Заборавив да пишам дека Дивље јагоде имаат нешто репетитивно во нив, а тоа е глупо, исто така имаат и префорсирани песни кои брзо здосадуваат (на пример, „Криво је море“ и „Мотори“), и маваат на народњачко. Малку се двоумев за кого да гласам, ама деталите што ги наброив во претходниот пост, одлучија. И да повторам и во овој дуел, дека немам навика да слушам екс-ју музика.
Не слушам нешто многу екс-ју музика, но тоа што го слушам признавам дека е мошне добро, и неоспорно е дека има многу квалитетни рок бендови и песни од овие простори. Овојпат гласот ќе го дадам за Van Gogh. Од Divlje Jagode знам помалку песни, иако се повеќе, така да се изразам - искомерцијализирани и познати како бенд од екс-ју. Како една од поубавите песни од нив, би ја издвоила Kap Po Kap Од друга страна, Van Gogh се и еден од неколкуте српски рок бендови со кои Johnny Depp има свирено во Белград, во раните 90ти години, па тоа им е голем плус кај мене Дефинитивно омилена од нив - Anđele Moj Brate - едноставно прекрасен текст
Van Gogh: 1. @Касија 2. @Justicija 3. @Kitten 4. @elimkd 5. @Antolinaa 6. @MagsDestiny Divlje Jagode: 1. @Bitter-Sweet 2. @CrazyGirl15 3. @lovely97 4. @Quuen 5. @SummerGirl 6. @sjdgo Нерешен резултат овојпат Оваа недела дуелот е помеѓу Bruno Mars VS The Weeknd. Дајте некои предлози, веќе немам шо да пишам во анкетава Редовно давајте предлози, сите предлози некогаш ќе бидат во анкета и секако некогаш вашиот предлог ќе биде во дуел. Останува правилото да се важат само гласови кои ќе бидат со јасна и прецизна рецензија, пожелно е да се коментира и за омилени песни, зашто ви се допаѓа или зашто не ви се допаѓа некој од изведувачите. Цитирања, мислења, но се во врска само со дуелите и темата. Сите оф-топици ќе се бришaт Спојлер: Поминати дуели 1. Jennifer Lopez VS Rihanna 2. Christina Aguilera VS Britney Spears 3. Mariah Carey VS Whitney Houston 4. Linkin Park VS Maroon 5 5. Јustin Тimberlake VS Еnrique Iglesias 6. Александра Пилева VS Дани 7. Kanye West VS Jay Z 8. Владо Јаневски VS Калиопи 9. Дино Мерлин VS Жељко Самарџич 10. Anne Marie VS Zara Larsson 11. Adele VS Sia 12. Martin Garrix VS Avicii 13. Eminem VS Doctor.Dre 14. Beyonce VS Shakira 15. Shawn Mendes VS Charlie Puth 16. Paul van Dyke vs Armin van Buuren 17. Nicki Minaj VS Iggy Azalea 18. Robin Schulz VS Alan Walker 19. Bebe Rexha VS Dua Lipa 20.Guns N'Roses VS Aerosmith" 21.Linkin Park VS Pink Floyd 22.Coldplay VS Maroon 5 23.ЕКВ VS Азра 24.Nickelback VS Three days grace 25.U2 VS Muse 26.Guns and roses VS Jon Bon Jovi 27.Chris Isaak VS Bryan Adams 28.R.E.M. VS Scorpions 29.Slayer VS Slipknot 30.AC/DC VS Black Sabbath 31.The doors VS Pink Floyd 32.Deep Purple VS Led Zeppelin 33.Iron Maiden VS Metallica 34.Eminem VS Jay Z 35.Nirvana VS Foo fighters 36.Whitney Houston VS Celine Dion 37.System of a down VS The cranberries 38.Riblja corba VS Bijelo dugme 39.Van Gogh VS Divlje jagode
Bruno секако. The Weeknd во некои песни дури и ме иритира. Само ритамот на песната може да ми се допадне, текстовите ретко. Затоа пак Bruno од друга страна има прекрасен вокал, емоција и во брзи и во бавни песни. Спојлер: Предлог Брејк vs Нокаут (мислам дека се соодветни)
The Weeknd еден од моите омилени пејачи. Има предобри песни, заразни, а исто и како се облекува, стилот му е мн добар. Најубаби песни ми се Sidewalks, False Alarm, Reminder, Starboy, а не ми се свиѓа I feel it coming Бруно Марс е супер има некои интересни песни и има убав глас ама сепак за мене подобар е The Weeknd. За идеја: Nicki Minaj Vs Cardi B а може и Брејк Vs Нокаут
The Weeknd. Брунo Мaрс ме иритирa. Гo слушaв кoгa гo издaде Doo-Wops & Hooligans, пoсле влезе вo некoј фaнк филм и не ми се свиѓa кaкo се снaoѓa тукa. Дoдекa и The Weeknd гo прoмени стилoт нa музикa, aмa негo кo пoдoбрo дa му oди. Музикaтa е пoмoдернa, имa специфичен глaс, дoбaр стил...
The Weeknd дефинитивно, можда изгледа доста комерцијално „исфорсиран“ ама со право, уникатeн стил има и во изгледот и во звукот, освежување е во музичкиот свет Омилени ми се Starboy, Earned it, Often, The Hills и нормално Lust for life со Лана, ах колку убав пар би биле Бруно ми се допаѓа со фанк стилот во кој премина, ама некако многу поретко го слушам во последно време...
Глас за The Weeknd. Од Bruno Mars единствени песни кои ми се допаѓаат се Grenade и It Will Rain, потоа сѐ му отиде по ѓаволите. За разлика од Bruno, досега не сум чула трака од The Weeknd која не ми се допаднала. На страна најдобро познатите Earned It, Often, The Hills и сл., има и голем број постари и не толку познати одлични песни. Можеби не му се најсјајни текстовите (за неговиот жанр сепак нормални и очекувани), но во склоп со музиката излегуваат ретко сензуални и уникатни нумери. Би ги издвоила: Valerie, Love Through Her, High For This, The Party & The After Party, Tears In The Rain итн.
Иако двајцата изведувачи наликуваат на музиката на Мајкл Џексон и инспирирани се од неговиот стил, мојот глас оди за THe Weeknd, затоа што скоро сите песни ми се допаѓаат и ги имам преслушано
Како ја гледам темата ми се врти низ глава денес: Бруно Марс ми е омилен пејач на денешницата. И Викендот има исклучително квалитетни песни, од кои соработките со Дафт Панк вредат злато, дуетот со Лана Дел Реј исто така, но е меланхолик на музички план. Бруно расположува. Јас сакам фанк. И додека кај Викенд доминира современиот звук, Бруно понагласено се инспирира од 80-те, мојата омилена декада во музиката. Кул е Викенд, но Бруно е посимпатична појава. И неверојатен вокал, многу моќен во живо. Негов кавер на "Dirty Diana" е најдобриот што сум го слушнала, приближно добар колку оригиналот. Глас за Бруно.
Да беше пред 3-4 години анкетава за Bruno Mars ќе гласав ама сега глас за The weeknd. Некако повеќе ми одговараат неговите песни, подобри ми се. Омилена ми е оваа
И мојот глас оди кај The Weeknd, посензуални песни има некако... И јас како Дрим, пред 2-3 години ќе речев Бруно, ама сега не Омилени ми се I feel it coming и Lust for love
Bruno Mars: 1. @IM.TMKQ 2. @Bitter-Sweet 3. @Shery 4. @sjdgo The Weeknd: 1. @snowflake5 2. @Luminary 3. @Ketchup 4. @Someonespecial 5. @MagsDestiny 6. @elimkd 7. @Dream-Girl 8. @simonka93 Победник во овој дуел е The Weeknd Оваа недела во дуел се Depeche mode vs New order Редовно давајте предлози, сите предлози некогаш ќе бидат во анкета и секако некогаш вашиот предлог ќе биде во дуел. Останува правилото да се важат само гласови кои ќе бидат со јасна и прецизна рецензија, пожелно е да се коментира и за омилени песни, зашто ви се допаѓа или зашто не ви се допаѓа некој од изведувачите. Цитирања, мислења, но се во врска само со дуелите и темата. Сите оф-топици ќе се бришaт Спојлер: Поминати дуели 1. Jennifer Lopez VS Rihanna 2. Christina Aguilera VS Britney Spears 3. Mariah Carey VS Whitney Houston 4. Linkin Park VS Maroon 5 5. Јustin Тimberlake VS Еnrique Iglesias 6. Александра Пилева VS Дани 7. Kanye West VS Jay Z 8. Владо Јаневски VS Калиопи 9. Дино Мерлин VS Жељко Самарџич 10. Anne Marie VS Zara Larsson 11. Adele VS Sia 12. Martin Garrix VS Avicii 13. Eminem VS Doctor.Dre 14. Beyonce VS Shakira 15. Shawn Mendes VS Charlie Puth 16. Paul van Dyke vs Armin van Buuren 17. Nicki Minaj VS Iggy Azalea 18. Robin Schulz VS Alan Walker 19. Bebe Rexha VS Dua Lipa 20.Guns N'Roses VS Aerosmith" 21.Linkin Park VS Pink Floyd 22.Coldplay VS Maroon 5 23.ЕКВ VS Азра 24.Nickelback VS Three days grace 25.U2 VS Muse 26.Guns and roses VS Jon Bon Jovi 27.Chris Isaak VS Bryan Adams 28.R.E.M. VS Scorpions 29.Slayer VS Slipknot 30.AC/DC VS Black Sabbath 31.The doors VS Pink Floyd 32.Deep Purple VS Led Zeppelin 33.Iron Maiden VS Metallica 34.Eminem VS Jay Z 35.Nirvana VS Foo fighters 36.Whitney Houston VS Celine Dion 37.System of a down VS The cranberries 38.Riblja corba VS Bijelo dugme 39.Van Gogh VS Divlje jagode 40.Bruno Mars VS The Weeknd
Не знам зошто, од некои бендови си ги памтам првите песни. Мојот глас оди кај Depeche Mode, долго време ги слушав. Едноставно, при срце ми се, па еве сега кога видов темава ми дојде желба да слушам пак, нешто постаро што си имаат.
Гласам за Depeche Mode бидејќи според мене се најдобрата група на сите времиња! Предлог:The Beatles VS The Rolling Stones и Duran Duran VS ABBA
Иан Кертис и Џој дивижн Њу ордер (поранешна Џој дивижн) се пореволуционерни во музиката. Сепак ќе гласам за Депеш мод, само затоа што имаат повеќе хитови кои сум ги слушала и за кои сум се приврзала. Дуелот е убавини, многу ги сакам и двата бенда, скроз ми се авангарда. Ах тие 80-ти Кога ќе видам вакво парче на јутјуб со едвај милион прегледи се освестувам колку рајата нема поим што слуша. https://youtu.be/t1tjQqWqqAA Да не трупам со линкови, инаку можам да споделувам и да препорачувам уште многу од едните и од другите.