Дуел за оваа недела: Slayer VS Slipknot Slayer. Slipknot ми се wannabe Slayer. Slayer како група имаат и поголема традиција од Slipknot а исто така е и една од групите кои ја сочинуваат таканаречената „Голема четворка“, која се состои од Metallica, Megadeth, Antrax и Slayer. Кери Кинг на гитара растура, а снимија исто така и доста албуми со еден од најдобрите тапанари во метал-сцената, Дејв Ломбардо (кој е иначе од Куба) и е познат по своите брзи и силни удари на тапаните. Том Араја како фронтмен исто така растура за мене. Омилени песни: Тука би ја додал и Raining Blood. Ова е Дејв Ломбардо инаку познат како The Godfather of the double bass. Мојот глас оди кај Slayer. Предлог за дуел: Iron Maiden vs Dio. Pantera vs Anthrax
Дуел за оваа недела: Slayer VS Slipknot и јас гласам за Slayer cuz they slay Предлог за дуел Дорс и Пинк флојд.
Дуел за оваа недела: Slayer VS Slipknot Slayer се едни и единствени-класика.Како што рече @sjdgo old school.Но,мислам сега е ерата на Slipknot.Имат добри песни во последно време,а и имаат поразличен стил од Slayer.Маските им се врв Спојлер Предлог ac/dc и guns n roses
Дуел за оваа недела: Slayer VS Slipknot Slipknot имаат различен стил на музика. Slipknot се поврзуваат со тоа што го свират Korn а тоа е Nu-metal. Slayer се традиционален trash metal band а овој тип на музика се карактеризира со брзи удари на тапани, брзи рифови (можеби преводов за ова ми е катастрофа, се извинувам за тоа) и така натаму. Тој тип на музика е настанат од trash metal исто како што trash metal е настанат од хеви-метал а хеви-металот од рок и хард-рок и така натаму да не навлегувам зошто и мене ми е скромно знаењето во врска со ова. Но, лично мене секогаш ќе ми се допаѓаат Slayer. Прво затоа што текстовите им се брутални и имаат доста подлабоки текстови од Slipknot а второ затоа што имаат многу повеќе признание и многу повеќе направено за метал музиката отколку Slipknot. Slayer се формирани 1980 (ако не се лажам) а Slipknot се 1995. А искрено и гласот на Том Араја е совршен и е многу побрутален од тој на фронтменот на Slipknot. Што се однесува до предлогот: Guns n Roses беа веќе двапати дискутирани и нема потреба третпат, а реално и стилот е претерано различен. Подобро ќе беше да ги ставиш во дуел со Deep Purple или Kiss. Не го сфаќај ова последново како напад.
Дуел за оваа недела: Slayer VS Slipknot Тогаш се извинувам,не сум забележала во претходните мислења. Предлог judas priest и metallica
Дуел за оваа недела: Slayer VS Slipknot Slayer дефинитивноооооо. Најдобри се нема конкуренција Предлог дуел: Arch Enemy vs Amon Amarth
Slayer: 1. @+++ 2. @sjdgo 3. @mr.mojo rising 4. @srhsejbsk Slipknot: 1. @theowndemon 2. @PogbaPol 3. @Hellobeautiful 4. @Anaxandra 5. @GirlRose За еден глас победа на Slipknot Оваа недела дуелот е помеѓу AC/DC vs Black Sabbath Редовно давајте предлози, сите предлози некогаш ќе бидат во анкета и секако некогаш вашиот предлог ќе биде во дуел. Останува правилото да се важат само гласови кои ќе бидат со јасна и прецизна рецензија, пожелно е да се коментира и за омилени песни, зашто ви се допаѓа или зашто не ви се допаѓа некој од изведувачите. Цитирања, мислења, но се во врска само со дуелите и темата. Сите оф-топици ќе се бришaт Спојлер: Поминати дуели 1. Jennifer Lopez VS Rihanna 2. Christina Aguilera VS Britney Spears 3. Mariah Carey VS Whitney Houston 4. Linkin Park VS Maroon 5 5. Јustin Тimberlake VS Еnrique Iglesias 6. Александра Пилева VS Дани 7. Kanye West VS Jay Z 8. Владо Јаневски VS Калиопи 9. Дино Мерлин VS Жељко Самарџич 10. Anne Marie VS Zara Larsson 11. Adele VS Sia 12. Martin Garrix VS Avicii 13. Eminem VS Doctor.Dre 14. Beyonce VS Shakira 15. Shawn Mendes VS Charlie Puth 16. Paul van Dyke vs Armin van Buuren 17. Nicki Minaj VS Iggy Azalea 18. Robin Schulz VS Alan Walker 19. Bebe Rexha VS Dua Lipa 20.Guns N'Roses VS Aerosmith" 21.Linkin Park VS Pink Floyd 22.Coldplay VS Maroon 5 23.ЕКВ VS Азра 24.Nickelback VS Three days grace 25.U2 VS Muse 26.Guns and roses VS Jon Bon Jovi 27.Chris Isaak VS Bryan Adams 28.R.E.M. VS Scorpions 29.Slayer VS Slipknot
Дуел за оваа недела: AC/DC VS Black Sabbath AC/DC ги имаат едни од најпродаваните албуми, полни концерти, жешки атмосфери, па и многу повеќе ми се искомерцијализирани. НО, Сепак мојот глас оди кај Sabbath - Iron Man, War Pig, Paranoid... Не велам дека AC/DC се лоши, но Sabbath се подобри.
Дуел за оваа недела: AC/DC VS Black Sabbath AC/DC Black Sabbath ми лежат исто така на срце. Групата која се смета за основач на хеви-металот и во неа имаат членувано луѓе како Рони Џејмс Дио на пример. Оваа група е основана 1968 година во Бирмингем и за разлика од AC/DC имаат подлабоки текстови. Како и да е, за мене AC/DC се класика и се исто така група која има инспирирано многу металци и рокери и ден денес се инспирација за многу музичари. Да се искомерцијализирани многу тешко. AC/DC се единствената група која успеа да го задржи некако стилот кој го негуваше со стапувањето на сцена на Бон Скот и го продолжи со доаѓањето на Брајан Џонсон. За разлика од Sabbath, AC/DC се група која и ден денес сè уште постои и сè уште се верни на своите обожаватели и покрај тоа што последно време претрпеа доста загуби како на пример умирањето на Малколм Јанг (претходно замина во пензија поради тоа што боледуваше од деменција), потоа пензионирањето на бас-гитаристот Клиф Вилијамс, и отпуштањето на Фил Руд, кој беше отпуштен поради тоа што стана претерано проблематичен, беше тужен и за закани по живот а читав и некаде дека почнал да се дрогира. Како и да е Ангус Јанг не застана тука и продолжи понатаму и не застана. Во моментов групата ја сочинуваат: Аксл Роуз, Ангус Јанг, Крис Слејд и Стиви Јанг. Затоа и ја имаат мојата почит. Групата како што знаете е формирана во Австралија, во 1973 година а името на групата потекнува од една кратенка од машина за шиење. Почетоците ги има низ пабовите во Мелбурн и првиот стил на рок-музика кој го имаат е глем-рок. Првиот фронтмен на AC/DC се вика Дејв Еванс. Како и да е, браќата Јанг се решаваат да го напуштат овој стил и за таа намена ангажираат пејач со поголемо искуство и пејач кој има соодветен глас за хард-рок стилот а тоа е Бон Скот. Бон Скот е тој всушност кој ги крева како група AC/DC на поголемо ниво. Бон Скот како фронтмен на AC/DC останува сè до 1980 година, февруари месец. Овој месец починува од труење на алкохол. Последната турнеја на Бон Скот како пејач е во Париз, во декември месец. Кога умира Бон Скот групата се решава да го ангажира Брајан Џонсон, кој инаку бил член на друга група која се нарекува Џорди и свири глем-рок. Групата се решава да го ангажира Брајан Џонсон зошто Џонсон како пејач им оставил голем впечаток на Јанг и на Скот откако овие го гледале на еден од неговите концерти со Џорди. Првин членовите на групата се во недоумица, не знаат како ќе го прифати публиката самиот Џонсон, но на крајот се покажува дека Џонсон е навистина правиот избор со оглед на тоа дека со неговиот прв албум Back in Black, издаден во 1980 година успева да продаде рекордни шеесет милиони примероци и со тоа станува најпродаваниот албум во историјата на рок-музиката и станува вториот најпродаван албум во светот на музиката, веднаш после „Трилер“ на Мајкл Џексон. Ерата на Брајан Џонсон трае сè до месец март, година 2016 кога ја напушта самата група поради тоа што му се заканува тотално губење на слухот. Некои велат дека е привремено, некои велат дека е трајно пензионирањето. Времето допрва ќе покаже. Како и да е човекот остана триесет и шест години во AC/DC. AC/DC како група влегуваат во Халата на славните во 2003 година (пред Black Sabbath, Black Sabbath влегуваат во 2006 година). Едните се воведени од страната на Стивен Тајлер а другите од Металика. Како и да е, AC/DC како група го имаат оддржано најголемиот рок-концерт досега заедно со Пантера и Металика во 1990 година. Концертот се има оддржано пред 1.6 милиони луѓе. Овој успех го немаат досега постигнато Black Sabbath. Станува збор за рок-фестивалот Monsters of Rock во Москва. Факт е дека AC/DC станаа најпродаваната група во историјата на рок-музиката и ги надминаа и самите Ролинг Стоунс. Ширум светот имаат продадено двеста милиони албуми и ниту една група нема досега толку продадено. Ајрон Мејден мислам дека имаат околу сто милиони примероци продадено. Како група AC/DC имаат доста почит од многу музичари како што се на пример: Ларс Улрих, Слеш, Џејмс Хетфилд, Иан Скот, Алис Купер, Дејв Гроул, Ван Хален, Блек Сабат , Ролинг Стоунс, Ајрон Мејден и така натаму да не набројувам. Од AC/DC како група нема да чуете никогаш политичка порака ниту пак некоја балада. Единствена балада им е You shook me all night long од албумот Back in Black. И тоа дури не е балада, текстот не е воопшто балада. Работата е тоа што знаат да направат жешка атмосфера, да го кренат расположението на секој со нивниот стил на музика, тоа е мајсторијата. Во групата најпознати членови се Малком Јанг и Ангус Јонг, но најмногу Ангус Јанг поради неговиот препознатлив Duck Walk (кој е инаку превземен од таткото на рок-музиката, Чак Бери) и поради неговата школска униформа. Омилени песни ми се: - Go Down - Problem Child - Let there be rock - Giving the dog a bone - Sin city - Down Payment Blues - Back in Black - Hells Bells - Have a drink on me - Flick on the switch - Guns for hire - Nervous Shakedown - Thunderstruck - Hard as a rock - Are you ready - Live wire - Shot down in Flames - Whole Lotta Rosie - Jailbreak - Cold hearted man - Flick on the switch како и многу други. Така да малку тешко е тоа дека се искомерцијализирани, со оглед на тоа дека многу музичари имаат препеано нивни песни (или имаат направено ете, covers на нивните песни направено). Да не должам понатаму, мојот глас оди дефинитивно кај AC/DC, макар и да не победиле на анкетава. И ајде, поздрав до сите рокери и металци:
Дуел за оваа недела: AC/DC VS Black Sabbath Се мислев дали да гласам... јер сатанизам. Ќе гласам за Ac Dc. Ги слушав до пред некое време и се баш редок музички квалитет. Ми беа најомилен бенд, а една од најслушаните песни, покрај You shook me all night long и Let me put my love into you : Предлог Ken Hensley vs. Rob Stewart
Дуел за оваа недела: AC/DC VS Black Sabbath Офф зошто ме терате да ги делам? Ги обожавам и двата бенда, не е фер Еци пеци пец, гласам за AC/DC Омилени песни: сите. Предлог за дуел: Manowar VS Kreator
Дуел за оваа недела: AC/DC VS Black Sabbath Тука читав на темава уште кога се смена, ама никако не можам да се натерам да гласам. Не можам. Ама мислам дека ... не, не знам. Ај нека биди AC/DC, со ист стаж ми се за слушање, особено средно, ама сега периодов сум освртната кон друг тип на музика, па кога се враќам на „изворното“ кое е за мене, одбирам бендови за слушање неколку и AC/DC е во нив. Песна која би ја издвоила е ... сите. Не само песнава, дел од плејлиста е, со дестина песни. Така да, да, гласам за AC/DC.
Дуел за оваа недела: AC/DC VS Black Sabbath AC/DC Омилени песни Highway to hell и Back to black Овој жанр на музика не е my cup of tea, ретко слушам, па немам ни некој реферат да напишам и нешто посебно за ова Другава група не ја ни слушам... Предлог за следен дуел: Skazi VS Infected mushroom или пак Talamasca VS Skazi
Дуел за оваа недела: AC/DC VS Black Sabbath Се работи за два квалитетни бенда, на свој начин. You shook me all night long им е најпозната на AC/DC и по неа ќе ги паметат веројатно. И останатите песнички им се добри за откачување, забава за најширока публика. Се согласувам со коментарот на членката околу искомерцијализираноста. Гласам за Black Sabbath, веќе прогласувана за најголемата метал група на сите времиња. Се гледа британска софистикација. Поезија. Спојлер Темите на обработка им ги впивам и се мој предмет на интерес, исто така. Морам да забележам дека постари песни на Блек Сабат звучат посовремено, од понови на АC/DC.