Дуел за оваа недела: Џенифер Лопез vs Ријана Барем нека бидат од сличен стил, и нека бидат со искуство пејачи да ги знаеме сите Јас давам предлог нешто Мараја Кери со Витни Хјустон, или Кристина Агилера со Бритни Спирс
Дуел за оваа недела: Кристина Агилера vs Бритни Спирс Се прифаќа предлогот на Кравче, треба да бидат слични изведувачите и да има иста тежина гласањето. Може и групи, ете следниот дуел може да биде таков. Оваа недела Кристина Агилера и Бритни Спирс, двете се тука негде.
Дуел за оваа недела: Кристина Агилера vs Бритни Спирс Јас сум за Бритни! Иако и двете не ги слушам ,ама отсекогаш сум мислела дека Кристина е бледа копиија на Бритни. Последниот дует на Бритни назнам дали поради Вил амa ми се допадна песната http://www.youtube.com/watch?v=kYtGl1dX5qI
Дуел за оваа недела: Кристина Агилера vs Бритни Спирс Кристина Агилера, затоа што за разлика од Бритни има феноменални гласовни способности кои за жал во последно време не доаѓаат во преден план. Кристина е премоќен вокал и мислам дека е под нејзиното ниво тоа што се осуди да прави песни со Питбул и песни со глупава содржина од типот "all I wanna do is love your body, tananana ... " Ми недостига некогашната дива, откачена и винтиџ Кристина каква што ја паметам од Back to basics, па и од порано, кад је била млада и зелена тиква. Многу ја почитувам како вокал иако нели, ми оди на нерви во последно време, ама сепак предраги ми се нејзините песни за да дојдам до таа степен да почнам да не ја поднесувам. Бритни отсекогаш ми била подвижно крекало - кажете што ќе кажете, ама девојкава нема никаков впечатлив вокал, баш е онака ок да си пејуцка на караоке забави. Дури би рекла дека никако не би можела да ја споредам со некоја како Кристина.
Дуел за оваа недела: Кристина Агилера vs Бритни Спирс Дефинитивно Кристина,од мала мие No.1 Толку моќен глас,секогаш доминира со некоја специфичност,и енергија.
Дуел за оваа недела: Кристина Агилера vs Бритни Спирс И јас сум за Кристина Агилера само поради гласот, ништо друго.И двете ми се општо земено американско ѓубре, има далеку многууу подобри пејачки од нив.
Дуел за оваа недела: Кристина Агилера vs Бритни Спирс Кристина секако! Бритни е разгалено створење и не и е ни до колена на Кристина. Плус мене одсекогаш ми имала ужасен глас.
Дуел за оваа недела: Кристина Агилера vs Бритни Спирс Јас ич не знам, пошто и двете имаат убави песни. Има песни што многу ми се допаѓаат од Кристина, но, има и некои кои многу ми се допаѓаат од Бритни. Али, и во ова денешно време сите добри ѕвзди се расипаа. Од поп се свртија кон техно и дабстеп. на пример, оваа песна на Кристина е одвратна. http://www.youtube.com/watch?v=5jlI4uzZGjU додека оваа нејзина песна ми е врв. http://www.youtube.com/watch?v=-ScjucUV8v0 А, кај Бритни, песнава е ужасна. http://www.youtube.com/watch?v=T-sxSd1uwoU додека, оваа и е најубава. http://www.youtube.com/watch?v=C-u5WLJ9Yk4 А, во претходниот дуел, Џеј-Ло и Рири, и тие две 50-50 ми се.