Дуел за оваа недела: AC/DC VS Black Sabbath Wanna tell you a story, about a girl I know... She ain't exactly pretty, ain't exactly small AC/DC
Дуел за оваа недела: AC/DC VS Black Sabbath До членките што се чувствуваат разочарано за тоа што морале да одбираат помеѓу овие два бенда: само да ви кажам дека ми е жал, како што пишав, станува збор за две квалитетни групи кои ги почитувам многу и затоа решив јас да ги ставам двете групи како предлог за дуел. Блек Сабат заслужуваат противник како AC/DC. Двете групи имаат влијаено врз стилот на многу музички групи и затоа заслужуваа да се стават во дуел. Тоа е и финтата, да се добијат квалитетни дуели. Е сега гледам некако дека моиве предлози за дуели (Pantera vs Anthrax и Iron Maiden vs Dio) некако лошо ќе поминат неделава. Следен предлог за дуел (и мислам дека тоа ќе биде тежок дуел ако се избере предлогот): Deep Purple vs Led Zeppelin Е сега, имам тука две видеа на лагер од Ангус Јанг и Тони Ајоми, според мене врвни гитаристи. Има и други гитаристи кои се супер ама овие двајца се врвот, барем за мене. Првиот веќе знаете е член на AC/DC а вториот е член на Black Sabbath: Можете да оставате ваши коментари и во генерала за групите. Јас тој реферат за AC/DC го напишав зошто сакам повеќето да се запознаат со нивното дело. Имам истражувано и за Black Sabbath ама не толку колку што имам за AC/DC. Па ако има некој да додаде нешто нека повели.
Предлог од мене: Imagine Dragons vs. twenty one pilots... Дајте нешто поново и хипстерско ко за мене, одамна не ми се погаѓа да коментирам Или Eros Ramazzotti vs. Tiziano Ferro, да прошараме со нешто италијанско
Еј, де спарете ги I see stars со некој. Не ги слушам и не знам каква музика прат и со кој би било правилно да ги спарам, ама имам голем crush на Девин и сакам да го изберам дип за фацата. Површна сум бе. Преубав ми е се, ама една песна не можам да му ислушам.
Дуел за оваа недела: AC/DC VS Black Sabbath Ги слушам АЦ/ДЦ, али е селски бенд, многу се глупираат на нивните концерти. Гласам за Блек Себет, класа се поквалитетни. Благодарност до сите што гласате за мојот предлог. Нов предлог од мене Еминем и Џеј Зи.
AC/DC: 1. @+++ 2. @Bitter-Sweet 3. @srhsejbsk 4. @theowndemon 5. @Dream-Girl 6. @zhap4e Black sabbath: 1. @boo3 2. @sjdgo 3. @mr.mojo rising Убедлива победа на AC/DC @Someonespecial и ја сум за да прошараме и со други видови музика, ја еве на пример ептен сум по ЕДМ, некој по поп музика, а најчесто се некои метал и рок изведувачи, така се погаѓа и нема врска, ептен квалитетни ни се дуеливе во последно време според мене секоја недела треба од различен вид музика да е дуелот, ептен појако ќе е така И ете изминати 30 дуели, баш ми е мило што веќе ве има во поголем број што коментирате и што темава што не беше активна од 2013та, а годинава ја активиравме Ова ќе е последен дуел годинава, се надевам во 2018та ќе имаме 50+ нови дуели(нели секоја недела по еден ) и дека се поактивна ќе е темава Оваа недела дуелот е помеѓу The doors VS Pink Floyd. Редовно давајте предлози, сите предлози некогаш ќе бидат во анкета и секако некогаш вашиот предлог ќе биде во дуел. Останува правилото да се важат само гласови кои ќе бидат со јасна и прецизна рецензија, пожелно е да се коментира и за омилени песни, зашто ви се допаѓа или зашто не ви се допаѓа некој од изведувачите. Цитирања, мислења, но се во врска само со дуелите и темата. Сите оф-топици ќе се бришaт Спојлер: Поминати дуели 1. Jennifer Lopez VS Rihanna 2. Christina Aguilera VS Britney Spears 3. Mariah Carey VS Whitney Houston 4. Linkin Park VS Maroon 5 5. Јustin Тimberlake VS Еnrique Iglesias 6. Александра Пилева VS Дани 7. Kanye West VS Jay Z 8. Владо Јаневски VS Калиопи 9. Дино Мерлин VS Жељко Самарџич 10. Anne Marie VS Zara Larsson 11. Adele VS Sia 12. Martin Garrix VS Avicii 13. Eminem VS Doctor.Dre 14. Beyonce VS Shakira 15. Shawn Mendes VS Charlie Puth 16. Paul van Dyke vs Armin van Buuren 17. Nicki Minaj VS Iggy Azalea 18. Robin Schulz VS Alan Walker 19. Bebe Rexha VS Dua Lipa 20.Guns N'Roses VS Aerosmith" 21.Linkin Park VS Pink Floyd 22.Coldplay VS Maroon 5 23.ЕКВ VS Азра 24.Nickelback VS Three days grace 25.U2 VS Muse 26.Guns and roses VS Jon Bon Jovi 27.Chris Isaak VS Bryan Adams 28.R.E.M. VS Scorpions 29.Slayer VS Slipknot 30.AC/DC VS Black Sabbath
Дуел за оваа недела: The doors VS Pink Floyd Нема одбирање поинаква музика дур има сатанисти на темава. За мене тука нема двоумење, Pink Floyd. Не би ни да образложувам, едноставно ги слушам, ме релаксираат, ми значеше за еден од преодни бендови.
Дуел за оваа недела: The doors VS Pink Floyd Тука јас го давам гласот на The Doors. Со нивното дело тие оставија голем белег врз рок-музиката. А Џим Морисон и ден денес важи за рок-икона. Песните им се чиста поезија. Секој ја знае песната Riders on the Storm, било кој да прашаш, макар и таа личност која не слуша рок-музика. Мене најомилена песна од The Doors ми е:
Дуел за оваа недела: The doors VS Pink Floyd Два од петте најдобри бендови на сите времиња. За мене, Pink Floyd заедно со Joy Division се најважните бендови во рок историјата. Единствено на Pink Floyd би им замерил на хипер продукцијата на албуми и тоа што од албум до албум не се изедначени по квалитет. Aли дури и последниов албум Endless river е како симфонија за некои бендчиња, да се разбереме. Од друга страна Џим Морисон е еден од неколкумината луѓе шо човек може да каже дека му е љубоморен, барем јас де. Неверојатна харизма, од друга страна лицемерни ликови како Боно U2 добиваат титула сер. Гласот оди за Флојд, имаат барем 5 генијални албуми кои не се толку искомерцијализирани.
Дуел за оваа недела: The doors VS Pink Floyd /\ Мене U2 никогаш не ми се допаѓале како група, дури и не можам да ги сфатам луѓево како можат да ги слушаат, али тоа е тоа, секој има различен вкус. Флојд па од друга страна го имаат и третиот најпродаван албум во историјата на музиката а вториот најпродаван албум во рок-музиката и самата нивна музика сведочи за квалитет. The Doors да бидеме реални и се помалку познати во Македонија ама ако говориме за тоа кој има повеќе направено јас сметам дека тоа се The Doors. Ова е сепак само мое мислење.
Дуел за оваа недела: The doors VS Pink Floyd Е, ова може! Гласам за Пинк Флојд. Психоделични, со длабока лирика, легендарни. Wish you were here, Comfortably numb и Another brick in the wall им се култни
Дуел за оваа недела: The doors VS Pink Floyd Pink Floyd. Ако некој медитира со Оliver Shanti, јас медитирам со Pink Floyd. Kicking around on a piece of ground in your home town Waiting for someone or something to show you the way Tired of lying in the sunshine staying home to watch the rain You are young and life is long and there is time to kill today And then one day you find ten years have got behind you No one told you when to run, you missed the starting gun Во друг дуел би ги гласала Doors-и искрено, но во овој не можам. Ако сакате нешто различно во дуел мој предлог е Mogwai VS Vanilla.
Дуел за оваа недела: The doors VS Pink Floyd Ова е веќе дуел каде не наоѓам замерка. За некои претходни имав забелешки, малечки или поголеми, ама не ги пишував, зашто и онака ќе беа избришани. Двата бенда ми се еднакви по величина, макар што Дорси останаа во 60-те, со Џим Морисон, а Пинк Флојд оттогаш еволуираа со годините, предводеа еволуција, впрочем. Ми нема голема разлика од Пинк Флојд до класична музика, а и Дорс не заостанува многу, опусов на двеве групи те опушта колку што ти ги затегнува емоциите, со тоа што Пинк Флојд се доследни на артот, а во Дорс се осеќа нешо позабавно, на амерички начин... Барем јас така перцепирам. Тешко ми е да одлучам за кој да гласам и се двоумам откога гледав како води предлогот на анкетата. Пинк Флојд сум ги слушала повеќе, искрено. Another Brick in the Wall ја потпевнував во детството, беше веќе стара песна, а не делуваше старо. Кул и допадлива за дете во секое доба. Денес сум расположена да издвојам нешто друго како омилено. Сепак, го давам гласот за Дорс, затоа што Пинк Флојд води и победува, а група како Дорс не заслужува убедлив пораз. И затоа што, колку и да ми се подлабоки и поблиски текстовите на Флојд, не можам да занемарам дека биле патетични и клише одвреме-навреме, со „несфатеноста“ во својот хуманизам, пацифизам и сл. Без навреда кон легендите
Дуел за оваа недела: The doors VS Pink Floyd Едно време толку замре темава што не ја отворав, и сега гледам сум пропуштила десет предобри дуели За овој дуел, меѓу The Doors и Pink Floyd, гласам за Pink Floyd од проста причина што The Doors, макар колку и да имаат култен статус и големо музичко влијание сепак замреа и останаа во 60ите, додека Pink Floyd буквално нема кој не ги знае, ги издржаа доследно децениите и сворија песни за сечие уво и срце Предлог дуел: Iron Maiden vs Metallica
The doors: 1. @+++ 2. @sjdgo Pink Floyd: 1. @theowndemon 2. @Bitter-Sweet 3. @Priroden 4. @Someonespecial 5. @boo3 6. @MagsDestiny Убедлива победа на Pink Floyd Оваа недела дуелот е помеѓу Deep Purple VS Led Zeppelin Редовно давајте предлози, сите предлози некогаш ќе бидат во анкета и секако некогаш вашиот предлог ќе биде во дуел. Останува правилото да се важат само гласови кои ќе бидат со јасна и прецизна рецензија, пожелно е да се коментира и за омилени песни, зашто ви се допаѓа или зашто не ви се допаѓа некој од изведувачите. Цитирања, мислења, но се во врска само со дуелите и темата. Сите оф-топици ќе се бришaт Спојлер: Поминати дуели 1. Jennifer Lopez VS Rihanna 2. Christina Aguilera VS Britney Spears 3. Mariah Carey VS Whitney Houston 4. Linkin Park VS Maroon 5 5. Јustin Тimberlake VS Еnrique Iglesias 6. Александра Пилева VS Дани 7. Kanye West VS Jay Z 8. Владо Јаневски VS Калиопи 9. Дино Мерлин VS Жељко Самарџич 10. Anne Marie VS Zara Larsson 11. Adele VS Sia 12. Martin Garrix VS Avicii 13. Eminem VS Doctor.Dre 14. Beyonce VS Shakira 15. Shawn Mendes VS Charlie Puth 16. Paul van Dyke vs Armin van Buuren 17. Nicki Minaj VS Iggy Azalea 18. Robin Schulz VS Alan Walker 19. Bebe Rexha VS Dua Lipa 20.Guns N'Roses VS Aerosmith" 21.Linkin Park VS Pink Floyd 22.Coldplay VS Maroon 5 23.ЕКВ VS Азра 24.Nickelback VS Three days grace 25.U2 VS Muse 26.Guns and roses VS Jon Bon Jovi 27.Chris Isaak VS Bryan Adams 28.R.E.M. VS Scorpions 29.Slayer VS Slipknot 30.AC/DC VS Black Sabbath 31.The doors VS Pink Floyd
Дуел за оваа недела: Deep Purple VS Led Zeppelin Led Zeppelin.Група која има многу хитови.Ретко кој не ја знае Whole lotta love.И дип парпл ми се многу добри.Имам плочи и од двете групи.Често си ги слушам на грамафон.Мојата љубов кон овој жанр на музика потекнува од овие две групи.Сепак,Led Zeppelin ми се за нијанса подобри.
Дуел за оваа недела: Deep Purple VS Led Zeppelin Искрено не знам за кој да гласам. И двете групи според мене имаат придонесено многу за музиката, особено за хард-рок музиката. Сметам сепак дека Led Zeppelin се повеќе препознатливи по Stairway to Heaven, исто како што Deep Purple се препознатливи многу по Smoke on the Water. И тие песни ги знаат сите. Се согласувам сепак дека Whole lotta love е исто така позната песна како и Kashmir. Deep Purple додуша сè уште постојат како група иако имаат доста промени направено како и во стилот на музиката така и во составот. Единствениот член кој е останат во групата, а потекнува од времињата кога почнале да се оформуваат е тапанарот. И двете групи се формирани крајот на шеесетите и двете групи се исто така британски групи. Мојот глас оди кај Deep Purple. Но ги сакам исто така и Led Zeppelin многу.
Дуел за оваа недела: Deep Purple VS Led Zeppelin Гласам за Led Zeppelin. Култни групи се, имаат големо влијание врз рокот низ децениите, но не ми се меѓу најомилените групи и се мислев за кого да го дадам гласот бидејќи од двете групи има добри песни кои нема кој не ги знае. Одлучувачки за да дадам глас тука ми беше токму Whole Lotta Love, а да е поиронично, повеќе ми се свиѓа една од обработките на песнава (верзијата на Hollywood Vampires) отколку оригиналот, ама ај Предлог дуел: Alice Cooper vs Marilyn Manson