Three days grace: 1. @Dream-Girl Nickelback: 1. @+++ 2. @theowndemon 3. @Bitter-Sweet 4. @sjdgo 5. @GrevMk 6. @IM.TMKQ 7. @Someonespecial 8. @blonde_supergirl 9. @Rainman 10. @BlackMistery 11. @shz 12. @friendy Убедлива победа на Nickelback, 12 гласа спрема 1 за three days grace Овојпат дуелот ќе е помеѓу U2 VS Muse Така одлучи анкетата Редовно давајте предлози, сите предлози некогаш ќе бидат во анкета и секако некогаш вашиот предлог ќе биде во дуел. Останува правилото да се важат само гласови кои ќе бидат со јасна и прецизна рецензија, пожелно е да се коментира и за омилени песни, зашто ви се допаѓа или зашто не ви се допаѓа некој од изведувачите. Цитирања, мислења, но се во врска само со дуелите и темата. Сите оф-топици ќе се бришaт За новиов дуел ќе гласам попосле да седнам убаво да се изјаснам пошо е ептен квалитетен и добар дуел Спојлер: Поминати дуели 1. Jennifer Lopez VS Rihanna 2. Christina Aguilera VS Britney Spears 3. Mariah Carey VS Whitney Houston 4. Linkin Park VS Maroon 5 5. Јustin Тimberlake VS Еnrique Iglesias 6. Александра Пилева VS Дани 7. Kanye West VS Jay Z 8. Владо Јаневски VS Калиопи 9. Дино Мерлин VS Жељко Самарџич 10. Anne Marie VS Zara Larsson 11. Adele VS Sia 12. Martin Garrix VS Avicii 13. Eminem VS Doctor.Dre 14. Beyonce VS Shakira 15. Shawn Mendes VS Charlie Puth 16. Paul van Dyke vs Armin van Buuren 17. Nicki Minaj VS Iggy Azalea 18. Robin Schulz VS Alan Walker 19. Bebe Rexha VS Dua Lipa 20.Guns N'Roses VS Aerosmith" 21.Linkin Park VS Pink Floyd 22.Coldplay VS Maroon 5 23.ЕКВ VS Азра 24.Nickelback VS Three days grace
Дуел за оваа недела: U2 VS Muse Мојот глас оди кај Muse. Од денот кога прв пат слушнав нивна песна ми значи за омилен бенд. Дечко ми знај да кажи дека се тешки за слушање, ама за мене се совршени. Песните на памет им ги знам. Инспирацијата за песни им е од книги кои ги имам читано, една од нив е и 1984. За омилена песна ... Не можам да се одлучам, па само ќе ви ја ставам песната која ми ја опишува душата од нив: Период средно ги слушав U2. Можеби некој друг да беше против нив, би се двоумела кој да изберам, ама штом Muse е во конкуренција, знам кој да изберам. #фандогроП
Дуел за оваа недела: U2 VS Muse U2, ги слушам уште од средно. Одлични песни, текстови, вистински квалитет. Повеќе се ежам на нивни песни. Предлози : R.E.M. vs Scorpions Placebo vs. The Killers Billy Idol vs. Joan Jett
Дуел за оваа недела: U2 VS Muse Иако ги слушам и сакам двата бенда, бидејќи имаат побудено емоција кај мене, гласот ќе оди за U2
Дуел за оваа недела: U2 VS Muse Ете гиии Мојот глас оди за Мјуз, се разбира. Еден од најомилените бендови ми се уште од основно и нешто нај„хардкор“ што слушам Дури и агресијата во нивните песни ми се допаѓа, ако може така да се нарече. Сите песни ми се допаѓаат, најмногу текстовите. Омилени ми се Mercy, Uprising со револуционерните текстови, Undisclosed desires - најсекси песната што ја знам според мене , и Resistance со текстот инспириран од 1984 И U2 ги слушам и ги сакам, ама Мјуз ми се посебни
Дуел за оваа недела: U2 VS Muse Без двоумење ги одбирам U2. Постар и докажан бенд што дo денес е актуелен. Еден од моите омилени. Оставија и се уште оставаат такви музички парчиња кои ќе вреди да се слушаат секогаш. Не можам да издвојам една песна која најмногу ја сакам, ниту да се ограничам на само две или три, од што се добри. Маѓепсуваат. Мјуз се квалитетни и пријатни за уво, ама повеќе ми асоцираат на тинејџерска публика (како и мноштво групи произлезени од 90-те).
Дуел за оваа недела: U2 VS Muse Спремам говор од сабајле, долго мислење ќе биде, осеќам. Muse секако Ко оние у филмови шо се дерат на запросување “ДА, СЕКАКО 100 ПАТИ ДА“, епа и ја викам 100 ПАТИ МЈУЗ Ги пронајдов една досадна вечер кога решавав прашања за екстерно. И од таа вечер со години веќе редовно си ги слушам. Песните им се врв ама не ја сфаќа баш секој таа музика, уметност е тоа, уметност. Омилена песна Hysteria ми е Еве баш сеа си ја пуштив. Да ме размрда пошо дремка ме фаќа. Dead inside е одлична исто така. За некого ова е агресија, но ја слушам и многу похардкор песни од ова, така шо ми се боза, башка ептен ми одговараат у расположение, есен и зима ми се посветени на рок најчесто. Ми одговараат со темнилата на времето. Muse се тука секој ден. Гласот на Matt Bellamy ми е многу некако секси, дури и таа агресивност во песните што ја искажува, мерак да ти е да слушаш. Да ги пееше некој друг песниве немаше да се толку добри. И за крај поздрав на сите фанови на Muse со песнава, безвременски хит!
Дуел за оваа недела: U2 VS Muse edit. И тука Само песни во живо можи да ме раскокат. (иако како Darth Vader зема воздух овде)
Дуел за оваа недела: U2 VS Muse Леле и Psycho забораив да ја спомнам дека ми е у топ песни од овие, срам да ми е Маченце е, маченце.
Дуел за оваа недела: U2 VS Muse Мене Psycho & the Handler најдолго слушани ми се, ми се чини. Имам уште еден предлог: Halestorm vs The Pretty Reckless
Дуел за оваа недела: U2 VS Muse Без сомнеж - U2! Мојот најомилен бенд на сите времиња. Пораснав со U2 и покрај емотивната вредност, сепак музиката повеќе се совпаѓа со мојот музички вкус. Ги слушам и Muse, но U2 си е U2. Eден е Боно, најфраер на сите времиња. Најомилена ми е I'll go crazy if I don't go crazy tonight. Не знам зошто, едноставно се топам на текстот и видеото ми е врв. '...It's not a hill, it's a mountain As you start out the climb Listen for me, I'll be shouting We're gonna make it all the way to the light But you know I'll go crazy if I don't go crazy tonight Baby, baby, baby I know I'm not alone...' Премоќно. И The Sweetest Thing, која ја засакав по книгата 'The Promise of Stardust'. Од таму ми остана навика да пишувам 'the sweetest thing' на замаглени огледала. Всушност, не знам дали има песна која не ми се допаѓа и која не ме погодила, а врвот секако ми беше нивниот концерт во Загреб во 2009. И јас и татко ми плачевме од среќа, не можам ниту да опишам без да се наежам и без пак да ми надојдат емоции и солзи. Тоа ми беше прв и единствен пат навистина да плачам и да чувствувам преголема среќа во исто време.
Дуел за оваа недела: U2 VS Muse Што правиме сега со анкетата? Со оглед ситуацијата во анкетата, јас имам предлог од денес до четврток да оди првиот изгласан дуел, од четврток до недела вториот, па после другата седмица стандардно, нов. Иако ги имавме Ганс енд Роузес сега скоро во дуел.
Оваа недела ќе биде едниот дуел, другата другиот Па после ќе бираме нов за другите недели убави предлози сте дале, ќе бидат во анкета понатака U2: 1. @Bitter-Sweet 2. @Matotheja 3. @sjdgo 4. @blonde_supergirl 5. @Mishela Muse: 1. @theowndemon 2. @Someonespecial 3. @Dream-Girl Победа на U2 во овој дуел Е сеа ми е криво пошо очекував Muse да победат мора да признаам Оваа недела дуелот е помеѓу Guns and Roses VS Jon Bon Jovi Редовно давајте предлози, сите предлози некогаш ќе бидат во анкета и секако некогаш вашиот предлог ќе биде во дуел. Останува правилото да се важат само гласови кои ќе бидат со јасна и прецизна рецензија, пожелно е да се коментира и за омилени песни, зашто ви се допаѓа или зашто не ви се допаѓа некој од изведувачите. Цитирања, мислења, но се во врска само со дуелите и темата. Сите оф-топици ќе се бришaт Спојлер: Поминати дуели 1. Jennifer Lopez VS Rihanna 2. Christina Aguilera VS Britney Spears 3. Mariah Carey VS Whitney Houston 4. Linkin Park VS Maroon 5 5. Јustin Тimberlake VS Еnrique Iglesias 6. Александра Пилева VS Дани 7. Kanye West VS Jay Z 8. Владо Јаневски VS Калиопи 9. Дино Мерлин VS Жељко Самарџич 10. Anne Marie VS Zara Larsson 11. Adele VS Sia 12. Martin Garrix VS Avicii 13. Eminem VS Doctor.Dre 14. Beyonce VS Shakira 15. Shawn Mendes VS Charlie Puth 16. Paul van Dyke vs Armin van Buuren 17. Nicki Minaj VS Iggy Azalea 18. Robin Schulz VS Alan Walker 19. Bebe Rexha VS Dua Lipa 20.Guns N'Roses VS Aerosmith" 21.Linkin Park VS Pink Floyd 22.Coldplay VS Maroon 5 23.ЕКВ VS Азра 24.Nickelback VS Three days grace 25.U2 VS Muse
Дуел за оваа недела: Guns and Roses VS Jon Bon Jovi Тежок избор. Сепак Guns and Roses Одличен бенд се, а Axl е супер енергичен на секој настап и дава одлична атмосфера Најдобра *може и за двете групи да се гласа, плиис Еве предлог Kiss VS Nirvana
Дуел за оваа недела: Guns and Roses VS Jon Bon Jovi Ај и јас едно сефте да направам тука. И двата бенда од моето тинејџерство, од мојата младост. Ултра популарни. И Аксел Роуз иЏон Бон Џови ми беа симпатии... Сепак изборот мој е G&R дефинитивно. На оваа возраст Бон Џовуиповеќе го доживувам како плачко наспрема Аксел . И навистина ми е криво шо немав можност летово да бидам на барем едне нивен концерт на опроштлната светска турнеја. беа во Виена, Прага и 2-3 германски града- како најблиску до нас де. Од мене поздрав за вас, со ПЕСНИШТЕ, СПОТИШТЕ, ТИП- типипол и ЖЕНСКА и пол
Дуел за оваа недела: Guns and Roses VS Jon Bon Jovi Take me down to the paradise city, where the grass is green and the girls are pretty, Ooo, won't you please, take me home! GN'R
Дуел за оваа недела: Guns and Roses VS Jon Bon Jovi Баш тешко прашање, групи од моето детство, израснав со МTV, добри песни имаат , но сепак за Bon Jovi се одлучив, најверојатно песните повеќе ми лежат одколку на GNR Its my life Always Blaze of glory bad of roses
Дуел за оваа недела: Guns and Roses VS Jon Bon Jovi Хмм ни едните ни другите не сум ги слушал толку многу. Има некои песни кои ми се допаѓаат од двете групи, не дека се лоши и едните и другите но јас сепак би одел повеќе со Bon Jovi. Има повеќе песни од Bon Jovi кои ми лежат повеќе, само искрено ако разговараме за кој има помоќен глас тогаш морам тука да му дадам предност на Axl Rose. Axl Rose во моментов го заменува Brian Johnson од AC/DC зошто истиот овој има проблеми со слухот и го почитувам зошто покажа дека може да пее толку моќни песни кои бараат неверојатен глас, а песните на AC/DC не може секој да ги пее, тоа е сигурно. Така да ако станува збор за текстови и музика тогаш повеќе ми лежат Bon Jovi но ако станува збор за пејач тогаш му давам предност на Axl Rose од Guns and Roses. Мојот глас оди кај Bon Jovi, конечен одговор.
Дуел за оваа недела: Guns and Roses VS Jon Bon Jovi Минатиот пат, во дуелот со Аеросмит гласав за ГНР, сега давам огромен глас за Бон Џови. Ганс ен Роузес се некако одбележани од периодот доцни 80-ти/рани 90-ти со старата постава, кога не сум била родена, или сум била бебе. Бон Џови го слушав во 2000-те, после се запознав со целокупниот опус низ три децении, кој го обожувам. Немаат песна што не ми се свиѓа. Веројатно ми се најомилена група од понова епоха. А ГНР знаат да ме успијат. Инаку, и двата се одлични бенда. И баш си личеле Аксел и Џон Б.Џ физички