Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Музички дуел: Paramore VS Evanescence

Дискусија во 'Музика' започната од Buterflygirll, 8 јуни 2013.

?

Во следен дуел би сакале да бидат...?

Анкетата е затворена на 16 декември 2018.
  1. С.А.Р.С vs. Дубиоза колектив

    3 глас(а)
    60,0%
  2. David Bowie VS Black

    1 глас(а)
    20,0%
  3. ZZTop VS Dire Straits

    1 глас(а)
    20,0%
  4. Simply Red VS Simple Minds

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Iron Maiden VS Metallica
    Скроз различни бендови и двата драги.
    Вокалните способности на Брус се далеку подобри од на Џејмс. И повеќе уживам да го слушам него, но Металика ми се омилен бенд особено раните албуми (до Блек албум ерата, после стануваат благо срање) и затоа ќе гласам за нив.
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.066
    Дуел за оваа недела: Iron Maiden VS Metallica
    И јас го имам дефинитивно истото мислење. На Џејмс гласот е катастрофа сега. Еве еден пример од изведбата на Metal Militia заедно со Дејв, првиот гитарист на Металика и основач на Мегадет:
    Се чувствува како нема сила да ја пее оваа песна едноставно.

     
    На Matotheja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Iron Maiden VS Metallica
    Мојата омилена против омилената група на маж ми :D
    Ептен се согласувам со напишаново и алал да ти е на исцрпните излагања за групиве :)

    Но и покрај ова јас сепак гласам за Металика, гласот на Брус никогаш не сум можела да му го смислам :)

    Кај нас дома поредовно се слуша Ајрон Мејдн, пошо жена тешко доаѓа до даљинско :D
     
    На boo3 и +++ им се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Дуел за оваа недела: Iron Maiden VS Metallica
    Два исклучително квалитетни бенда.Во вакви случаеви одбегнувам да коментирам.Но,мојот глас оди за металика.И ајрон мејден и металика се бендови кои многу ги почитувам.Но,металика ми даваат некое посебно чувство кога ги слушам.




    Од Ајрон мејден можам да ги издвојам како најдобри (иако немаат никаква утка).Бенд кој сеуште опстојува и една од поновите кои ми се допаѓа е
    Eди им е маската по која се препознатливи.Сума сумарум на се,ако може по 0,5 гласа да се дава.Мене ми дадите 0,5 за металика 0,5 за ајрон мејден. :D:D
    https://www.youtube.com/watch?v=qEja72NSg5Q
    https://www.youtube.com/watch?v=dTaD9cd8hvw Една од поомилените песни воопшто ми е
    https://www.youtube.com/watch?v=dx5KnFr9xSk
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.066
    Дуел за оваа недела: Iron Maiden VS Metallica
    А тој на Паул ди Ано ?! Можеш неговиот глас да го поднесеш? :)
    Инаку убаво е што ги слушаш дома Мејден, ќе навикнеш на нив и ќе ги заборавиш Металика. :D




    Али ајде, мојата најомилена песна од Металика ми е оваа:



    Ниту една песна не им вреди како оваа. Многу длабока песна со многу добра порака за тоа што може да направи војната од еден човек и до каде да го доведе.
     
    На theowndemon, Kitten, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Iron Maiden VS Metallica
    @+++ ма немаат шанси, Металика ми се љубов од тинејџерски денови ;)

    Да не знаеш кој е бетер...мразам таков тип на гласови, за мој вкус се многу крештави :shake: (lalala)
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.066
    Дуел за оваа недела: Iron Maiden VS Metallica
    :(

    Најмногу ми е криво само што им замина од групата Џејсон. За мене тој беше многу петарда човек и има на моменти пеено песни место Џејмс. Гласот му е ептен како тој на сатаната. Роберт ми е тапа. Инаку не знам дали знаеш али синот на Роберт беше ангажиран за една турнеја на Корн. :)
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Iron Maiden VS Metallica
    Да, знам дека има пеено Џејсон, го имам слушано.
    За синов појма немав, во задно време немам време да сум толку детално посветена на музика, не сум информирана :D
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.610
    Допаѓања:
    167.286
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Iron Maiden VS Metallica
    Ми се провна мене некако известувањето за темава ...
    Гласам за Metallica. Со претешко срце.
    Имав период средно кога константно ги слушав Iron Maiden, па маици си купвав, па се дивев, ама Металика секогаш имаше посебно место кај мене безразлика што никогаш не ја слушав константно, или пак да имав период само за неа, едноставно беше тука кога ќе ми се прислушаше и кога немаше да сакам да слушам било што друго.
     
    На GirlRose, +++ и Kitten им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Iron Maiden
    1. @+++
    2. @sjdgo
    3. @MagsDestiny

    Metallica
    1. @friendy
    2. @srhsejbsk
    3. @boo3
    4. @elimkd
    5. @PogbaPol
    6. @buba4e89
    7. @zuto
    8. @Justicija
    9. @Matotheja
    10. @Kitten
    11. @GirlRose
    12. @theowndemon

    Убедлива победа на Metallica :D

    Оваа недела дуелот е помеѓу Eminem VS Jay Z :D
    Редовно давајте предлози, сите предлози некогаш ќе бидат во анкета и секако некогаш вашиот предлог ќе биде во дуел. Останува правилото да се важат само гласови кои ќе бидат со јасна и прецизна рецензија, пожелно е да се коментира и за омилени песни, зашто ви се допаѓа или зашто не ви се допаѓа некој од изведувачите. Цитирања, мислења, но се во врска само со дуелите и темата. Сите оф-топици ќе се бришaт :)


    1. Jennifer Lopez VS Rihanna
    2. Christina Aguilera VS Britney Spears
    3. Mariah Carey VS Whitney Houston
    4. Linkin Park VS Maroon 5
    5. Јustin Тimberlake VS Еnrique Iglesias
    6. Александра Пилева VS Дани
    7. Kanye West VS Jay Z
    8. Владо Јаневски VS Калиопи
    9. Дино Мерлин VS Жељко Самарџич
    10. Anne Marie VS Zara Larsson
    11. Adele VS Sia
    12. Martin Garrix VS Avicii
    13. Eminem VS Doctor.Dre
    14. Beyonce VS Shakira
    15. Shawn Mendes VS Charlie Puth
    16. Paul van Dyke vs Armin van Buuren
    17. Nicki Minaj VS Iggy Azalea
    18. Robin Schulz VS Alan Walker
    19. Bebe Rexha VS Dua Lipa
    20.Guns N'Roses VS Aerosmith"
    21.Linkin Park VS Pink Floyd
    22.Coldplay VS Maroon 5
    23.ЕКВ VS Азра
    24.Nickelback VS Three days grace
    25.U2 VS Muse
    26.Guns and roses VS Jon Bon Jovi
    27.Chris Isaak VS Bryan Adams
    28.R.E.M. VS Scorpions
    29.Slayer VS Slipknot
    30.AC/DC VS Black Sabbath
    31.The doors VS Pink Floyd
    32.Deep Purple VS Led Zeppelin
    33.Iron Maiden VS Metallica
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.066
    Дуел за оваа недела: Eminem VS Jay Z
    AC/DC ви благодарам што ме конвертиравте во рокер.

    Е сега, морам да си кажам дека во основно слушав рап. :lol:
    Дури и бев во филмови влезен и така се облекував. Жалам металци и рокери, ама не ме ставајте на клада.
    Тука би го дал гласот за Еминем. Џеј Зи ми е претерано искомерцијализиран и никогаш не сум го сметал за добар рапер. И Еминем додуша не е нешто поарен ама во минатото не беше воопшто комерцијала и вадеше доста добри песни. Инаку човеков е роден во Детроит, и имал доста тежок живот. Кариерата ја почнал со улични рап-дуели во Детроит и така успева да постигне невидена слава, особено затоа што бил белец и покажал на еден начин дека и белците можат да рапуваат добро како црнците. Во неговите песни сепак се честа тема неговиот живот, тешкотиите кои ги имал со неговата мајка како и љубовта кон неговата ќерка. А морам да признаам дека исто така служел човеков како инспирација за доста луѓе кои имале сличен живот на неговиот. Кој не го гледал 8 Mile филмот да го гледа, интересен е, а глуми и Еминем во него. Правилното име му е Маршал Метерс. Како талент бил откриен од страна на Dr. Dre кој е иначе поранешен член на NWA и тој му помага и го прави тоа што е денеска.

    Да не должам, песни кои ги почитувам (зошто веќе не ми се омилени) се:









    Има и од Џеј Зи некои песни, ама доволно беше и ова, ме здоболе главата од рапов, доста е. :)

    Мојот глас оди кај Еминем.
     
    Последна измена: 14 јануари 2018
    На Someonespecial и Kitten им се допаѓа ова.
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Дуел за оваа недела: Eminem VS Jay Z
    Рап,поштувам,но не слушам многу.Но,Еминем е мојот избор неделава.Има прекрасни текстови,дУбоки пред се.Навистина е Rap God :bow::bow:.Џеј Зи го знам како јавна фаца,ама не ми се допаѓа и тоа е.





    Да не претерувам и јас сега. :lol:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Eminem VS Jay Z
    Eminem го слушав во основно, само него и Hopsin можам да ги поднесам како рапери. Jay-Z тек-тук ако слушнам надвор некоја песна од него а сама никогаш немам пуштено.

    Мојот глас оди за Eminem, а како поомилени песни ќе ги издвојам:





    https://www.youtube.com/watch?v=JByDbPn6A1o
    https://www.youtube.com/watch?v=D4hAVemuQXY
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.986
    Дуел за оваа недела: Eminem VS Jay Z
    Има пар добри ствари Jaz-z, ама нормално дека Еминем го јаде. У принцип, не му ги знам новиве песни, али затоа кога бев во основно и средно ми беше врв. Мислам дека од увек омилена ми е "The Way I Am", го обожавам бесот у неа, инструменталката е предобра, а и римите се топ.



    "Stan" е една од најлегендарните песни некогаш направени во човештвото според мене и тоа е доволно и најмногу што можам да го кажам за таа песна.

    Ќе издвојам 2 многу стари песни од него, од неговиот прв официјален албум "Infinite", а тоа се песните "Infinite" и "Backstabber". Стилот му е тотално друг, али текстовите се можеби меѓу неговите најдобри. Каква имагинација има, какви рими... оган.

    Од "Slim Shade" Ep-ито и Lp-то ќе ги издвојам: "Just Don't Give A Fuck", "Guilty Conscience" и "Role Model". Тоа е тој Еминем, бре! Какви времиња, уфф... ми фали искрено у овој стил, со тие лирики! Добро, тука и на Дре му е друг стилот, скроз 90-ти звук праат.

    "The Marshall Mathers" Lp-то ми е омилен албум од Еминем. Тука уште го држи Слим Шеди, што ми се допаѓа. Контроверзен, со извртена имагинација, луди лирики, остри рими, прљав стил. "Stan", "The Way I Am", The Real Slim Shady" и се' помеѓу! Нема лоша песна.

    "The Eminem Show" според мене е најзрелиот негов албум. Е тука е поизразен Еминем, а не толку Слим Шеди. Ја издвојувам "Cleaning Out My Closet" како најбоља, дури и 2ра после "Stan" севкупно од цела дискографија.



    Искрена, екстремно персонална, тажна, но неописливо инспиративна. Римите така добро вклопени... со песнава ги кине сите со кои и да го споредиш."White America", "Soldier", "Say Goodbye Hollywood", "Without Me", "Sing For The Moment" (како се имам пронаоѓано у песнава кога растев...) и се' останато.

    Тука застанувам со албумите, зошто за мене Еминем е ова.
    Ко за крај една од неговите најдобри општо, од soundtrack-от на "8 Mile":

    "Lose Yourself"

    И уште нешто; праеше човекот интересни настапи, не е ко денешниве рапери со разголени гзови, танги, ефтини сцени, бледи рапувања без емоции и чувство за ентертејнинг....



     
    На elimkd, Someonespecial и +++ им се допаѓа ова.
  15. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Eminem VS Jay Z
    Рок/метал е моето прибежиште, не сум многу по рап, но неделава давам дефинитивен и непокорлив глас за Eminem.

    Jay-Z од никогаш не сум го поднесувала, што знам зошто, онака и на фаца ми е антипатичен, и во гласот, и песните не му се (според мене) ништо посебно; единствено жими Crazy In Love, дуетот со Beyonce, што ми е океј.

    Eminem, има доста песни кои ми одат на живци, особено оние од the real slim shady ерата, некако ми се прелигави и напорни.
    Но, затоа има траки толку реални и брутални, глава боли.
    Би ги споменала: Like Toy Soldiers, Lose Yourself, When I'm Gone, Cleanin' Out My Closet, Beautiful, Not Afraid, Space Bound, Love The Way You Lie (ft. Rihanna), The Monster (ft. Rihanna), Guts Over Fear (ft. Sia), River (ft. Ed Sheeran) - предобри текстови, искрени, груби и емоционални :bow:

    Предлог дуел, бидејќи неделава не го гледам на листата за гласање, па пак ќе го дадам:
    Alice Cooper vs Marilyn Manson
     
    На Someonespecial и +++ им се допаѓа ова.
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Eminem VS Jay Z
    Помеѓу овие двајца би го избрала Eminem.
    Омилена песна: Space Bound.
     
  17. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.066
    Дуел за оваа недела: Eminem VS Jay Z
    @MagsDestiny

    Не знам дали ја знаеш песната, но ако сакаш да чуеш нешто брутално, слушај ја Kim од Еминем. :)
    Веќе горе ја ставив, ама ете, чисто ако не си ја слушала ти ја препорачувам. :D
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Eminem VS Jay Z
    Eminem
    Песна: Beautifull, I'm afraid
     
  19. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Дуел за оваа недела: Eminem VS Jay Z
    Леле, што ми ја спомна, ми ги отепа ушиве :worried:
    Не сум ја слушала, ова прв пат беше. Ама гледаш, ова е веќе пребрутално, и од оној тип траки кои така... не му ги поднесувам баш :D почитувам искреност, особено како во оние кои ги набројав, ама ова ми се граничи малку со налудничавост :drunk:
    Човеков буквално оди од крајност во крајност со текстовите, тоа е бар сигурно :smirk:
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Дуел за оваа недела: Eminem VS Jay Z
    Eminem,секако.