Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Музички дуел: Paramore VS Evanescence

Дискусија во 'Музика' започната од Buterflygirll, 8 јуни 2013.

?

Во следен дуел би сакале да бидат...?

Анкетата е затворена на 16 декември 2018.
  1. С.А.Р.С vs. Дубиоза колектив

    3 глас(а)
    60,0%
  2. David Bowie VS Black

    1 глас(а)
    20,0%
  3. ZZTop VS Dire Straits

    1 глас(а)
    20,0%
  4. Simply Red VS Simple Minds

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.667
    Допаѓања:
    79.679
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Linkin Park VS Pink Floyd

    Linkin Park дефинитивно. Pink Floyd се олд скул и ептен добри, ама сепак ЛП ги бирам најмногу заради Честер, омилен вокал ми беше (па и сеуште ми е). Каква енергија во тој глас... одсекогаш ми бил неспоредлив.
     
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Linkin Park VS Pink Floyd

    Како обожавател на двата бенда-Pink Floyd! Linkin Park ги слушав многу еден период (во емо фазата хахах) ама ми здосадија некои нивни песни. Pink Floyd ги слушам од кога знам за себе, и реално многу поголема уметничка вредност и тежина имаат нивните песни отколку на Linkin Park. Само да се сетам на текстот на една од нивните песни се опуштам максимално, а и не само вокалот, туку и инструменталот се совршени.
     
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Linkin Park VS Pink Floyd

    Не се изразив добро. Старите песни на Linkin Park за мене се баш класичен рок, новите не би ги ставила во иста група. Pink Floyd од друга страна драстично се разликува од типот на рок кој го пејат Linkin Park.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Linkin Park VS Pink Floyd

    Да во право си. И јас истото го мислев кога пишав дека генерациски се разликуваат, па и во начинот на интерпретирање.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.729
    Допаѓања:
    168.703
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Linkin Park VS Pink Floyd

    Убедливо Pink Floyd за мене. Песните им се фантазија, многу ме потсеќаат на мојот омилен бенд и Флојд ми беа отскочна даска кон нешто поинакво. Linking Park се одлични, многу, претерано добри, но не се my cup of tea.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.483
    Допаѓања:
    5.264
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Linkin Park VS Pink Floyd

    Pink Floyd, класика. Такви длабоки размисли кријат текстовите, само треба да знаеш да ги слушаш. Да ги чувствуваш всушност.

    You know that I care what happens to you, and I know that you care for me, too. So I don't feel alone of the weight of the stone now that I've found somewhere safe to bury my bone. And any fool knows a dog needs a home, a shelter from pigs on the wing.
     
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Linkin Park VS Pink Floyd

    Такви постови каде се плукаше дуелот, не мораше да ги бришете, можеше автоматски да ги земете како гласови за Пинк Флојд :D
    Мојот глас оди таму, неспоредливо поголемо задоволство ми предизвикуваат кога ги слушам, дури чувството наликува на она при доживување класична музика. Понатаму, текстовите те тераат да размислуваш пред да се определиш за нивното значење... (ако слушаш нивна песна во лошо душевно расположение, може да ти удри на психа). Пинк Флојд влегува во оние имиња кои поставија стандарди, некои детали кои денес се земаат здраво за готово.

    Линкин Парк се ОК... Numb ја прегорував кога имав 13 години, другото не ми останува во сеќавање, иако звучи квалитетно.

    Сакав да го прескокнам дуелот, ама сега мислам дека и не е лош, барем знаев што да изберам без двоумење.
     
    На theowndemon и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  8. Schhhh...

    Schhhh... Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2017
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Машки
    Дуел за оваа недела: Linkin Park VS Pink Floyd

    Не знам како ми промакнал дуелов???
    Искрено не знам колку може да се споредат двете групи.
    Пинк флојд група која правела психоделија со инструменти,уметност од музика,безвременска и по 50 години.
    Јас секој ден симнувам по еден албум да ја доживеам нивната трансформација од првиот албум па кон последните.

    За Линкин Парк не можам да зборам,тие што ја пратат нивната музика си пишаа погоре,јас освен со џеј зи дуетот друга и да не им знам песна.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Linkin Park VS Pink Floyd

    Нема што да се дискутира овде, се знае (барем за мене е така). Флојд те носат на едно патување, уметност во ретка форма, оригинален звук, имаат тежина нивните песни, квалитет, ќе бидат вечни. Од Линкин сакав две песни во мојата емо фаза во средно, толку.
     
    Последна измена: 20 октомври 2017
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    3 гласови за Linkin Park и 9 гласа за Pink Floyd :)
    Победата оди кај Pink Floyd во овој дуел

    Овојпат дуелот ќе е помеѓу Coldplay VS Maroon 5:D
    Така одлучи анкетата :) Редовно давајте предлози, сите предлози некогаш ќе бидат во анкета и секако некогаш вашиот предлог ќе биде во дуел. Останува правилото да се важат само гласови кои ќе бидат со јасна и прецизна рецензија, пожелно е да се коментира и за омилени песни, зашто ви се допаѓа или зашто не ви се допаѓа некој од изведувачите. Цитирања, мислења, но се во врска само со дуелите и темата. Сите оф-топици ќе се бришaт :)

    За следниот дуел јас давам предлог XXXTentacion VS Meek Mill :)

    1. Jennifer Lopez VS Rihanna
    2. Christina Aguilera VS Britney Spears
    3. Mariah Carey VS Whitney Houston
    4. Linkin Park VS Maroon 5
    5. Јustin Тimberlake VS Еnrique Iglesias
    6. Александра Пилева VS Дани
    7. Kanye West VS Jay Z
    8. Владо Јаневски VS Калиопи
    9. Дино Мерлин VS Жељко Самарџич
    10. Anne Marie VS Zara Larsson
    11. Adele VS Sia
    12. Martin Garrix VS Avicii
    13. Eminem VS Doctor.Dre
    14. Beyonce VS Shakira
    15. Shawn Mendes VS Charlie Puth
    16. Paul van Dyke vs Armin van Buuren
    17. Nicki Minaj VS Iggy Azalea
    18. Robin Schulz VS Alan Walker
    19. Bebe Rexha VS Dua Lipa
    20.Guns N'Roses VS Aerosmith"
    21.Linkin Park VS Pink Floyd
     
  11. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.483
    Допаѓања:
    5.264
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Coldplay VS Maroon 5

    Coldplay. Едноставно повеќе се пронаоѓам во нивните песни. Но во постарите албуми како Parachutes, A Rush of Blood to the Head, X&Y..Сега некако ми се одалечија од сликата што ја имав за нив..

    Edit: The Black Keys VS Oasis мој предлог за нареден дуел.
     
  12. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Дуел за оваа недела: Coldplay VS Maroon 5

    За Maroon 5.
    Кога ќе се за слушам негови песни заборавам да ги сменам :D
     
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.111
    Допаѓања:
    163.673
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Coldplay VS Maroon 5

    Coldplay, се разбира!!! :l: Уметници се во вистинска смисла на зборот, сонувачи, storytellers. Имаат по некоја песна за секое расположение, емоција и секаков период во животот, за секоја уметничка душа да се пронајде. За разлика од повеќето, јас си ги сакам и сега со звукот и значењето на најновите песни, колку и да изгледаат искомерцијализирани. Ништо покреативно и поуметнички немам видено од спотот за Up&up, потоа мотивирачката Paradise, веселата Adventure of a lifetime, да не зборувам за безвременските постари Viva la Vida, The Scientist, Clocks, Fix You... :inlove:
    Maroon 5 ми се онака само пријатни за слушање и размрдување, Колдплеј ми се меѓу најомилените бендови ever.
     
    На augustd, Ketchup и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Coldplay VS Maroon 5

    Coldplay, бидејќи влегуваш во некоја бајка кога ги слушаш и целосно те релаксираат, особено песните со смирен тон.
    The Scientist и Paradise едни од омилените, а од побрзите би ја издвоила Hymn for the weekend.
    Предлог: Three days grace vs Nickelback.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Coldplay VS Maroon 5

    Coldplay, омилен бенд. Не знам зошто но пејачот Крис Мартин тотално ми изгледа на човек што сака физика и математика, ова оф топик, ама таков ми е некако, како да знае некои тајни за Универзумот кој никој друг не ги знае. "How you see the world", "The Scientist", "Fix You", "Clocks" и останати, ресонираат со моите чувства и ме одвлекуваат во поинаква реалност и поинаков стејт оф мајнд, дреами.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Coldplay VS Maroon 5

    Coldplay ги перцепирам како нешто пооригинални, но ќе гласам за Maroon 5. Позабавни се, се осеќа она американското кај нив, влијание на фанк, денс ритам и т.н.
    Иако Adam Levine ми е некако антипатичен. Мислам дека тоа почна поради спотов:


    А Колдплеј се депримирачки малку повеќе. Најмногу ќе им ја паметам Talk, ми беше омилена песна одреден период од животот.
     
    Последна измена: 23 октомври 2017
  17. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Дуел за оваа недела: Coldplay VS Maroon 5

    Coldplay. Го делам истото мислење со тие погоре што гласале за нив.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.667
    Допаѓања:
    79.679
    Пол:
    Женски
    Предлози:
    Bob Dylan vs. Frank Sinatra
    Europe vs. Whitesnake
    Leonard Cohen vs. Phill Collins
    Duran Duran vs. Toto
    U2 vs. Muse
     
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    5 гласови за Coldplay и 2 гласа за Maroon 5.
    Победата оди кај Coldplay оваа недела :D

    Овојпат дуелот ќе е помеѓу ЕКВ VS Азра:D
    Така одлучи анкетата :) Редовно давајте предлози, сите предлози некогаш ќе бидат во анкета и секако некогаш вашиот предлог ќе биде во дуел. Останува правилото да се важат само гласови кои ќе бидат со јасна и прецизна рецензија, пожелно е да се коментира и за омилени песни, зашто ви се допаѓа или зашто не ви се допаѓа некој од изведувачите. Цитирања, мислења, но се во врска само со дуелите и темата. Сите оф-топици ќе се бришaт :)

    Дуел за оваа недела: ЕКВ VS Азра
    Јас гласам за ЕКВ. Двата бенда се добри, постари, квалитетни песни имаат, но ЕКВ ми се некако посебни.
    Ти си сав мој бол ми е омилена песна од ЕКВ. И срце е тука некаде ама сепак оваа другава ептен ми е фејв. Колку години и да ги слушам никогаш не здосадуваат :)

    1. Jennifer Lopez VS Rihanna
    2. Christina Aguilera VS Britney Spears
    3. Mariah Carey VS Whitney Houston
    4. Linkin Park VS Maroon 5
    5. Јustin Тimberlake VS Еnrique Iglesias
    6. Александра Пилева VS Дани
    7. Kanye West VS Jay Z
    8. Владо Јаневски VS Калиопи
    9. Дино Мерлин VS Жељко Самарџич
    10. Anne Marie VS Zara Larsson
    11. Adele VS Sia
    12. Martin Garrix VS Avicii
    13. Eminem VS Doctor.Dre
    14. Beyonce VS Shakira
    15. Shawn Mendes VS Charlie Puth
    16. Paul van Dyke vs Armin van Buuren
    17. Nicki Minaj VS Iggy Azalea
    18. Robin Schulz VS Alan Walker
    19. Bebe Rexha VS Dua Lipa
    20.Guns N'Roses VS Aerosmith"
    21.Linkin Park VS Pink Floyd
    22.Coldplay VS Maroon 5
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.196
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: ЕКВ VS Азра

    Многу ги сакам двеве групи, највлијателните бендови во музиката на екс Југославија. Ме потсеќаат на детството, ме потсеќаат на фамилијарни збиранки, на детски родендени не се слушало детски песни, исклучиво рок и.... ЕКВ :) За тоа музичко "наследство" заслужен е татко ми и многу сум му благодарна што мојот вкус за музика не застранил :D

    Ги бирам Екатарина Велика, андерграунд и рок полн емоции. Приврзана сум за многу песни, но еве ќе издвојам една што буди некое посебно чувство во мене:

     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.