Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Музички дуел: Paramore VS Evanescence

Дискусија во 'Музика' започната од Buterflygirll, 8 јуни 2013.

?

Во следен дуел би сакале да бидат...?

Анкетата е затворена на 16 декември 2018.
  1. С.А.Р.С vs. Дубиоза колектив

    3 глас(а)
    60,0%
  2. David Bowie VS Black

    1 глас(а)
    20,0%
  3. ZZTop VS Dire Straits

    1 глас(а)
    20,0%
  4. Simply Red VS Simple Minds

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.604
    Допаѓања:
    79.272
    Пол:
    Женски
    Ќе гласам за Pet Shop Boys. Во нивните песни ми има нешто посебно што го нема во песните на RHCP.

    Предлози:
    4 Non Blondes vs. Ace Of Base
    Foreigner vs. Eagles
    Culutre Club vs. The Police
    Michael Jackson vs. Sting
     
    Последна измена од модератор: 22 април 2018
    На Dream-Girl, Scott Weiland и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  2. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Гласам за Red Hot Chili Peppers бидејќи навистина многу сакам рокенрол и објективно од тие причини мислам дека се подобри во овој дуел иако и Pet Shop Boys многу си ги сакам и ги имам и нив многу слушано и ми се и тие исто така едни од омилените бендови!:hug::l:
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Глас за RHCP. Пет Шоп Бојс се ОК, но на помалку нивни песни сум се задржала, ја немаат таа длабочина како другиве.
    Мислам, доволно е да спомнам дека ремек-делото "Snow" сум го слушнала во милион наврати, а со секој нареден пат повторно погодува во срж.
     
    На Scott Weiland и Harper им се допаѓа ова.
  4. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Глас за Red Hot Chili Peppers.

    Pet Shop Boys ми се подосадни и многу "нежни" за мое уво.
     
    На Scott Weiland и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Rhcp :l:
     
    На Someonespecial и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Red Hot Chilli Peppers:
    1. @Scott Weiland
    2. @atala
    3. @sjdgo
    4. @zuto
    5. @T.e.d.d.y

    Pet Shop Boys:
    1. @Bitter-Sweet

    Во овој дуел победници се Red Hot Chilli Peppers. Оваа недела во дуел се George Michael VS Prince :)

    Редовно давајте предлози, сите предлози некогаш ќе бидат во анкета и секако некогаш вашиот предлог ќе биде во дуел. Останува правилото да се важат само гласови кои ќе бидат со јасна и прецизна рецензија, пожелно е да се коментира и за омилени песни, зашто ви се допаѓа или зашто не ви се допаѓа некој од изведувачите. Цитирања, мислења, но се во врска само со дуелите и темата. Сите оф-топици ќе се бришaт :)

    1. Jennifer Lopez VS Rihanna
    2. Christina Aguilera VS Britney Spears
    3. Mariah Carey VS Whitney Houston
    4. Linkin Park VS Maroon 5
    5. Јustin Тimberlake VS Еnrique Iglesias
    6. Александра Пилева VS Дани
    7. Kanye West VS Jay Z
    8. Владо Јаневски VS Калиопи
    9. Дино Мерлин VS Жељко Самарџич
    10. Anne Marie VS Zara Larsson
    11. Adele VS Sia
    12. Martin Garrix VS Avicii
    13. Eminem VS Doctor.Dre
    14. Beyonce VS Shakira
    15. Shawn Mendes VS Charlie Puth
    16. Paul van Dyke vs Armin van Buuren
    17. Nicki Minaj VS Iggy Azalea
    18. Robin Schulz VS Alan Walker
    19. Bebe Rexha VS Dua Lipa
    20.Guns N'Roses VS Aerosmith"
    21.Linkin Park VS Pink Floyd
    22.Coldplay VS Maroon 5
    23.ЕКВ VS Азра
    24.Nickelback VS Three days grace
    25.U2 VS Muse
    26.Guns and roses VS Jon Bon Jovi
    27.Chris Isaak VS Bryan Adams
    28.R.E.M. VS Scorpions
    29.Slayer VS Slipknot
    30.AC/DC VS Black Sabbath
    31.The doors VS Pink Floyd
    32.Deep Purple VS Led Zeppelin
    33.Iron Maiden VS Metallica
    34.Eminem VS Jay Z
    35.Nirvana VS Foo fighters
    36.Whitney Houston VS Celine Dion
    37.System of a down VS The cranberries
    38.Riblja corba VS Bijelo dugme
    39.Van Gogh VS Divlje jagode
    40.Bruno Mars VS The Weeknd
    41.Depeche mode VS New order
    42.Брејк ВС Нокаут
    43.Duran Duran VS ABBA
    44.The Beatles VS The Rolling Stones
    45.Linkin Park VS Green day
    46.Red Hot Chilli Peppers VS Pet Shop Boys
     
  7. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.932
    Допаѓања:
    12.444
    Пол:
    Машки
    Тежок избор, би рекол повеќе за Принц би гласал, поготов песната(филмот), и каков беше како личност пред да почине. Компетитивен дух дури и во кошарка бил. Да не навлагам премногу.



    И на овој настап на СНЛ ми текна па редактирав.

     
    Последна измена: 22 април 2018
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.604
    Допаѓања:
    79.272
    Пол:
    Женски
    Јас сум за Prince. Многу песни на Michael се слични една со друга и тоа е досадно, а со песните на Prince тоа не е случај.
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.932
    Допаѓања:
    12.444
    Пол:
    Машки


    Незнам како ја заборавив, малку истражував, хит беше светски, а и топ 1 во САД од него, од албумот Purple Rain најпродаваниот сингл таа година, со платинум до 1989 пред да се сменат стандардите за таа награда.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Прво, R.I.P. и двајцата, во иста година починаа.

    Гласам за Принц, по аристократска линија. :D Човекот кој го вoведе и вклопи фанкот во новата ера на 80-те и првата половина на 90-те. Омилени ми се "When Doves Cry" и "Sexy MF".


    Втората многу ја сакав кога бев мала, првата (@Scott Weiland ме претрка) е masterpiece, достојно чедо на 80-те. Размислував да започнам тема за Принц пред некое време, баш проверував и видов дека нема, ама запоставив. Џорџ Мајкл има неколку песни кои ги преслушувам, само што добар дел од остатокот му се сведува на безидеен поп. Принц вложувал повеќе во своите дела.

    Мои предлози:
    2Pac vs. Eminem
    Elvis Presley vs. Michael Jackson
    Е сега, бидејќи Мајкл Џексон е во анкета моментално, нека почека овој дуел друго време. А го мислев од поодамна предлогот.
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  11. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Гласам за Prince бидејќи е пософистициран во музичко-уметничка смисла од George Michael со посодржајни и потешки песни и тоа,впрочем и го прави уникатен,ексцентричен и оригинален музичар и пејач со свој индивидуален и особено препознатлив стил во којшто навистина многу вложувал за да се истакне себеси и за да остави траен белег на светската музичка сцена!:hug::l:
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.932
    Допаѓања:
    12.444
    Пол:
    Машки
    Еве уште 2 од мене, незнам што више да прокоментирам што фенови не знаат..


     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.604
    Допаѓања:
    79.272
    Пол:
    Женски
    А сега што ќе биде? :D
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.932
    Допаѓања:
    12.444
    Пол:
    Машки
    Со малку среќа ке победат пендулум против продиџи и ќе линкам зашто пендулум, од 2005/6 ги обожавам.. :D
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Нека се отвори анкетата повторно до недела или додека не биде даден уште еден глас кој ќе одлучи.
    @Dream-Girl, чаре некое мора :D
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Еве ја отворив уште 1 ден да може да се гласа, па ќе ставам утре нов дуел. :)
    Извинете што овојпат остана подолго дуелот, не бев во државава и слаб ми беше нетот за да ставам анкети и се шо треба. :D
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Prince:
    1. @Scott Weiland
    2. @Bitter-Sweet
    3. @sjdgo
    4. @atala

    Ваков случај немало до сега, чиста победа на Prince :D
    Оваа недела во дуел се The Prodigy VS Pendulum. Мој предлог за дуел беше ова уште пред некое време, ептен се израдував што дојде на ред иако мислев тешко да дојде на ред. :$:$

    Редовно давајте предлози, сите предлози некогаш ќе бидат во анкета и секако некогаш вашиот предлог ќе биде во дуел. Останува правилото да се важат само гласови кои ќе бидат со јасна и прецизна рецензија, пожелно е да се коментира и за омилени песни, зашто ви се допаѓа или зашто не ви се допаѓа некој од изведувачите. Цитирања, мислења, но се во врска само со дуелите и темата. Сите оф-топици ќе се бришaт :)

    1. Jennifer Lopez VS Rihanna
    2. Christina Aguilera VS Britney Spears
    3. Mariah Carey VS Whitney Houston
    4. Linkin Park VS Maroon 5
    5. Јustin Тimberlake VS Еnrique Iglesias
    6. Александра Пилева VS Дани
    7. Kanye West VS Jay Z
    8. Владо Јаневски VS Калиопи
    9. Дино Мерлин VS Жељко Самарџич
    10. Anne Marie VS Zara Larsson
    11. Adele VS Sia
    12. Martin Garrix VS Avicii
    13. Eminem VS Doctor.Dre
    14. Beyonce VS Shakira
    15. Shawn Mendes VS Charlie Puth
    16. Paul van Dyke vs Armin van Buuren
    17. Nicki Minaj VS Iggy Azalea
    18. Robin Schulz VS Alan Walker
    19. Bebe Rexha VS Dua Lipa
    20.Guns N'Roses VS Aerosmith"
    21.Linkin Park VS Pink Floyd
    22.Coldplay VS Maroon 5
    23.ЕКВ VS Азра
    24.Nickelback VS Three days grace
    25.U2 VS Muse
    26.Guns and roses VS Jon Bon Jovi
    27.Chris Isaak VS Bryan Adams
    28.R.E.M. VS Scorpions
    29.Slayer VS Slipknot
    30.AC/DC VS Black Sabbath
    31.The doors VS Pink Floyd
    32.Deep Purple VS Led Zeppelin
    33.Iron Maiden VS Metallica
    34.Eminem VS Jay Z
    35.Nirvana VS Foo fighters
    36.Whitney Houston VS Celine Dion
    37.System of a down VS The cranberries
    38.Riblja corba VS Bijelo dugme
    39.Van Gogh VS Divlje jagode
    40.Bruno Mars VS The Weeknd
    41.Depeche mode VS New order
    42.Брејк ВС Нокаут
    43.Duran Duran VS ABBA
    44.The Beatles VS The Rolling Stones
    45.Linkin Park VS Green day
    46.Red Hot Chilli Peppers VS Pet Shop Boys
    47.George Michael VS Prince
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.932
    Допаѓања:
    12.444
    Пол:
    Машки
    Морав Бетовен да паузирам за постов.

    Пендулум ги слушнав првпат околу 2005та година, преку другар од Лондон, прва песна што ја чув беше-

    -Една од лично подобрите би рекол.

    -Една од поновите сосе спот.

    -Rob Swire од Пендулум е вокал, иако е The Knife, добра група е, но сепак би ги одбрал Пендулум пред се.

    -Вака ми доаѓа да играм..

    Многу убави спомени ми будат Пендулум, ги сакам и Продиџи, но лично на срце ми се Пендулум. Дури и на страна по некои клубови/кафулиња кога ќе ги чујам срце на место.

    Анегдота-еднаш на одмор кога бев, полно беше англичани/ки и додека се враќавме накај смештајот после играње до сабајле(пендулум се пушташе), пијана англичанка ме шлапна по задникот јако.. Сфатив во тој момент дека сум феминист, боље него ли шовинист, ако бираме изми/шизми хаха..:rofl: Објектификација може обострана да биде лол
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Јас од скоро ги открив Пендулум (знам, касно палам), сум била у градинка кога им излегле песниве. :rofl: Но, последниве месеци ептен ги слушам. Продиџи ги слушам откако почнав да слушам ЕДМ, негде 4-5години значи и не можам да одлучам за кој да гласам сега. :(
    Ама истиве песни и мене ми се хитови :inlove::inlove:

    Ќе ми треба време да одлучам за кој да гласам, сама себе се зезнав со овој предлог за дуел. :D
     
    Последна измена: 5 мај 2018
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Pendulum who? :D
    Ама не, навистина, зарем можат да се споредат со Продиџи?

    Продиџи имаат алтернативен стил, и можат да ги слушаат оние што не се ограничуваат само во еден андерграунд правец. Пендулум се класика драм енд бејс.

    Гласам за Продиџи, за мене се едни и единствени, и неповторливи! Комбинација од денс, техно, рејв, драм енд бејс... Имаат таква енергија во секој албум до сега, да неможам да кажам- еве овој е лош! Енергијата пак и атмосферата што ја прават на концерти неможе никој да ја постигне, ни Бијонсе :D

    Ол тајм песна за мене останува Out of space и Voodoo people:



    Уште некоја омилена од мене:



    https://m.youtube.com/watch?v=xcosL-JohCI
    https://m.youtube.com/watch?v=4ec2csY2-_o

    Имам уште но ајде да не преоптеретувам :$
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.