилена нивна песна ми е оваа, ги сакам исто и Jaded, i don't wanna miss a thing , crazy , cryin, sweet emotion, Janie's got a gun итн итн, да не ги набројувам. Иако не ги гласав ГнР, нивна убедливо омилена песна ми е
Дуел за оваа недела: Guns N'Roses VS Aerosmith Никако не можам да се одлучам. Ги сакам и двата. Но, сепак мислам дека мојот глас ќе оди за Ганс енд Роузес. Не поради песните, туку факторот на носталгија и поврзаност зошто едноставно ги сакам повеќе.
Дуел за оваа недела: Guns N'Roses VS Aerosmith Овој тип на музика не е мај кап оф тии, и само одредени песни кои ќе ми прираснат за срце повремено ги слушам. Овој дуел за мене е November rain vs. I don't want to miss a thing. Покрај Sweet child o'mine и Don't cry на Guns n' Roses, и Crazy на Aerosmith. Многу стари групи, од подруго време, со огромен потенцијал и квалитетна музика. Исто добри секоја на свој начин. Сепак November rain.
Дуел за оваа недела: Guns N'Roses VS Aerosmith Guns N' Roses. Иако се продукт на влијание на Aerosmith, има повеќе харизма во тој бенд, а и нивните најголеми хитови ми се боље. И стилот на Axl од времето
Дуел за оваа недела: Guns N'Roses VS Aerosmith Две добри групи што не можам да се одлучам која конкретно и од двете групи знам по некоја песна, но ај нека биде Aerosmith.
7 гласови за ГНР и 2 гласа за Aerosmith Честитки за ГНР Овојпат дуелот ќе е помеѓу Linkin Park VS Pink Floyd Така одлучи анкетата Редовно давајте предлози, сите предлози некогаш ќе бидат во анкета и секако некогаш вашиот предлог ќе биде во дуел. Останува правилото да се важат само гласови кои ќе бидат со јасна и прецизна рецензија, пожелно е да се коментира и за омилени песни, зашто ви се допаѓа или зашто не ви се допаѓа некој од изведувачите. Цитирања, мислења, но се во врска само со дуелите и темата. Сите оф-топици ќе се бришaт Спојлер: Поминати дуели 1. Jennifer Lopez VS Rihanna 2. Christina Aguilera VS Britney Spears 3. Mariah Carey VS Whitney Houston 4. Linkin Park VS Maroon 5 5. Јustin Тimberlake VS Еnrique Iglesias 6. Александра Пилева VS Дани 7. Kanye West VS Jay Z 8. Владо Јаневски VS Калиопи 9. Дино Мерлин VS Жељко Самарџич 10. Anne Marie VS Zara Larsson 11. Adele VS Sia 12. Martin Garrix VS Avicii 13. Eminem VS Doctor.Dre 14. Beyonce VS Shakira 15. Shawn Mendes VS Charlie Puth 16. Paul van Dyke vs Armin van Buuren 17. Nicki Minaj VS Iggy Azalea 18. Robin Schulz VS Alan Walker 19. Bebe Rexha VS Dua Lipa 20.Guns N'Roses VS Aerosmith
Дуел за оваа недела: Linkin Park VS Pink Floyd Јас гласам за Linkin Park. Од секогаш ги слушав, можда е клише ама навистина ми помогнаа во животов. Тоа не значи дека Pink Floyd не се добри ама Linkin Park ми се и ќе ми останат најсаканиот бенд засекогаш!!
Дуел за оваа недела: Linkin Park VS Pink Floyd Не знам ниту една песна на Линкин Парк, а од Пинк Флојд знам доста песни и затоа гласам за нив за Пинк Флојд.
Дуел за оваа недела: Linkin Park VS Pink Floyd Повеќе преферирам рок и затоа ги бирам Linkin Park. Што се вика пораснав со нив и се пронајдов во многу песни. Жалам што веќе нема да биде се исто како порано. Квалитетна музика, особено старите хитови.
Дуел за оваа недела: Linkin Park VS Pink Floyd Две генерациски различни групи. Едната датира од 60-сетите, другата од 90-сетите. Секоја оставила белег низ времето во музиката, но мојот глас оди за Пинк Флојд-нивните песни ги знам. @IM.TMKQ и Пинк Флојд се рок бенд.